Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.633
    Допаѓања:
    106.657
    Пол:
    Женски
    Некаде јуни месец забележав почна да паѓа, не премногу, ама немав проблеми претходно. Плус сега не се фарбам веќе два пати месечно како пред 9 месеци (тогаш плава бев)
    Ќе видиме со апчињава резултати дали ќе има (fingers) ќе пишам :)
     
    На ана.1230 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам користено заедно со спрејот пред неколку години.
    Додека ги користев косата не ми паѓаше, кога престанав повторно почна.
     
  3. peperutce777

    peperutce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    141
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Сезона на драстично опаѓање официјално отворена. |(

    Мене претходно ми помогнаа Биотин таблети 3 месеци ги пиев во комбинација со шампонот на Конопка.

    Моментално ги користам шампонот и спрејот/серум на Геровитал, резултат никаков.
    Зголемив внес на витамини, да го дотрошам овој шампон и ќе се вратам повторно на конопка.

    *Кај мене се' е уредно, од хормони до крвна слика.
     
    На baguf4e и koritsaki им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    За сите што користите Конопка, освен во Белина, го нема никаде на друго место?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Во Веро, јас оттаму сум купувала.
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.633
    Допаѓања:
    106.657
    Пол:
    Женски

    Во Космо тинекс го има.
     
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Фала жени, ме спасивте од штрапац :)
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам, сепак удрив штрапац, во Космо го немаше никаде, ми кажаа дека не им го носат извесно време. Во Веро тафталиџе го најдов, го земав буквално последното, набутано кон крајот, сите морав да ги прегледам. Фала ви за информациите, иако ќе беше најпаметно директно од Белина да си го земам. Памет за во иднина :)
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    35.373
    Пол:
    Женски
    Мене шампонот на Конопка за жал не ми помогна. Многу лошо ми реагираше косата на него. Бев упорна и го потрошив до крај, ама без ефект. Косата ми е уште полоша од претходно. По препорака на фризерот, го зедов црвениот на vichy, па ќе видиме како ќе се покаже. Сега за сега, косата ми ја прави многу мазна и убава, за ефекти против опаѓањето рано е сеуште.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    И мене не ми помогна Конопка. До душа, подоцна сфатив дека ништо од Конопка не ми одговара. Не е за моето влакно и тоа е, не се ни замарав да го трошам до крај, го фрлив.

    Презадоволна сум од шампоните на Алверде и си се задржав на нив. Моментално го имам кофеинскиот со зелено капаче. Одличен е. Го комбинирам со Алпецин против опаѓање. Поточно, едно миење со едниот, другото миење со другиот. Кога терам со еден шампон подолго време, пребргу ми се заситува влакното и косата ми се мрси почесто, па така наизменично најмногу ми одговара.

    Ми паднало железото многу, среќа ме советуваа да проверам инаку ќе се чудев што ми е и зошто косава почна да опаѓа вака нагло уште во мај.

    Си купив и Ригенфорте капсули и испив две дози, но од Мерц сум некако позадоволна.
    Полна сум бебешки влакна и многу брзо ми расте косата, опаѓањето многу се смири. Но, мислам дека голем удел има тоа што го бустам железото, веројатно тоа беше проблемот кај мене зашто сè друго си беше во ред.
     
    На crazylady, ана.1230 и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    и мене исто алпецинот и мерц ми беа ептен погодении одма видов разлика во опаѓањето на косата
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Eylan**

    Eylan** Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки нова сум на форумот имам проблематична мрсна и тенка коса и што е најлошо ретка толку многу ми се проретчи што кога ја врзам ми се гледат линии без коса би сакала да прашам дали некој има искуство со ozon gold шампонот и серум против опаѓање планирам да си го купам upload_2021-9-14_22-11-6.png upload_2021-9-14_22-11-6.png
     
  14. Dea.1519

    Dea.1519 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој ги пиел капсуливе, да сподели искуство?
     

    Прикачени фајлови:

  15. the_queen15

    the_queen15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки сакам да поставам едно прашање. На мајка ми многу и опаѓа косата и многу и е изретчена веќе неколку години. Се фарба веќе долго време, но фризерката вели дека не и е од фарбањето па сакав да ми кажете дали некој има сличен проблем и дали знае кое е најдобро решение? Фала однапред.
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Да испита хормони.
     
    На the_queen15 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Јас ги пиев, добри беа но не бев толку задоволна како со Мерц.

    Мерц ми се чини побргу дадоа резултати, ама цената ептен им рипнала. Ригенфорте се далеку поисплатлива верзија.
    Пробај ги, штета секако нема да имаш. Бар ноктите ќе ти станат поцврсти. :)
     
    На Dea.1519 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Што пари се Мерц? Јас користев на Џејмисон и на Натурал Велт, тие што ги викаат витамини за коса, ама некако нема баш ефект. Чекам и @koritsaki да каже збор-два за тие Миволис, кои мислам дека се нешто поефтини.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ги платив 740. Внатре има 60 таблети ама се земаат по 2 на ден.
    Ригенфорте се околу 300 мислам, 30 капсули.
    Единствената разлика меѓу нив е тоа што Мерц имаат малку железо во составот, а некои работи ко селен, цинк беа во поголеми дози кај Ригенфорте.
    Да ги потрошам ќе си купам и јас од овие од ДМ, или ќе барам некоу на iherb.
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Значи поскапи се од овие што јас ги земав досега, околу 500 денари се и Џејмисон и Натурал Велт. Јас имам со биотинот потешкотии, селен, цинк и железо ми се во ред. Да ги дотрошам и ќе ги пробам Миволис, па здравје ќе се пофалам или ќе се пожалам
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.