Здраво драги само да ви покажам еден нов природен производ за сите оние кои имаат проблем со опаѓање на косата . Цената е само 175 мкд има и маска и балсам од истата линија. Ги користам моментално шампонот и маската и неверојатно убава ја прават косата. Ќе ги користам во текот на целиот март месец (месец кога се забележува зголемено опаѓање на косата) и ќе ви пишам за резултати. Вака на прв поглед е фантастичен. Ретко вака пишувам предлог за шампони, ама овој вреди...
Zdravo devojki dali moze nekoj sovet za brz rast na kosa nikako ne mi raste a povejke pati ja imam skrateno pa ako znaete nesto da mi predlozite ili da spodelete iskustvo.
Брзината на раст не можеш да ја смениш, единствено можеш да се потрудиш да го одржуваш здравјето на скалпот, да се исхрануваш добро - протеини и витамини посебно, и да не дозволуваш косата да ти е расцветана долго време на краевите.
@Biodevojka го користам шампонот на конопка при крај ми е шишенцето. Сакам да го сменам и да испробам некој друг.Какво мислење имаш за коњскиот шампон споделен во мислењата погоре? Добар му е составот? Препорачај ми добри шампони против опаѓање, по состав органски како овој од Конопка. Ти благодарам
Драга стави ми декларција за да ти кажам. Или некој друг кој го има дома нека сликне декларција. Поздрав
Како информација, повторно го има серумот против опаѓање на косата од Конопка, јас го нарачав за мм, да го проба. Шампонот секако го користи, ама може заедно со серумов ќе биде поефективен.
Дали е можно да се смени целосно текстурата на влакното од користење на шампон против опаѓање на коса? Ми беше тенко, кршливо, свилено. Сега е крупно, косата е потешка и по крута, но не сува. Не знам дали се умислувам или навистина има некоја огромна промена.
Да не ви е и од исхраната, нешто да не внесувате? Јас демек здрава исхрана на времето само, па така косава ептен ми опадна, не знам зошто, нешто ми фалело очигледно, некој дефицит од некој витамин сигурно. Не открив од што точно, но за кратко време толку коса изгубив, знам како ви е на сите тука што пишувате. Прелошо чувство, цел скалп ми беше заникаде, а и сите те загледуваат, запрашуваат шо ти се десило со косата... На 16г пола коса ја изгубив, зошто ослабев 20кг и многу работи исфрлив од исхраната општо тој период... После кога почнав да не пазам толку и да јадам повеќе работи, косава сега ми е погуста и поубава од било кога. Е, си се здебелив пак ама две добра нема. Користев и рицинусово масло тогаш, добар ефект имаше кај мене. Маски користете исто, пробајте некоја што би ви одговарала да забрза раст на косата, една што ја имав од gliss со жолто пакување исто покажа добар ефект кај мене, косата многу побрзо ми растеше. И исто два пати ја скратив колку можев повеќе, за скроз да се обнови и нова здрава коса да израсне... Косата опаѓа ради многу фактори, сигурно има нешто зашто опаѓа, така да пронајдете ја причината што предизвикува опаѓање, како кај мене што беше од исхрана на пример и само тогаш се ќе се среди, реално џабе се продукти и шампони, се е до тоа што се случува во организмот. Од мое искуство бар..
@Dream-Girl не мора да значи дека си имала дефицит на нешто, од самиот ,,шок'' на телото од губењето килограми се губи коса, која подоцна пак природно си се враќа. Не мора да значи дека треба да се здебелиш за да порасне пак, таа секако ќе пораснела. Само фоликулите биле привремено во фаза на мирување. Мислам дека се викаше telogen effluvium овој вид на опаѓање.
3г и нешто ми требаше да ја опоравам скроз така да сигурна сум дека до исхраната ми беше, не беше привремен шок и толку, туку баш кога почнав повеќе да внесувам месо и повеќе други продукти што ептен ми беа на минимум или скроз исфрлени, да не ги избегавам, се забележа разлика за кратко време, а пред тоа година и нешто само си паѓаше и паѓаше косата... Ама затоа викам треба да се најде причината, кога ќе знаеш што било причина може и да го решиш проблемот. Секој организам е различен, сигурно нешто влијаело за таа појава, не паѓа коса туку така.
Мило ми е што си го решила проблемот. Секако дека недостигот на одредени хранливи материи може да предизвика опаѓање на косата, тоа не е спорно. Но, мислам дека и баш се да си внесувала во тој период, самото губење на 20кг си е шок на системот и секако ќе дошло до тоа опаѓање... неизбежно е. Јас немам лично искуство, но буквално сите што слабееле поминувале низ тоа. Телото се стабилизира секако и косата се враќа без оглед на тоа дали ги враќаат килограмите. Особено ако си ослабнала за краток период... Во секој случај, добро е што не е трајна загуба на коса и е решлив проблем.
Може слика од шампонот, ми треба нешто такво. И да ми кажеш дали можеш лесно да ја расчешлаш косата само со шампонот.