Така ја носам од секогаш, еве денес сменив на средина, чудно ми е многу не ни е легната како што треба, и уште повеќе се познава.
Го најдов на Конопка шампонот и го користам веќе неколку пати, 3 или 4 не повеќе. Можам да кажам дека драстично се намали опаѓањето. Мене ми паѓаше ненормално многу косата, мислев дека секое наредно миење без коса ќе останам. Не престана целосно опаѓањето, да потенцирам, ама се намали во добар процент. Сега е она ‘‘есенско паѓање‘‘ што е кај повеќето, ништо страшно. Сакам да додам уште нешто како за поддршка, да се минимизира, пантенолот го имам уште на ум. @Annath фала ти многу за препораката.
Значиииии ете ја причината што толку ми се пресуши скалпот ми се активира себорејата уште повеќе !! Феминки вие со нежен скалп не го зимајте пантенолот , ќе ве изеде скалпот од чешање и ќе имате "снег" во косата
Dali nekoj go ima koristeno shamponot od Zijaja da spodelite iskustvo, kako ste zadovolni dali ima efekt ?
Па ако се претера со количината, нормално дека ќе пресуши. Затоа тој "рецептот" од нет за растење коса со шампон, пантенол и витамини никогаш не би го направила, пошто нема ни точни количини, само да се измеша се'. Косата ќе порасне, ама скалпот се пресушува.
Добар е ако немаш нежен скалп, косата ја згуснува и е супер Што е тоа? Прв пат слушам Ова не е далеку од вистината ,бидејки јас го праев и сеуште не можам скалпов да го средам А првутот е една од причините за паѓање на коса
Да, нас така ни објаснија, дека пантенолот бил битен во опоравувањето на скалпот и доколку се јави проблем при користење на спрејот, слободно да се замени со пастилите за шмукање. Ова со пастилите би му дошло како замена нешто. Извини, сум заборавила да го вметнам прашањето во претходното мислење. Еве објаснив што отприлика ми кажаа на лекар за пантенолот, а терапијата беше витаминска. Б-витамини, Ц-витамин, Д3 перли, алое вера гел за смирување на скалпот (мене ме чешаше и имав многу црвенила и корупки на местата кај што ми беше зголемено опаѓањето) и Пантенол пастили за шмукање. Како бонбони се, се земаат 2-3 на ден и си ги шмукаш. Алое вера гелот беше од ESI, од Зегин ми е и уште си го користам кога имам потреба, лади и побргу проаѓа чувството на чешање. Друга многу важна работа, е да не се користат агресивни шампони како Head & Shoulders, Wash 'n' go, Pantene, некои такви да се избегнуваат. Мене ми препорачаа бебешки, но почна да ми реагира скалпот и да се перутам, па сменивме со Алпецин. Верзијата беше C1 Caffeine shampoo. Најмногу ми помогна од сите други што ги вртев додека си најдам соодветен.
Морам да се вмешам. Јас користам head and shoulders само тој не ми прави првут, ниту ме чеша главата, ниту корузи имам. Многу шампони пробав и сите ми правија ужасен првут. Сега ми е проблемот само паѓањето да можам уште тоа да решам оти како што тргнало целата коса ќе ми падне,не само на мене и мајка ми се жали дека о паѓа многу. Тие таблети што ги кажуваш помагаат ли? Да ги пробам.
Не гледам зошто би го земала пантенолот ако немаш проблем со скалпот во облик на ранички, првут... Јустиција мака мачи со себорејата како и јас, па затоа ѝ ги спомнав да си ги знае како опција, затоа што мене лекарот што ми ја води состојбата ми ги даде. Едит: Пробај со Алпецинот што го пишав, тој е против опаѓање и мене ми беше многу ефикасен.