Не сум, немам искуство на листата ми се. Има едни витамински од А до Ш да ги допијам зимам Мерц за нокти и коса.
Јас ги немам пробано. Пред некој ден една познаничка ми ги пофали многу фитовал ама лично јас ги немам користено ни тие.
Некои капсули се тоа? Колку чинат дали знаеш? Знам дека имаше и шампон Фитовал и беше многу ефикасен, баш се прашувам дали сè уште го има. Едно време мислам дека беше повлечен од продажба, или пак јас не сум можела да го најдам тука во околинава.
Дали некој го имаа користено шампонов против опаѓање? Ми го препорачаа во аптека, ама сакам да прочитам уште некое искуство плус.
Да, капсули се и мислам дека беа околу 300 денари. Меѓутоа кај нас се дефицитарни, ретко во која аптека ги има. Другарка ми најчесто ги порачува по некој ако оди во Србија или Бугарија.
Јас го имам користено. Приметив дека не ми паѓаше толку косата, не знам дали од шампонот или нешто друго, ама мислам помага. Пробај го.
Луѓе купив мерц најмногу за ноктите оти ми се листат и пукаат на сред, сеа па и со ладното катастрофа ми се. Прва недела ги пијам и рано е за резултати но имам едно прашање го тие шо ги имат пиено. Имате апетит коа ги пиете?? Јас првите 3дена само еднаш јадев и немав апетит, а нормално си јадам по 3пати. Еден ден не ги пиев утредента ми се врати апетитот. П.с. Неќам да слабеам
Мене не ми сменија ништо со апетитот, сè си беше исто како и претходно. Може се поклопило со нешто друго ова со немањето апетит, ама можеби и не ти одговараат. Тоа мислам сама најдобро ќе си приметиш.
Здраво, предложете нешто против опаѓање на коса.После раѓањето на второто дете почна многу да ми паѓа еве скоро 2 години но во последно време почна ептен да се приметува.Користам шампон на Д-р Туна ама нема ефект исто ставам и Ореово масло ама нема подобрување. Ве молам помогнете.
Не знам дали си го пробала шампонот од лук од Афродита,тој од 1литар.Иако е многу ефтин, исто како космодиск изгледа блесаво ама функционира.
Го ставам на скалпот и потоа правам блага масажа за да поттикнам циркулација. Преспивам и утредента ја плакнам косата 2 пати со шампон.