Кога беше во продавницата? Го има на веб страната, точно, го немаше, ми рекоа дека ќе имаат нова пратка, го добиле. Сега и јас ќе си го нарачам пак, многу сум задоволна од него, а и вреди за парите, 500мл за 360 денари е одлична зделка.
Кас ја користев течноста пантенол со шампон од лук и Б витамини се внатре во шампонот ставено. Немаше воопшто ефект го користев 5-6 месеци и прекинав, не бев задоволна
Искуства? Ако го има во мк, некоја да не знае каде може да се купи и колку пари е? Планирам да почнам и со шампонот на конопка против опаѓање во комбинација со серумов, откако ќе го потрошам оној на insight.
Здраво девојки, ќе ве замолам за совет. Заради опаѓање на косата од долга ја скратив боб и започнав да користам различни шампони по препорака на дерматолози и фармацевти меѓу кои Алпецин, Mane n tail, од ДМ за опаѓање и слично, притоа секој од нив го користев неколку месеци и освен првут и дополнително опаѓање воопшто не ми помогнаа. По препорака на девојка од форумот, од септември започнав да го користам серумот за опаѓање и шампонот против опаѓање на Конопка кои значително го намалија првутот и опаѓањето, но косата не ми е веќе густа како порано, а не растат нови влакна т.е.бебешки влакненца. Затоа сакам да ве прашам дали некој ги има користено шампоните од Наумовска и дали се задоволни, односно овие шампони https://www.facebook.com/organskisampon/ Или пак да си направам шампон од коприва со пантенол и витамински ампули како пред неколку години кога ми беше кратка пикси и порасна за брзо време со добар волумен?? Мислам дека рецептот го прочитав од @1209 која истотака тогаш имаше кратка коса. Секое искуство и предлог се добредојдени.
Јас користев и искрено не сум задоволна.Можеби кајтебе подобро ќе делуваат.Пробај со ампулите од ДМ јас често ги купувам.Шампон користам од Авон против опаѓање.Незнам дали тој ми помогна за тоа но многу мека и убава ми ја прави косата затоа и го користам.Ставај помалку препарати на косата.Користи витамини за коса 3 месеци.Помалку стрес,повеќе одмор и вода.Доколку тоа не ти помогни можиш да си направиш алерготест или испитување на хормони.Сепак опаѓањето можи да биди од повеќе причини
Испитав се што можеше да се испита и се е во ред, единствено стрес заради ситуацијава заобиколена сум од сите страни, мислам уште јас не го закачив проклетиов вирус. Истотака, освен маската и шампонот од Конопка не користам ништо дури ни фен ја оставам да се исуши природно и онака е кратка. Ќе можеш да ми кажеш кои витамини ги користиш за косата?? Истотака, @1209 ќе можеш повторно да го споделиш рецептот?? И дали имаш осетлив скалп склон кон првут, односно сува кожа??
Јас користев Мерц 3 месеци ама и ме здебелија.Можиш биотин да си земиш има многу задоволни од нив и HairVid од Health Aid.
Малку помош.Кој од овие шампони,да ми помогне против опаѓање на косата но и за раст на нови влакна и волумен.Ако може и @Biodevojka да ми помогне во изборот,пријатен ден!!!
Здраво драга јас ги имам пробано првите три и може да ти кажам: 1. Уртекрам со зелен чај ми е дефинитивно бр. 1 најдобар шампон до сега, не е против опаѓање, ама преубаво ја мие косата и ја остава чита до 3 дена. Исто така дава убав волумен на самата коса, Според мене ова е врв помеѓу шампоните. 2. Тој со алги и глина одлично ја прочистува косата, дава волумен и одлично ја зајакнува косата. 3. Ома гертруде го имам пробано тој за сува коса ама не е за опаѓање на косата. Четвртиот го немам пробано така да не можам да говорам. Она што од срце може да и го препорачам баш за опаѓање на косата е овој од Др. Конопка Го користев во комбинација со серумот против опаѓање и даде неверојатни резултати. И сестра ми го користеше и беше премногу задоволна. Пред некој ден една девојка од форумов на која и ги имав препорачано овие два производи (пред околу месец) ми пиша да ми се заблагодари и да ми каже дека опаѓањето драстично се намалило (јас од privacy не можам јас да кажам која е ако таа самата сака да каже збор два може да ја цитира мојата порака). Еве го серумот Се надевам дека ти помогнав Поздрав
Јас го имам користено последниот, во комбинација со шампонот против опаѓање на Конопка. Мене ми се згусна косата, и ми доби убав волумен, има многу нови влакна. Задоволна сум од таа комбинација, во едно миење, двата ги користев, прво ја миев косата со шампонот на Конопка, после со шампонот од баобаб. Ефектот го забележав после месец и пол редовно користење (два пати неделно ја миев косата). Обавезно да ставиш нешто после, маска или регенератор за полесно расчешлување, да не ти се кине кога ја чешлаш. Јас преферирам маски, или пак масла, од регенератор ми паѓа повеќе.
Мене ми помогна овој шампон многу. Романска фирма е. Го има во сите аптеки. Не е многу скап и убаво мириса.
Здраво, дали некој знае некаков природен лек или нешто за згуснување на предиот дел од темето. Страв ме фаќа како се гледам.