Иста ми е и мене косата од Конопка шампонот, не ми се мрси побрзо, стандардно на три дена ама не ја чувствувам лелеава. На допир внатрешниот дел ми е како неисплакнат. Чудно ми е што користев долго време Лаш шампони и немав ваков ефект, ама сега транзицијата ми беше од Алпецин па може затоа. Ефект сеуште немам забележано, рано е три недели го користам, во комбинација со серумот против опаѓање и Биотин таблети на Now. Мене опаѓањето ми е парцијална алопеција поради стрес, многу работи влијаат, па може затоа сеуште немам некои резултати.
Јас против опаѓање и зајакнување на косата ги пијам овие таблети. Ми ги препорача другарка и мислам делуваат. Исто така приметив зајакнување на ноктите, порано многу ми беа кршливи и косата навистина одамна не ми била вака убава на изглед. Задоволна сум од комбинацииве, ќе продолжам така да терам .
Кај мене па не беше така ни на почеток, ни сега, а еве веќе година го користам. Сега го користам паралелно со шампонот за волумен од истата линија, убава ми е косата, немам ни потреба од маска. Мене секако ми се мрси периодов повеќе, ама тоа е поради носењето капа на работа, морам да ја носам, па потам, ми се сплескува косата на скалпот и ми се масти брзо.
Секако шампонот само јас го користам,ќе го потрошам и ако нема подобрување не го купувам пак. Самиот шампон ми е некако помрсен уште при нанесување на рака,ваљда таков е. И мајка ми почна да го користи,она се жали дека и ја прави сува на врвовите. Дали ќе се оправи понатаму ќе видиме.
Транзиција од комерцијални шампони во малопродажба кон природни шампони скоро секогаш резултира со промени на косата. Некогаш помрсна, некогаш посува. Тоа не значи по дифолт дека не ви одговара. @Biodevojka одамна ја имам читано за ова, можеби ќе објасни поубаво ако може. Јас одамна транзитирам кон органска козметика, веројатно затоа Конопка ми е сега тамам- неутрална.
Апсолутно се согласувам. Доколку сте користеле шампони полни со силикони овој природниов мора прво да ги одмие од косата и истата изгледа ужас затоа што на виделина доаѓа вистинската состојба на косата. Конопка е според мене една од најдобрите марки на шампони. Не знам колку време го користиш ама биди трпелива. Друга работа е што можно е да не ти одговара еден производ не може да одговара на сите. Има и други убави марки како шампонот со зелен чај на Уртекрам или оној против опаѓање на Бабушка Агафија кој моментално го користам и феноменален е. Денес вечер ќе ја објавам рецензијата за истиот на мојот блог. Кошта околу 180 мкд. а фантастичен е. Може евентуално да направиш чекор назад и да земеш преоден шампон кој ќе ја исчисти косата како на пример Балеа профешионал. Тие немаат силикони ама не се ни комплетно природни важно ќе ги тргнат силиконите од твојата коса и ќе ја подготват за природниот шампон.
Ама јас не користев шампон со силикони. Последно, Алпецин не содржи силикони, со години користев од тврдите на Лаш, сум го користела пред тоа и Балеа профешнл за долга коса, значи навикната ми е косата. Конопка ја заплеткува од корен, а маска и регенератор ставаме од пола надоле, чешлањето е благ ужас и ден подоцна пак е заплеткана баш од тој ефект на неисплакнетост во внатрешноста. Ќе го дотрошам па ќе размислам дали ќе го отворам второто шише. Косата е безживотна, пресушена по должината, нема сјај нема лелеавост и тоа искрено многу ми смета.
Zdravo dali nekoja ima iskustvo so Prirodni organski samponi-Naumovska sakam da poracam protiv opaganje na kosa no bidejki mnogu proizvodi mi se isprobani neznam se mislam
Да се надоврзам со прашање поврзано со шампонот Конопка. Дали на некоја и се јавил првут додека го користи? Јас сум веќе при крај на првото шише ама почна да ме чеша многу скалпот и ми смета. Дали може додека го користам него да купам и Head&Shoulders за првутот? Инаку и мене ми е мрсна косата од Конопка, но ми намали драстично опаѓањето и сега за сега не би го сменила
Многу се фалат од нејзините производи за коса.Јас еднаш купив против опаѓање и косата уште толку ми доопадна од шампонот.Не би купила повторно иако како што пишав претходно има доста позитивни искуства,па можиш да пробаш можеби кај тебе ќе делува
@flower30 јас не би одбрала од Head&Shoulders бидејќи се премногу агресивни шампоните. Кокосово масло на скалпот би можело да ти помогне да го ‘‘смири‘‘ или да провериш на темава и другата за првут што имаат препорачано од шампони. Спомна дека не би го сменила шампонот, ама со реакцијава ја би паузирала барем. Ако првутот е предизвикан од шампонот, да не се иритира дополнително.
Смени го со некој друг природен, има погоре Биодевојка некои предлози. Once you go organic стварно нема поента враќање на полоши шампони. А ХШ е еден од најлошите. Маслена масажа на скалп, што спомна погоре членката би помогнало и против првут и против опаѓање, ама кое масло би било најдобро не знам. Мене лично кокосово ми е многу водесто, рициново ми е многу тешко, арганово можеби?
@Biljarkata Фала ви на објаснувањето и советот. Мислев да продолжам со Конопка, дека од него драстично ми се намали опаѓањето и страв ми е да го менувам да не почне пак да ми паѓа. Имам дома рицинусово масло, можам да пробам до него. И би сакала да ја прашам @Biodevojka доколку може да ми даде совет. Дека од Конопка почна да ме чеша скалпот и имам малку првут, ама не сакав да го менувам дека ми се намали опаѓањето. Дали може и кој шампон би го препорачала како замена за Конопка против опаѓање на косата? И кој друг би можела да го земам за да ми намали чешањето и првутот?
Секој совет ми е добредојден. Моментално конопка го користам но пак почна првут да ми се прави најчесто напред кј шишките. Долго време користев head and shoulders но многу ми се изретчи косата од него. Сега кој и да пробам друг шампон ми се прави првут. Конопка го зедов да го спречам опаѓањето првите неколку пати немав првут, сега имам и навистина ме нервира. Не знам веќе што да правам со оваа никаква коса. Сува коса. Не ми е толку оштетена колку што ми е сува. Ставам и масла и се гледам да биде без силикони, нема некое подобрување. Сакам убава коса со сјај здрава на изглед не како пајажина.
@Erika.greeneyes А зошто не земете 2 истовремено и да ги користите најизменично? Јас така правам веќе од поодамна и супер ми функционира, секако доколку имам потреба. На пример ако толку ти е погоден тој против опаѓање, задржи си го и додади уште еден (природен) кој е против првут. Јас лично би ти препорачала Уртекрам, Лавера или Логона. Пробај еден од тие 3 брендови вметни си го како дополнителен чекор и миј ја косата 2 пати при секое капење, првото миење со тој против опаѓање, второто со тој против првут. Алое вера од Уртекрам што е против првут, мислам дека дури може и да ти го регулира лачењето на себум и да не ти се масти толку.
Мислам дека ме помеша со друга мене не ми се мрси косата тука напротив ми е сува. Но за првутот фала за предлог шампоните ќе ги пробам, каде може да се купи уртекрам?