Дали има некој искуство со некој шампон за опаѓање на коса? Ако може да ми понуди некој поефикасен шампон бидејќи имам проблем многу ми опаѓа косата, благодарам однапред.
Јас ги користам, но само што почнав рано е да кажам за нивното делување. Инаку ги купив по препорака од други членки.
Алпецин тој со кофеин и дражеи на мерц во комбинација многу голем резултат ми дале на мене и на блиски што ги имам препорачано.Лосионот го немам пробано.
За овој збориме? Ако е тој, одличен е. Видливо намалува опаѓање после две-три миења, во комбинација со серумот е доста ефективен. Скоро две години ми е дел од колекцијата шампони, секогаш го имам при рака.
@Annath фала ти. Втор пат во животот така да ми опаѓа косата, немам појма зошто. Првиот пат беше од кната, кога престанав да ставам кна се нормализира косата. Сега не знам зошто. Тироидна, хормони немам проверувано оддамна, се мислам прво да пробам со шампон, серум и сл.
Од корона исто многу паѓа коса да знаеш ако имаш прележано... мислам подобро е да провериш тероидна прво...На мене кога многу ми паѓаше само алпецин со кофеин ме спаси и оние дражеи на мерц
И јас имам проблем со опаѓање на коса, пијам едни таблети, ама сакам да земам и шампон. Еве читам го препорачувате алпецин, па може тој ќе го земам. Прочитав за масло од лук, од фармаси, дали некој го користел? Исто така, една пријателка ми кажа дека имала косопаст, буквално дупки и се појавиле, па лекар дерматолог и препорачал исклучиво да ја мие косата со чај од рузмарин. После миењето, се плакне убаво со чајот, и не се измива. Вика дека ептен и помогнало, па и јас ќе пробам. Ако имате и некој друг совет, пишете
Мене еден период многу ми паѓаше косата, дури ми беше премногу страв и бев на лекар, направив испитувања за тероидна но ништо се си беше во ред, среќаа. Ми дадоа алпецин и дражеи на мерц, ги користев и стварно косата престана да ми паѓа.Самата лекарка кажа дека периодов е таков (летен период беше) дека нормално е повеќе да паѓа косата, а исто и од стрес....Кога го потрошив овој шампон си го напраив тој со копривата и витамините и искрено од овој шампон ми израснаа многу нови влакна сега веќе ми се подолги од шишки Мене и двата шампони премногу ми ја сушеа косата тоа ми беше најголемиот проблем ама битно престана да ми паѓа и ми израсна нова коса.Овој процес не се случува преку ноќ и треба време ама вредеше кај мене. Инаку од корона паѓа косата многу, стрес и од премногу носење на репче...
Zdravo , moze li nekoj da mi kazi kako bese toj shamponot sto se pravese so ampuli , protiv opaganje na kosata i za pobrz rast na kosata??? Vi blagodaram..
@koritsaki јас го користев шампонот на Конопка и да, дава резултати и тоа по само неколку миења. Но, кај мене се појави првут од него и правам пауза сега. Инаку, стварно е многу ефикасен