Здраво девојки. Искрено не знам дали прашањево е за во оваа тема но сакам да прашам. Јас не користам ниту преса ниту фен, не сум фарбана а краевите како луди ми цветаат од што не знам.. и полека се чешлам на се обрнувам внимание не знам до што е проблемот?
Мене пред неколку месеци многу ми паѓаше косата, премногу ми се изретчи и дури кај патецот како ќелава изгледав. Тогаш користев сајос шампон. По препорака овде почнав со природни шампони како алверде(воопште не ми одговараше иако скоро цел го потрошив) па следна поприродна опција со добри состојки балеа профешнал(тука беше кажано дека има супер состојки). Од тогаш ми се опраи косата, доста ми е погуста и имам премногу нови влакна ми расте како луда од сите страни, ама си треба време и трпение,сигурно повеќе од 3,4 месеци. Пробајте, а шампонот е 99 денари и има за сите типови на коса.
Дали од шампонот на Конопка ви се масти брзо косата или само до мене е проблемот? Вечерта ја мијам, утредента е мрсна. Го имам шампонот на Лореал со глина, ама ми паѓа и од него косата. Па дали има и некоја комбибација Конопка плус некој друг за мрсна коса?
Тој против паѓање коса? Мене ми е најдобар од се што сум користела, и по 5 дена не ми е масна, претходно по 3 дена било средно жалосно. Многу чудно, немам идеја зошто така.
Мене ми се мастеше брзо, затоа го исфрлив од употреба. Ќе измијам коса, ќе се исушам, како да не сум ја измила воопшто. Мислам и онака косата често ми се масти, ама па очекував барем еден ден да беше свежа. Можеби има некакви масла во него, немам друго објаснување.
Да, да тој. Многу ми намали опаѓањето на косата, ама многу ми ја масти. Затоа прашав, јас наопаку сум @GrimTheReaper ете, не сум била само јас
Има reviews на нет за истото, не сме сами Можеби кај оние со посува коса не се приметува, но кај оние со тенденција за брзо мастење и те како.
И мојата коса брзо се масти, ама со шампонот од Конопка не беше тоа случај. Може треба да му дадете време? Месец, два?
A може и зависи што се користело претходно за шампон? Мислам на оној преминот од класична на органска козметика и прилагодување кон истите. Јас пак не сум репер, година и фазла претходно на Фитовал бев, не е некоја органика ама демек медицински нешто А може и до хороскопот е Ано
Може, може, не велам не. Ама мора трпение. Мене преминот од шампони со силикони на природни ми беше благо речено ужас. Ама сега косата ми е поубава од било кога.
@Annath @Biljarkata ама јас сум секогаш обратно од другите Затоа прашав. Не искрено, секогаш кориатев оние класични шампони,комерцијала, само менував за да најдам што ми одговара. Никогаш немав користено органска козметика. А може, како што викате и тоа да има удел. Не го менувам, секако. Ми се намали опаѓањето на косата после второ - трето миење, почнав ќелава да станувам претходно Мислев дека брзо се масти косата, па да комбинирам со некој друг шампон од кој нема да ми паѓа косата. А купив и маска за коса од Кавијар, оние по 1000мл и баш прочитав дека и од неа паѓа коста и да 3 пати ставив, 3 пати полна рака коса. И престанав. Ама секако седам дома, најбитно ми е да намали опаѓањето па после ќе средувам масна коса
Полесно се средува масна коса од опаѓање. Може ти се масти скалпот оти ти е пресушен? Исто како кожата на лицето, се масти многу ако ти е дехидрирана, пресушена кожата.
Леле да, приметив последните 2 недели и со лицето ми е така, премногу масно. Да поставам и едно екстра глупо прашање - дали кожата и косата, дехидрираноста е од премало внесување вода во организмот? Или што да превземам?!
Може да е тоа причина. Сувиот воздух поради греењето исто е често причина. Пиј повеќе вода и користи нешто за хидратација на лицето. А може и од хормоните да е.