Имав порано многу ранички и првут и ужасно ме чешаше, сега ништо од тоа немам, чист ми е скалпот. Секакви шампони пробав од шампони против првут од тие уште толку ми се правеше првут. Само уште да решам опаѓањето, го користев Алпецинот ама ми правеше првут и го баталив. Пантенолот сега шампон е или некои таблети? @Justicija и многу порано ми паѓаше.
Таблети за шмукање се, ама не се за тебе тогаш штом скалпот е во ред. Не се земаат како превенција за опаѓање, нема врска со опаѓањето, намената е друга.
Тоа ти било од првутот ....можеш да ми кажеш како се ослободи од првутот? Мишела како се шмукаат тие? И кај можам да ги најдам ? Ако не е глупо прашањево
Како бонбони, ставаш во уста и почнува да се топи таблетата. Инаку мислам дека се на Хемофарм и ги купував околу 120-130 денари, провери во Зегин, Еурофарм. Од 120мг се и без додатоци. Какви и да земеш, без разлика на брендот, гледај само да не се со некои додатоци со други витамини како тие на Галеника. Во нивните пастили, пантoтенската киселина е во многу мала доза (30-40мг) и имаат повеќе витамин Ц.
Здраво Косата ми е многу слаба и ми многу често паѓа, користев од афродита шампонот со лук и од фармаси исто така, но не ми помогнаа. Би може ли некоја препорака да ми дадете?
Дали ја користиш маската на калос со кератин? Од таа маска мене а и на доста други им паѓаат пласти коса. Гарантирам дека ти е од маската.
Здраво девојки.. некаде околу 1 месец ми паѓа многу косата ..дури изретчена премногу ме фати страв ,само во капење ми паѓа многу..ве молам совет некој ?? Се капам со wash &go..и маска редам од пантен ..ве молам некој совет ...
Почна да ми опаѓа од Февруари, тогаш користев само шампон и ништо друго. Нонеможев да ја расчешлувам косата па си земав калос кератин, косата сеуште ми паѓа. Не верувам да е одд маската бидејќи и пред нејзе ми паѓаше.
Да не има некој искуство со ампулите bioxsine dermagen и како сте задоволни? Ми ги препорачаа како замена за други кои порано ги пиев, но веќе не постојат. Исто така, видов дека има и шампони од истата марка, па ако некој има искуство и со нив нека сподели, бидејќи досега ги немам користено.
Деновиве не ми опаѓа толку многу, не сум под стрес и ја мијам со најобичен шампон од коприва. Баталив правење шампони со ампули и триста работи. Од коприва воопшто ми се покажал како најдобар шампон. Од лукот на афродита некако ко првут се прави..Засега ми е комбинација шампон од коприва + маската за коса GAIA. Сокот од лук е предобар за коса, ама тоа која има можност да седи 2-3 дена дур помине мирисот..помага ептен.
Dali ima nekoj sampon za rast na kosa ili ako e genetika nema lek mislenje i iskustvo fala vi odnapred
Мислиш враќање на изгубената коса? Пробај со фитовал шампон против паѓање , ако не ти помогне тоа не знам што да ти кажам