Каков е тој double effect и од каде го зема? Го оставаш ли некое време да делува при шампонирање пред да исплакнеш?
https://www.alpecin.com/en-de/shampoos-liquids/details/product/double-effect-caffeine-shampoo Еве овде можеш да прочиташ подетално. Ти што направи со твојата коса ?
Земи шампон со коприва, или оној на афродита или оној на алкалоид. Можеш и да ставиш витамини внатре има рецепт оставено на темава, ќе престане сигурно да ти паѓа само многу ја суши копривата косата.Ама подобро сува со маска да се третира него да паѓа.
Искрено сеуште паѓа ама пола од тоа што паѓаше пред да го почнам шампонот. Се надевам дека кај и да е веќе ќе престане, не знам веќе што да направам, со 3 влакна останав..
Како стоиш со железото? Дали си ја испитала тироидната жлезда? Често опаѓањето на косата е поттикнато од слабо железо и проблем со тироидната...
И јас имам алопеција, опаѓањето ми е во форма на еден голем печат. Среќа што е позади на главата, па можам да го прикријам местото. Најпрвин бев во Штип кај др. Мите Николов, од кого воопшто не сум задоволна, а го фалеа како најдобар. Инаку ги направив сите можни испитувања. Направив комплетна крвна слика. По препорака на гинеколог испитав 12 хормони, направив комплетен гинеколошки преглед исто и колпоскопски преглед. Направив тест за helicobacter pilory, ги проверив двата хормони за тироидната жлезда. Направив анализи за алфа-амилаза, фолна киселина, витамин В-12, витамин D и магнезиум. Од сите овие испитувања резултатите ми беа одлични, така да кај мене алопецијата се препишува на стрес. Инаку користам шампони само на природна база, моментално на dr. Konopka's и масло и тоник со неем на dr. Hauschka. Конкретно на местото каде што немам коса користев само еден лек приготвен од една жена. Сеуште немам којзнае какви резултати од тоа. Инаку пред некој ден почнав со користење на едни капсули коишто се на природна база, а ми се препорачани од докторка од Италија. Од таму ги и земав. Инаку се за подобрување и поддржување на целиот имунолошки систем. Не се баш евтини (314€ е една доза) и се пијат најмалку од 3 до 4 месеци.
Девојки вчера после 15 години долга коса до кичма , на фризер ми ја стригнаа до ушите Причината е поради преголемо паѓање на косава , веќе ми е мн слаба се гледа и скалпот , ем слаба ем кратка не знам што чаре да барам Хормоните се ок . Користев Х&Ш со таблети од зегин со витамини и нагло почна да ми опаѓа Х&Ш почнав да го користам од април месец , бидејќи имам проблем и со првут Шампонот од лук драстично ме чешаше скалпот , фитовалот ми создаваше првут Не знам што да правам , сакам да ми се згусни и да ми порасне што е можно побрзо Плиссс хелппп
https://msha.ke/xomango/#top-picks Види нешто од овие препораки на девојкава. И јас имам проблем со паѓање на косава па планирам да изнакупам се што пишала девојкава и да ја третирам косата.
Ај пробај со Алпецин? Или можеби Insight или Biokap? Нема wow ефект од прво користење со овие, ама мораш да си трпелива. Плус порачај го ова, го препорачувам.
Дали имаш искуство со серумов? Јас го имам нарачано аргановото масло и кога го ставав задоволна бев, сеа го имам баталено ама ќе почнам пак да го користам.
Да, повеќе од половина година скоро, ама не сум конзистентна со употреба, некогаш повеќе, некогаш помалку, ама има нови бебешки влакна.
Алпецинот го имам користено , не бев нешто задоволна, но дали тој се зема во комбинација со нешто ? Каде може да го нарачам биокап ?
Од Алпецинот има и лосиони мислам. Биокап го имаш во секоја доброснабдена аптека, а серумот можеш директно од deciem, lookfantastic или beautybay.
Шампонот го користев ми ја откорна косата од чешање , а овој ревалид е стриктно за против паѓање ? Дали си го користела ? И каде би можела да го купам?
Татко ми го користеше му го препиша докторката му опаѓаше косата многу и му помогна и за мене купив таков шампон и серум и приметувам дека ми се намалува опаѓање кога ја чешлам косата.Го има скоро во сите аптеки.Пиши на инстаграм ако имаш Revalidmacedonia и можеш подетално да видиш.Има во сет поефтино испаѓа 1800 и нешто денари.А никаде не можам да го најдам тој сет и посебно купувам поскапо чини,а само серумот е таа цена 1880 мислам беше.
Мојата е многу густа, на секое миење по една рака. На чешлање исто. Мислам дека е од маските за коса.