Не ти го препорачувам микробландинг многу лошо ги прават и плус се потемни од твојата боја на косата. Прашај во аптека за опаѓање на веѓи сигурно има некој производ.
Здраво имам проблем со коса многу ми е слаба напрет немам веке таа густа коса дали може нешто да ми препорачате дали имавте ист проблем секое мислејне ке ми биде мило фала унапрет ☺️☺️
Бидејќи ми се потроши претходниот шампон на Еуцерин (од темето почнаа да ми штрчат влакна, како расчупана, во глобала задоволна сум), но си менувам често продукти, па се решив да го земам шампонот на Vichy против опаѓање на коса. Го купив веќе, така да нема враќање, ме интересира само дали има некој што го користи и како е задоволен. Во аптека ми кажаа често дека го купуваат, ама сакам да чујам нечиво лично искуство. Конкретно од аспект на згуснување на коса, не ми е за раст, природно ми расте екстремно брзо.
Дали некој знае каде можам да го најдам шампонот фитовал? Веќе долго време го барам во многу аптеки ми велат дека го нема ниту во магацините.
Фотовал проблеми со дистрибуција или нешто слично име, го снема. Многу подобра варијанта, искрено, оној на Конопка, го збориме скоро на секоја страна.
Фитовалот порано го користеше партнерката мислам дека беше некаде околу 400, ден ама незнам дали имаше некој ефект...
Мене Фитовал ми помагал, растеше нова коса од него, ама некако подобар ефект ми има конопка, повеќе волумен ми дава, помалку се мрси.
Еден update да направам. Секогаш кога купувам продукти сум со доза на сомневање за исходот. Користев bioxine forte, коњскиот шампон, шампонот со лук збогатен со витамини, конопка, алпецин и уште ред други што не ми ни текнуваат. Имало ефекти, но не нешто да ми предизвика реакција дека шампонот навистина помага. Косата ми растеше брзо, но не ми растеше во густина, што всушност ми беше и најбитно. Го користев Еуцеринот, шампон+серум, некое време. На почетокот не бев нешто фасцинирана, ама за една недела не можеш ни да видиш резултат. Колку повеќе го користев, се повеќе забележував нови влакна. Дојдов до момент на патецот да ми штрчат куп нови влакна, места каде што не ни постоеле влакна да се пополнуваат, косата да изгледа некако побујно, дури почна и од чело да излегуваат, на местата каде ми капело од серумот, што веќе станува и безобразно (ама ако, подобро да расте, него да паѓа). Особено се приметува кога ќе ја исушам косата, од што се мали, сега како наелектризирана сум. Сериозно, топло го препорачувам, навистина не ми се верува на очите, за колку релативно кус период забележав драстична разлика. Не знам дали е до шампонот или пак до серумот или комбинацијата, но нешто многу добро делува. Така да, ако некој е разочаран од други продукти и сака да проба нешто ново, слободно нека почне да го користи. Пре, пре, презадоволна сум. Единствено ми е криво што порано не го земав, а се исподавав пари на нешто што не ми одговара, не делува, не го добивам она што го барам. Сега ќе го почнам на Vichy, ако не продолжи со исто темпо, се враќам на Еуцеринот. Просто сум пресреќна што со очи ги гледам резултатите, дури и мм ме примети, што ништо не приметува макар и розева да станам. Да ми плаќаа немаше толку да ги фалам, ама навистина браво за ефикасноста.
Моја препорака од која видов дека има ефект кај мене е пантенол раствор 5% на доктор Плант(во еурофарм и дм го има) и во него две апмули коприва од зегин, само таму ги има, едни се. Ова во шишенце со распрскувач и можеш секој ден да прскаш, не се измива. Пантенолот ти е околу 200 ден, ампулите две се 80 ден. Има ефект, нормално ако си упорна.
Здраво Денес го зедов лосионов против опаѓање некој да сподели искуство. Дали помага? Инаку го користам шампонот против опаѓање на конопка. А лосионов е од isight. Дали има некаква врска што се работи за различни фирми? Дали може да има негативно влијание врз косата од премногу мешање на средствата? Ви благодарам