Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.730
    Допаѓања:
    107.079
    Пол:
    Женски

    Рано ми е да пишам за резултати, ќе чекам неколку месеци за посигурно, на сите вакви таблети мислам им треба време. Правев пред некоја недела крвна слика ,железото под граница ми беше. Сега и железо пијам. Мене и за Солгар таблетите ме интересираше какви се, кај мене тука во Гр читам на нет негативни коментари, по пиењето многу се жалат дека имаат нагони за повраќање од нив.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.407
    Пол:
    Женски
    Немав купено Мерц со години, последно кога зедов мислам и они беа 500 денари, ама ете ги накачиле. Убави се, ама сепак прескапи. Мислам и во нив имаше биотин, ја фрлив кутијата инаку ќе ти сликнев, ама ми се чини ко да имаа.

    А за Миволис ќе кажете какви се. Мене кај нив ми се свиѓа тоа што имаат 60 капсули, два месеци нема да ги мислам бар.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Јас ги пијам 3 месец по ред Биотинот на Солгар и досега не ми се јавил нагон за повраќање.
    Јас сакав да ги пијам тие што се баш за коса и нокти ама немаше такви па морав биотинот да го земам како некоја разумна замена.
    Мислам дека има некој ефект, ма да се мијам и со Алпецин и користам маска на Керастас што е против опаѓање, така што ефектот е можеби комбинација од сите овие работи.
     
    На Ciel и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.730
    Допаѓања:
    107.079
    Пол:
    Женски

    Фала ти за објаснувањето. Која маска на Керастас ја користиш? Јас шампонот на Генесис го земав и 2 недели го користам, бујна ми е и со сјај косата а дали ќе помогне нешто плус,ќе видиме.
     
  5. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    E32263F5-53B5-4ACC-AA2E-0F47683D33C4.jpeg Оваа маска ја користам.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.730
    Допаѓања:
    107.079
    Пол:
    Женски

    Значи од истата линија со шампонот, супер баш сакав да слушнам мислење и за маската. Ама бидејќи косава сега не ми е оштетена , а сакам хидратација се мислам за балзамот од истава линија да го земам.
     
  7. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Дечки имам две прашања. Како до најлесна абсорција на витамините б6 и б12,пред јадење или после јадење? По две или три таблетки на ден?
    И фолна киселина и јод, дали може да се набави во аптека?
    Ми се јави косопад после короната пропратен со промени во вредноста во железото, па би сакала со помош на суплементација од секаков вид да ги подобрам двата проблема. Ви благодарам.
     
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    7.275
    Пол:
    Женски
    Мораш со доктор да видиш тоа, затоа што јас конкретно имав промени во вредностите на биотинот и колагенот, а железото беше во ред, а крвта појачана (што и да значи тоа медицински гледано). Мислам дека не мора секогаш опаѓањето да е врзано со железото, во мојот случај баш Б витамините се проблем. Доктор најубаво ќе ти каже бидејќи може да има врска и со тоа каков тип суплементи се, не знам дали постои едно општо правило. После корона и мене косата буквално ми отпадна, уште не сум решила ни 10% иако поминаа 6-7 месеци. Долга борба ќе биде изгледа.
     
  9. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Имам проверено. Конкретно ми треба совет во врска со суплементација.
    Односно ми треба да знам дали може да најдам јод и фолна киселина во аптека и дали се истите во ликвидна или тврда форма како таблета.
     
  10. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Каде испита биотин и колаген? И како точно го третираш опаѓањето? Со кои суплементи и дали нешто друг плус правиш?
    Фала ♥️
     
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    7.275
    Пол:
    Женски
    Бев на анализа со биорезонантен скенер, пред пандемијава. Дискутабилен е колку е веродостоен затоа што традиционалната и алтернативната медицина се секогаш во контраст. Јас отидов од љубопитност, и искрено, задоволна бев од точноста на резултатите. После ти шиткаат и суплементи, ама тоа не купив, не беше ништо сериозно па пробувам со храна да решам некои работи. Така што тој скенер чита и минерален и витамински статус, меѓу другото и хормонски статус и ред други работи кои не сум мислела дека може да се видат. Не знам дали смеам да пишам каде, во Грин Ворлд (ќе си ги гуглаш бидејќи не знам дали постојат уште). Проблемот со опаѓањето се интензивираше особено откако прележав ковид, сега користам Конопка серум и шампон, обични суплементи за биотин (иако прашање е колку и како се апсорбираат пошто имам и други потешкотии), природни маски, јајце, пиво, повеќе протеини и скоро ич јх и шеќери во исхраната и многу вода. И што помалку фен, иако мене ми е ова ептен тешко затоа што вежбам скоро секој ден, се потам, нормално се бањам и сега е посвежо па се сушам. Мојот совет би бил да испробаш и да видиш што тебе ќе ти помогне.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    25.929
    Пол:
    Женски
    И порано пишав и сега ќе потврдам дека само капсули PHYTOPHANÈRE ми помагаат. Сега користам и таков шампон, од Бугарија земени. Ниту Мерц, ниту Алпецин, ниту шампони на база на лук со разно-разни витамински ампули не ми помогнале низ годиниве.
     
    На simoncelicius, душленце и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Здраво женски. И мене почна оваа недела да ми паѓа косата повеќе од пред тоа. Тропам ако пред тоа ми паѓаа по 5 6 влакна на секое чешлање, сега и без да ја исчешлам ми паѓаат по 10-15 влакна. Тоа почна сега од пред недела и пол, имунитетот ми е паднат овие 2 3 дена ако има врска нешто тоа. Прочитав можело да е генетиката, стрес или некоја болест, е сеа дека сум и плус анксиозна, тоа болест ме исплаши малце. А и со стрес овие 3 месеца сум фул.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.675
    Допаѓања:
    202.262
    Пол:
    Женски
    Во есен секогаш паѓа косата. Ништо не се 10-15 влакна дневно.
     
    На Glowy и душленце им се допаѓа ова.
  15. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.455
    Јас да споделам искуство. Од средината на август до крај на септември многу коса ми испаѓа. Нормално секој октомври ми паѓаше ама малку, овој пат беше нешто страшно мислам пола испаѓа. Купив шампон рускиот за паѓање и лавера за зајакнување на влакното и рицинусово масло. Масло ставам пред миење на коса 2 пати неделно и држам најмалку 15мин. Вода од ориз понекогаш оти не ми текнува. И ја потшишав. Сега не ми паѓа многу но уште ми е жална (вака не ми беше у прво одд) сепак се надевам ќе убрзат новите влакненца коса.
     
  16. bluepancakes

    bluepancakes Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj gi ima koristeno i iskustvo da spodeli?
     

    Прикачени фајлови:

  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.788
    Допаѓања:
    16.573
    Пол:
    Женски
    Има јод и фолна суплементи. Прашај во аптека ќе ти дадат.
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам купено пред некои две години ама не успеав да ги допијам бидејќи откако ке го испиев апчето за некои 10тина минути почнуваше да ми се јавува нагон за повраќање. Веројатно не му беа погодени на мојот организам.
     
    На bluepancakes му/ѝ се допаѓа ова.
  19. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.455
    Исто како Ивана-Ива и јас ги пиев и по кратко добивав нагон за повраќање. Пола пакување испив ништо не добив.
     
    На bluepancakes му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bluepancakes

    bluepancakes Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    A dali mozebi ste probale Merz ?