Колку пари се и од каде ги купи.И јас сакам некој лоион да ставам против опаѓање и за згуснување.Размислував за перусан,ама незнам искуства.
https://nmd.mk/tonik-od-ruzmarin-za-slabo-i-krshlivo-vlakno-so-slab-koren/ Си го направив ова со плус чај од коприва,па ке видам дали има ефект.
Во последно време имам огромен проблем со опаѓање на косата. Моментално користам Алпецин Ц1 и не сум нешто задоволна. Дали некој има користено Алпецин А1? Или може би требало да го пробам Ц1 во комбинација со лосионот ?
Јас веќе 10 години ги користам. Првите години имав супер резултати, ама само кога ги користев заедно. Сум користела само шампон, без лосион, ама кај мене немаше ефект. Сега веќе некако не ми помагаат, ама мислам дека проблемот е што ми е подолга косата. Кога ќе ми надмине должина до раменици, многу повеќе ми паѓа. Последниот пат Парусан земав, ама кај мене немаше ефект.
@Beautymom да, Алпецин лосион против опаѓање. Не се сеќавам колку е точната цена, ама околу 500 беа и шампонот и лосионот. Едното нешто под 500, другото малку над 500, ама не се сеќавам кое е кое.
Може ли да ми препорачате нешто за опаѓање на косата, шампон, маска, нешто што можам дома да го направам, нешто што ќе ми е од помош, фала однапред
Од искуство, можеш да пробаш со Алпецин Ц1 или Биокап, маски пред секое миење или секое второ миење ако немаш доволно време можеш со мешавина од рицинусово и маслиново масло, да отстои 1 час по можност и подолго, па миеш. Ова со маскиве не дава резултати веднаш, треба трпение.
Фала многу, ќе пробам со Алпецин Ц1, мислам дека од бланшот шатирана сум плаво без коса ќе си останам
Најдов некоја страна Природни Органски Шампони, гледам дека доста ги нарачуваат. Дали некоја ги пробала да сподели искуство?
Девојки што мислите за биоксин? Дека го фалат знам, но дали некоја од вас има резултати.Ми се изретчи косата во коренот и искрено многу сум исплашена. Го користам биоксин веќе 1 месец, рано е за резултати.
Земи си шампон од коприва и стави ампули витамин Б во него, исто така можеш да си пиеш и редовно витамин Б6 со магнезиум го намалува стресот што некогаш доведува до опаѓање на косата. Исто така имам читано дека спиронолактон помага против опаѓање на косата но незнам како се применува дали има спрецијален шампон или крема или па се земаат таблетки..прочитајте повеќе за тоа на интернет
Здраво, во последно време приметувам после миење дека косата ми паѓа се повеќе, па сега читам и сакам да испробам некој шампон, се мислам помеѓу тој со лук на фармаси или на афродита.. Кој би ми го препорачале? Веќе страв ме фаќа, help.
Во последно време ми многу опаѓа косата, значи ептен многу. Смачено ми е од миење коса од толку многу што ми паѓа... полни раце коса на секое чешлање.. Кога поминаа три месеци како се породив тогаш приметив нагло опаѓање, еве веќе два месеци се соочувам со овој проблем. Не знам дали е од доењето или може да биде нешто друго. Совет?