Феминки ве молам за мислење и искуство. На саканиот мој повторно му се врати опаѓањето на косата во кругови. Поточно Алопеција Ареата. Сеуште се само две мали кругчиња и почнавме да ги триеме со лук секоја вечер. Од претходно искуство, покрај посета на доктори и препораки за разни препарати, единствено лукот и бричењето на косата му помогнало. Прашањето е дали лукот може да го спречи опаѓањето на косата, т.е да ја спречи болеста пред да се рашири? Спремав и рецепт со лук, лимони и рицинусово масло. Таман додека да отстои смесата 7 дена ние со лук ги третираме малите заболени местенца кај што веќе фалат влакна. Што мислите?
Тоа беше косопад/косопаст, така? Лукот е најефикасен, многу мириса ама многу помага. Земете пантенол пастили за лижење и нека зголеми внес на Б-витамини. Убаво е да прска и пантенол раствор во спреј директно на зафатените места. Упорност со лукот и да не користи шампони како Wash n go, Head & shoulders, може да земе Алпецин за да се зајакне коренот на влакната.
Витамин Б мислам ќе се предозира веќе, најголем потрошувач на скопска пивара. Не користи шампони туку само она бебешкото сапунче со "бебенце во копанката" , без парфеми, бои и некои потешки хемикалии, и плус го отстранува мирисот на лук. Преку храната најмногу се трудиме да внесуваме витамин Б и плус Б-комплекс таблети. Во која аптека може да се најдат спрејот и пастили пантенол?
Супер режим си му направила, нека продолжи така. Би требало сè да има во Зегин и Еурофарм, а како да гледав пантенол спреј и во ДМ неодамна. Само упорност и ќе се среди косата кај дечкото. Од лукот најчесто за неколку недели почнуваат да растат нови влакна, со витамините дополнително ќе поттикнете процес на заздравување.
Мене косата многу ми опаѓаше во карантинов, цели прамени кога се бањав ама мислам од што ја држев цело време врзана. Сега веќе помалку опаѓа, паѓа пак на миење ама помалку. Ќе следам ситуација, може да испитам и хормони иако мислам и стресот дека ми влијае, колку и да викам ќе кулирам пак се нервирам во себе.
Најдобро да оди на дерматолог, мене тоа ми се случи во Ноември, еве крај на Јуни е дури сега почна повеќе да ми расте и да не се приметува толку, јас имам голем круг на сред глава . Бев на дерматолог ми даде лосион и пантенол секоја вечер да мачкам и некои витамински таблетки за коса и шампон Bioclin. Но искрено немаше некое брзо подобрување едино што ми пораснаа многу мали влакненца. Но, сега еве веќе еден месец мачкам лосион за коса на природна база од билки од билна аптека Стојанови и косата некако побрзо почна да расте и да не се приметува толку. Сепак нека оди на дерматолог и пробајте со природниот.
Зошто нѐ советуваш да одиме на дерматолог кога и ти самата не си имала корист од тоа? Плус, пишав дека има посетено доктори ама бадијала беше, џабе фрлени пари по лосиони и креми. Затоа се посветивме на алтернативната медицина. Природни терапии, како рецептите со лук на пример.
Јавете се на бројов 078-848-981 Симе се вика човеков, од Ресен е. Прави лосион за косопад. Може да ви го испрати и по карго. Ептен помага.
Кога ја носиш во реп косата гледај да не биде толку стегната, бидејќи точно е тоа дека ако цело време е врзана косата паѓа.Земи си го афродита со коприва и стави ги пантенолот,б витамините итн (имаш погоре што се треба да се стави) и ќе видиш многу е океј ќе престане да ти паѓа косата и ќе ти растат нови влакна, само единствена маана е што овој шампон ја суши малце косата ама со маска некоја ќе средиш
Јас кога одев на дерматолог малку ми порасна, т.е. ми изникнаа нови влакна ама не раснеа толку а важно е да никнат.
За сезонско опаѓање е добар афродита од коприва , плус пиење на б комплекс и цинк Но ако имате зголемено проверете хормони, јас имав така проблем се додека не испитав хормони и излезе проблем со тироидната жлезда , но сега сум под терапија..
Јас го имам користено, навистина дава волумен и ми се допаѓа, исто и мирисот е прекрасен. Само некако ја прави груба косата, но со користење регенератор или маска нема да имаш проблем.
Дали кога сте ставале Алпецин лосион во текот на нанесувњето ви паѓало влакна. Јас почнав и со лосион еве 2 недела и кога нанесувам премногу влакна паѓаат
Дали помага за косопаст? Мене ми одговара да ми ја прави груба косата пошо ми е ептен мазна и сплесната.
Јас го користам Афродита од лук и многу брзо ми расте од него ама згуснување не приметувам, само во должина. Ќе го пробам пва што го кажуваш, фала
Испитав и тироидна и комлет крвна слика се ми е во ред а косата си паѓа константно еве веќе 3 месец. Дали е возможно толку многу да паѓа од стрес и дали имал некој таков проблем и како го решил? @*Ива Дали се подобри кај тебе ситуацијата со опаѓањето или уште е исто?
@LaTama мене едно време (пред неколку години) ми помагаше шампонот од лук на афродита. Дури имав пробено и свеж лук (има рецепти понапред во темава) и имаше резултат. Ми се врати пак паѓањето. Исто и јас проверував тероидна и крвна слика, немаше никакви проблеми. Матичната ми рече дека е од премногу стрес. Користев шампон против опаѓање со ампули, не видов некое подобрување освен бебешки влакна. Деновиве планирам да пробам повторно со свеж лук. Спојлер https://denar.mk/174727/zdravje/sokot-od-luk-sprechuva-opaganje-na-kosata-probajte-vednash