Мене не да ми паѓа можам на еден ден цело кесе со влакна да соберам ... те молам ако го најдеш тоа со свеж лук испрати ми го. Го барам но неможам да го најдам
Најпрво пробав со шампонот од афродита заедно со ампули Б, пантенол и рицинусово масло но немаше никаков ефект, сега користам алпецин со двоен ефект и лосион алпецин и пијам Бкомплекс и цинк и пак ништо. Можеби треба повеќе упорност ама срце ме боли кога ќе видам колку коса ми паѓа. Стварно незнам што повеќе да направам
Искрено здраво и балансирано се хранам и пијам 2л вода на ден. Можеби физичката активност е проблем за мене бидејки немам физичка активност
@LaTama , @Ciel https://forum.femina.mk/threads/Опаѓање-на-косата.214/page-50#post-1443747 еве тука има рецепти. Разлистајте ја темата, различни искуства има. Зависи и на која што ѝ помогнало.. Спојлер "Не знам за овој рецепт , јас за со лук знам од колешка ,ставала во домашна ракија исецкан лук 2-3 чешни , во чаша да одстоел , и со памук топела во смесата и се масирала потоа се миела со шампон и не мирисала воопшто на лук , правела 2-3 пати месечно и се пофали дека паѓањето престанало ,и да од истата течност" мислење од членка. пс. @LaTama мислиш до немањето физичка активност дека е..? И порано сум била многу повеќе физички активна од сега, па ми паѓало и тогаш..
Може и физичката активност да влијае како што читам. Кај мене мислам најголем причинител е стресот и тоа што поради вирусот воопшто не сум активна
На почетокот додека уште траеше опаѓањето да ама тоа се влакна што веќе се “откачиле” и биле заплеткани во косата, од самиот тоник не паѓаат.. И масирањето понежно за да не се кубеш дополнително.
Забележав разлика веќе по третото миење.. тоа беше за време на зимскиот период, а овој пат ќе видиме, ги почнав пред некое време, па се надевам пак на толку добри резултати.
До пред 2 години косата ми беше многу густа, каде и да одев сите ми велеа дека косата ми била "вау". Е сега послем секое бањање куп влакна. Минам со чешел/рака низ косата и меѓу прстите гледам куп влакна...Дури и главата ми горе на сонце кога сум надвор, пошто кожата на главата ми е "гола" и нормално бела.А водам здрав начин на исхрана. Зборувате за некои шампони Виши, јас отворив и гледам има понудено(во зегин) шампони на виши едниот за погуста коса а другиот за против опаѓање. Значи сакам (ако е можно) да си ја повратам густината на косата. Кој шампон на виши да го земам сега? Оној за погуста коса или за против опаѓање? Немам искуство со шампони и не ми е јасно бидејки и немав проблеми до сега. И да ве прашам, за колку време се покажуват резултати? Дали сте задоволни и која е цената на производот? Благодарам
Уште првиот месец осетив подобрување..направив пауза со него 6 7 месеци, користев други, пак некако ми паѓаше и еве сега пак го користам и веднаш приметив подобрување.
Искотистив едно шишe Alpecin double efect и лосион алпецин и сега сум на Alpecin C. Опаѓањето се намали ептен малку. Косата уште ми паѓа