Moze li nekoj da mi kaze sto e najdobro za opagjanje na kosa posledno vreme mnogu mi opagja prv pat vaka mi e ne znam sto da pravam
Разгледај во темава,многу членки имаат напишано рецепти за шампон против опаѓање(купечки во кој се додаваат витамини,масла и друго).Вообичаено шампон против опаѓање се користи 2-3 месеци. Ако не приметуваш резултати од тоа,оди на доктор.
Здраво девојки, да ве прашам дали некоја од вас има искуство со тоникот алпецин со кофеин, што не се измива? Го користам алпецин ц1 шампонот и ми помогна многу против опаѓање, и ќе продолжам да го користам меѓутоа сакам да почнам и со тоников, плус за растење.
Пред неколку години ги користев заедно, успешна комбинација се покажаа. Плус, тоникот мириса на машки парфем
Мене ми паѓаше косата многу и Афродита против опаѓање ми помогна по само еден месец престана да ми паѓа толку .
Зависи на 3, максимум 4 дена ја мијам косата, значи два пати неделно. Искрено само алпецинов ми помогна есенва во периодот кога буквално на сите им паѓаше коса, ама мене дури и премногу. Прво го купив биоблас тој со лук, месец дена го користев и немаше подобрување. Инаку не, не ми го иритира скалпот, баш никакви негативни ефекти нема, барем кај мене. Сега пред некој ден го купив и тоникот алпецин, од кога ќе го потрошам ќе ви кажам дали и тој делува.
Имам пишувано и претходно - Пантенол во спреј. Се прска секој ден 3 - 4 дена по ред, потоа се премина. Нема ни мирис ни боја и е како вода да се прска. Целосно ја обновува и потхранува косата.
А за колку време виде резултати од шампонов? Да знам од прилика колку време да му дадам. Претходно на Биоксинов 4 месеци и ништо. Се плашам дека и со алпецинов ќе биде така. Вака на прво миење ми ја суши косава и онака ми е сува. И пецкање малку, не знам дали е нормално.
Мене после трето миење драстично ми се намали опаѓањето дури пребарував низ кадата дали има уште. Е сега зависи нели од човек до човек, да се надеваме на најдоброто.
Ги користел ли некој Natural Wealth витамините за коса да каже дали се добри? Барав низ мислењата ама сите пишуваат дека само што ги почнале. Или препорачајте други некои освен Merz.
@delfina45 Не знам искрено многу, но ако сакаш пробај да користиш кокосово млеко, тоа помага за раст. Нанесувај го на скалпот, завиткај со пешкир и почекај 20 мин и измиј ја со млак шампон. Исто така направи чај од свеж рузмарин и кесичка чај од коприва ( можеби може и свежа, но немам пробано така) и навечер стави го во спреј- шише и испрскај ја косата и така спиј. Нема многу нападен мирис, и утре дента измиј се. Јас некогаш и заборавам да се измијам, но не ми смета баш. Јас дека ја кратам многу и ја пеглам, ова ми помага многу. Секако користам кокосово, рицинусово масло по 2-4 часа кога сум по слободна, и некогаш правам маска од маслиново со јајце. Но поретки ми се овие дека подолго треба да чекам, а со млекото и чајот си ги правам скоро секоја недела. Пробај, можеби ќе вреди.
Здраво. Последниве 2 недели пруметувам големо опаѓање на косата и ми станува поретка а имав многу бујна коса.Порано при бањање по едно влакно знаеше да ми падне а сега како цели прамени дури и језиво ми е. Исто така последнава година се мачам со првутот особено кога заладува. Пробав масло од кокос, маслиново масло ама мислам дека откаки почнав со тие од тогаш почна да ми паѓа.Сакам да ве прашам, се мислам помеѓу шампон од коприва или од лук. Кој е подобар и за опаѓање и за првутот? Се надевам нема дупка да ми се направи во главата . И фали е можно да ми се врати бујноста волуменот на косата ?
Јас се мислам дали ова да го купам... Да не има апчиња за опаѓање на косата ако не да скокнам до аптека да купам?
Симонче, пиев јас Мерц витамини за коса, кожа и нокти, но не бев воодушевена. Земи Биокап шампон или Алпецин, од овие два ми се оправи косата некако, а ми препорачаа да земам капсули Фитовал, подобри биле од Мерц, а и поевтини.
А можеш и само биотин има во еурофарм до 200 ден е, и има од џејмисон фирма ги фалат таблети за кожа коса нокти... Прашај во аптека поконкретно