Откако ќе ми се потроши Алпецинов(инаку второ пакување ми е), планирам да го купам на Козметика Афродита-против опаѓање, шампон на база на коприва и пантенол. Го има во Тинекс маркетите, можда и во Веро. 1000мл, некаде околу 150 денари. Сега откако ми се стабилизира опаѓањето пупу да не се урочам, не сакам да го заситам скалпот со Алпецин, па размислував да земам некој ваков едноставен по хемиски состав шампон на база на коприва или слично. Имам читано позитивни критики за шампоните на Козметика Афродита, па ќе му дадам шанса. Се надевам добро ќе се покаже. А и многу е поволен.
Jас ќе го побарам овој.ми се опорави косата многу помалку ми паѓа, ама после бањање го имам јас проблемот кога ја чешлам паѓа малце повеќе.... околу 5 прамена со 5-6 влакна....Hе знам дали е нормално Aма како и да е Aлпицинот ми е скап, имам уште за 4-5 миења, (штедам јас) па да го завршам ќе го купам овој Pецепт...се надевам дека не е многу скап
Јас го користам Рецепт неколку месеци веќе и има забележителна промена на подобро. Не е многу скап, колку другите шампони е, така да пробајте, освен што ми поттикна раст исто и убава е косата после миење. Единствен проблем мене ми е што многу ми ја мрси косата ама таков ми е коренот.
Незанам колку му помага на другите ама мене за опаѓање на косата ми помага само ФИТОВАЛ во жолто паковање иако е малку поскап ама сепак го земам ми помага
Значи до мене е работата штом не ми помага И една моја другаарка го користи и е задоволна,а јас еве има едно паковање истрошив ова второ ми е,и сеуште нема резултат А истовремено и апчиња пијам и се мачкам со лосион и пак ништо
Грл, јас не чекав и денес си го купив шампонот , 92 денари, од Тинекс Си купив и Ревитин спреј, па ќе видам како ќе се развива ситуацијата
Не како порано, ама не верувам дека од овие препаративе нешто ми помогна, не знам... оштетена ми е долу па си реков да не има и тоа врска со паѓањето
Па ако не ти е шишана одамна, може да има и тоа влијание, тогаш косата нема живост. А проба со апчињата од Натурал Велт?
Пред 2-3 месеци се шишав, сега пак планирам. Какви се тие апчиња? Само немој да ми кажеш дека се многу скапи се изнададов пари за се и сешто за коса
Ги имам постирано на некоја од претходните страни, витамини за косата 375 денари, за 2 месеци, демек ги содржат сите витамини што и се потребни на косата за нормален раст, па во случај да е нешто внатрешно тогаш се регулира со апчињата.
За Грл и сите останати- како што кажав го купив шампонот од Афродита и вчера се измив со него. Исто како кај Алпецинот, пак не ми паднаа влакна воопшто (фала ти Господе), а косата ми е мека и дури благо лелеава и има сјај. Јас сум презадоволна, онака од прв пат- за понатаму не знам А да, и пред некој ден го купив спрејот Ревитин, да ви кажам повеќе лади отколку Алпецинот, дури се зачудив
92 денари? Истиот? Еден литар? Изгледа погрешно ме информирале за цената. И јас ќе си го земам, пофалуван е доста. Да се надеваме дека ќе биде добар.
Предизвикува ли перут? Јас освен со паѓање и со перутот си имам мака...од оној од Илирија лом се напраив
Пишав за овој шампон и во темата како побрзо да ми расте косата , тоа е Германски шампон ,само штета го нема кај нас, 4ини 30 евра и е многу ефикасен. Уште го нарекуваат и коњски шампон. Се препорачува да се мие косата посебно за а не падне од шампонот по телото. (најверојатно за да не почнат да растат влакна и на места каде што не сакате) Тие што го пробале многу се фалат и за машки и за женски. Јас сега ќе го нарачам за дечко ми Па ќе видам какви ефекти дава. Поздрав
па премногу ја натрупуваш косата пробај само со шампонот се миј и потоа спреј и доволно е а не ти се и ставаш и тоа има влијание