@Biodevojka еве го составот. Јас го користам, но ми се искинало од водата, па го најдов на нет. А дали може да ми пишете како се користи тоникот од Конопка?
Сега го користам тој, инаку промената беше од уште од претходно од Еуцерин. Имам пишувано поназад со слики. Инаку со ниту еден шампон не можам да се расчешлам лесно, се додека не го купов чешелот за расчешлување од ДМ.
Ова е составот на конопка. Го имаме користено и добар е навистина. Но, Ние за коњскиот шампон прашувавме во дм што го има. Mane 'n tail shampoo мислам му беше името.
Драга овој шампон е прекрасен го имам користено. Само не знам за кој тоник мислиш, дали за серумот против опаѓање? Ако да, повели статија во која говорам како се користат производите и видео од употребата. https://biodevojka.blogspot.com/2019/06/dr-konopkas.html Драга јас најмногу ги препорачувам овој од статијата на Др. Конопка и секако тој на Бабушка Агафија кој моментално го користам. Како природни и органски секако, Поздрав
Да, за серумот мислевФала ти, ќе прочитам @Erika.greeneyes извини, грешка сум разбрала, мислев за Конопка прашуваше
Pozz decki. Imam problem so majka mi, zenata e dijabeticar i piese dosta vreme apcinja za da go regulira sekjerot no poradi apcinjata pocna da i pagja kosata zatoa sto na samite apcinja i go pisuva negativniot efekt, ako moze i saka nekoj da mi preporaca nekoj preparat za zgusnuvanje i povtoren rast na kosata, nebitno kolku pari e, fala vi odnapred
Девојки да ми препорачате нешто што поттикнува раст на нова коса? После сезонското опаѓање продолжи да ми опаѓа и откако прележав корона, па скрос ми се изретчи во овој дел, ми се гледа скалпот Спојлер
Воопшто не е тешко да се изгугла составот ако веќе не си во можност да сликаш. @Erika.greeneyes . @Biodevojka еве, па кажи мислење. Знам дека го препорачуваат првенствено за побрз раст и дека има премногу задоволни. Секако ако мислиш дека според составот може да помогне против опаѓање би сакала да слушнам мислење. Она што ми има останато во сеќавање е дека го фалеа дека дава волумен а не ја мрси косата, не ја слепува затоа што нема сулфати. Има протеини во сосатвот и дека затоа има после него baby hair, што значи би бил од помош и против опаѓање. И кога сум веќе на темава, погледни го составов на регенераторов ако не ти е проблем. Знам дека исто е многу фален, и бев пресреќна кога го видов кај нас, ама ми се виде поскап, па подобро прво да се консултирам пред да го купам. Не е конкретно за опаѓање, туку како третман за хранење
Драга јас најоскрено ме гледам ништо што би направило косата побрзо да расте. Башка формулата има доста измивачка моќ и е поагресивна. Јас лично не би го препорачала. Регенераторот има сичикон. Ова е мое мислење секако вие имате право на избор. Поздрав.
@GrimTheReaper ќе може да ми пишете лп, сакам да ве прашам во врска со шампоните но затворено ви е сандачето
Здраво Дали некоја од Вас ги има користено овие таблети, ефект, искуства.. Мене ми требаат за опаѓање на коса после породувањето некаде од 3м почна да ми опаѓа но не со голем интензитет Поздрав
Девојки , дали опаѓа косата од фарбање? Мајка ми го има тој проблем ,таа еднаш месечно ќе се фарба а има кратка коса ама мн и опаѓа.. Чаре?
Не опаѓа од фарби.Или хормонско нешто,тироида да си провери или нешто железо да не има ниско. Не знам,ама од фарби не е.
Женски кои го користите шампонот на Конопка против опаѓање на косата,приметувате ли повеќе да ви се мрси косата од него? Обично сум ја миела косата на 4 дена,сега за 2 дена веќе ми е мрсна,а и веднаш откако ќе ја измијам го немам она убаво чувство на измиена коса,се како недомиена ја осеќам.
јас истиот шамон го имам но само еднаш се имам измено и некако чуден ми беше, но имам читано од членки дека кај нив било исто такс со мрсењето би ти препорачала да го смениш шампонот, врати се назад неколку страни ќе видиш дека имаст пишувано или мислам дека имаа отворено само за тој шампон ќе видиш дека имаат пишувано и дека се мрсела на некои а на некои не дека баш му одговарала јас се мислам дека е кај секој различно
И јас имам такво искуство, на допир косата ми е за никаде ама вака на изглед океј ми е. Исто така некако многу погуста ми делува откако почнав да го користам, има опаѓање се уште но во нормални количини.
Имав читано дека е крш косата при премин од "штетни" шампони кон органски,ама ме интересираше дали после мрсење при подолго користење почнала да се оправува косата на некого. Го користам 3 недели,верувам дека е рано за резултати,ама ова со мрсењево ептен ме збуни. Ми паѓа уште,ама па и не очекувам чуда за толку кратко време. Со оглед на тоа дека отсекогаш ми била косава за никаде,ако се оправи ќе се фалам овде.
Мене долниот дел на косата највеќе ми е мрсен на допир додека пак горниот ми е некако сув и многу ми се плетка. Затоа додека ја средам е мака, и вака на допир ич не ми се допаѓа. Јас го користам во комбинација со регенераторот од скандинавски бобинки од Уртекрам па потоа нанесувам и Балеа млекото со праска.
Јас Биотин од оваа фирма пијам (Б7 витамин), исто е наменет за кожа, коса и нокти. Веројатно за истото збориме. Мене косата ми се оправи со шампонот на Конопка за против опаѓање, го има на страните поназад, ама по препорака ги земав и таблетите за внатрешна поддршка, да не дејствувам само надворешно со шампон. За ефект некој посебен не можам да кажам. Косата уште тогаш од шампонот престана да паѓа, таблетите малце подоцна ги вклучив, едно е сигурно дека на ноктите барем не ми делуваат.