Најдобро е да посетиш трихолог, и да направиш комплетни анализи се што е потребно да се види што довело да оваа состојба. Многу фактори може да влијаат на опаѓањето на косата.
Прочитав погоре во мислењата на некои членки дека од Конопка брзо им се мрсела косата. Кај мене е спротивно мислам дека овој шампон многу ми ја исуши косата, во коренот ми стана сува како дива. Дали само кај мене е вака? Дали на некоја од вас ви ја прави посува?
Девојки баш имам проблем со опаѓање на косата. Мапред ептен ми е изретчена. Недостатокот го "прекривам" така што ке нашприцам сув шампон и врз него колор спреј, колку толку да не ми се гледа главата. Мислам дека после години таква камуфлажа ред е да го одморам темето. Вие што имате ваков проблем како го решавате естетски? Имаше во 101хаиркеар како влакненца за камуфлажа само малку скапичко ми излегува. За долгорично од типот на шампони и ампули и тинктури нема што немам пробано.. фајде никакво. Секој совет добредојден.
Според мене најубаво да одиш на лекар, да си закажеш преку матичен кај дерматолог да те види.А понатака самиот дерматолог ќе ти даде насоки за какви испитувања да направиш.Се надевам ќе го решиш проблемот.
А проверена си здравствено, хормони, тироида, слични феномени? Инаку за маскирање, баш ми излезе некоја реклама- микропигментација нешто Ама паметно би било да исклучиш некои здравствени состојби.
Никакво хормонско пореметување немам. Сите хормони супер. А и никаков друг здравствен проблем немам. Чудно е што ни генски не ми е наследно. Т.е на мајка ми и испадна косата на теме но таа беше со Х здравствени проблеми, така да сепак не е наследно. Нема кај не бев и нема што не пробав, фајде немаше за жал. Ако некоја членка има подобрување од некој производ нека каже. Ама вистински да се гледа промена на поарно, зашто мака ми е попусто да пробувам веќе. Пробано: виши, еуцерин ( по 1 или 2 шампони користење намали паѓање, нема нови влакна) керамине шампон и ампули исто, фитовал, алпецин, онаа микс витамини во шампон од коприва, потоа во мих чаеви изрендан сапун еуцерин, уште други бабини деветини, рецепт шампон, биобласт,геровитал.. итн
Дали ја фарбаш косата? Од кај знаеш дека не е генетски, штом и мајката го има истиот проблем а се случува и кај тебе голема е можноста да е генетски. Не мора да значи дека мора да си болна од некоја хронична болест па косата да опаѓа. Многу причини може да влијаат на опаѓањето на косата и губење на фоликулите. Пневмонија може да предизвика губење на фоликулите и опаѓање на косата. Акутни состојби кои соведуваат до голем стрес во организмот, проблем со тироидеата, лоша исхрана сиромашна со хранливи материи, стресни ситуации. Доколку си пробала со се и немаш никакво подобрување најверојатно фоликулите се оштетени и што и да пробаш нема да ти помогне. Јас пред едно 5-6 години се соочив со истиот проблем, една ден се погледнав во огледало и преметив како ми се познава скалпот, како преку ноќ тоа да се случи. Пред тоа ја фарбав косата за прв пат и ја изгорев. После неколку месеци од фарбањто ми се случи тоа што се случи, но во меѓувреме минував низ многу стресен период. Бев очајна, што се не пробав, се што е можно, направив детално истражување за косата, секоја ден барав информации на интернет, буквално бев опседната со тоа, на крај сфатив дека ми се оштетени фоликулите и нема назад иако ми беше тешко да се помирам со тоа. Во меѓувреме ја оставив така како што е престанав да се замарам, единсвено нешто што ми помогна беше маската од квасец, со редовно користење ми се згусти косата и ми се врати волуменот колку што можеше, тоа е единсвеното нешто што ми помогна и до ден денеска си ја правам таа маска. Користам само природни маски и гледам шампоните да се на природна база.
Јас сум задоволна од Конопка шампонот. Видно се намали опаѓањето. Мене на почеток многу ми се мрсеше, ама по совет од овде продолжив да се мијам со него и гледам дека малку поднамалува.. Се на се, јас дефинитивно го препорачувам
Сретнав на iherb еден спреј што се прска на скалпот и наводно предизвикува негово обновување и со тоа побрзо растење на косата. Го има ли некој пробано?
Мислам споделена е некаде во темете за опаѓање на косата. Ставам еден сув квасец, една кафена лажичка мед и тоа го мешам со една голема лажица топло млеко заовриено. Му додавам и малку кокосово масло. Така се остава да нарасне 20 минути. Потоа се нанесува на скалпот и се остава да стои најмалку еден час, завиткана косата со ќеса.
Не ставаш јајце? Некаде прочитав и јајце дека се ставало. Колкав период може да се користи маскава? И дали ја ставаш само во коренот или може и по врвовите?
Не ставам јајце. Може да се користи еден месец по два пати во неделата за многу опадната коса. После се прави пауза.
Јас имав многу голем проблем со опаѓање на коса. Во депресија паднав од што ми паѓаше многу косата. Толку многу ми паѓаше што напред во предниот дел оќељавев. По препорака на др почнав да го користам еден шампон и регенератор го има само во дм на сликата е со коњ бело паковање и ставав еднаш неделно по една ампула за коса од инебрија. За два месеци нова коса ми расте опаѓањето ми е сведено на минимум. Пробајте ова е од лично искуство.