Јас направив шампон со капки од коприва до пантенол и со б витамини и косата никогаш не ми била поубава и погуста и по сјајна . Само треба време додека почне да делува јас го користам околу 4 месеци . Ми требаше два месеци додека видам резултати .
Извини, од поодамна е мислењево ама сакав да те орашам, тие шампони што ги спомна се од Белина или ги има во малопродажба?! Јас го сменив Конопка со Бабушка Агафија против опаѓање, па сега па имам друг проблем - многу ми ја мрси косата. И сега не знам каква комбинација да направам. Дали со шапонот од Бабушка Агафија можам да искомбинирам некој за мрсна коса?!
Можеш, со Green Matcha на Уртекрам, или пак некој друг наменет за масна коса/скалп. Јас, иако имам коса што се масти, веќе не користам шампони за масна коса, туку против опаѓање и за волумен. Мене ми е најголем проблем тоа што на работа носам капа за заштита на косата и тоа ми ја сплескува косата и изгледа мрсна, а не е.
Фала ти Анат. Ќе побарам тогаш на страната на Белина. Мене ми е ретка и без тоа, од опаѓањето и од претходно ретчење на косата и плус многу брзо се мадти и почна многу да ми смета. Значи ја мијам вечерта во 21ч, а веќе сабајле во 11ч шишките ми се мрсни. А косата цела слепена. Мене со шампонот, од Белина како подарок ми пратиле и Green Matcha ама мислам маска. И пробав еднаш и многу чудно дојде, како некој гел кој се лепи и не ставив веќе. Или јас не знам да го користам Ама ќе побарам баш на фб страната и ќе порачам нешто од таму
Ако ти се шишките мрсни наутро, тогаш не е до косата, до кожата е, имаш масно чело. Можеби кожата ти лачи екстра маснотии оти е дехидрирана. Пробај го, ок е шампонот.
Да, прееска напишав уште еден пост, ама не сум го испратила. Мрсна ми е кожата, посебно на челото. Ќе проверам баш за шампонот.
Мене ми е добар регенераторот го ставам на влажна коса претходно измиена со шампон и протриена со крпа. Не ставам ниту маски ниту регенератор на корен, ми ја мрсат косата. Овај регенератор убаво се упива во косата и не ја мрси
И јас го имам, и јас не знаев како се користи, така ми стои Значи без измивање го ставаш? Јас пробав ама некако како да не можам да го разнесам, многу е густ и како да се лепи, не знам дали многу ставам, не знам како да го користам.
Се мие, го нанесваш стои 5,10 мин и после го измиваш. Јас на корен не ставам. Така изгледа како леплив, густ, но кога ќе го нанесиш се впива.
Совет за како да расте повеќе коса? (Машко сум) Значи, не ПОБРЗО, туку ПОВЕЌЕ - затоа што ми се ретчи. Благодарам
Неможам баш да скролам нагоре сигурно има предлози за шампони. Ве молам кажете некој добар за после пораѓај ? Со првото од кога се породив после месец дена ми пагаа значи туфи буквално. Сега очекувам повторно. Дали има некој добар препарат цената не ми е битна ?
Тоа највеќе зависи до генетика... ама еве пример мене кога ми паѓаше косата користев шампон од компирва со сите работи внатре (може погоре да најдеш рецепт) и ептен нови влакна почнаа да ми растат
Здраво,дали има некој одено на преглед за косата кај Др.Анчевски? Имам тенка коса па сакам да одам. Ќе може некој ако бил да ми каже дали вреди? Фала ви однапред
Здраво, дали некој се соочил со Алопеција Аереата? Се појави кај брат ми, прво на едно место и постепено се ширеше, па стагнираше, сега уште на едно место на главата. Провери хормони, тироидната жлезда се е во ред. Имаше еден расипан заб, го извади. Доколку некој имал сличен проблем да сподели искуство. Инаку бевме кај др Анчевски на преглед. Го боцкаа на местото, почнаа нови влакна да излегуваат, но се сосема малку. Ви благодарам.