Постковид се изнамачив да си ја вратам косата во нормала, континуирано опаѓање скоро година дена дури сега се среди конечно. Нема што не пробав - лук, шампони против опаѓање (Фолтен, Виши, Еуцерин, Конопка, Алпецин), ампули, серуми, масла, ништо не делуваше. Сега "добитна комбинација" ми се шампонот против опаѓање на Insight и витамините од Solgar, опаѓањето престана, почна да расте нова коса насекаде и на радоста ѝ нема крај. Спојлер
Фала ке го потрошам овој што веке го зедов и потоа веднаш ке го купам овој,а витамините може веднаш па ке видиме
јас имам приметно мене коста највише ми паѓа кога имам недостаток на некој витамин ...дали вие имате искуство со тоа?
Мене ПРЕМНОГУ ми паѓаше косата после породување, плус две операции, плус стрес, плус претходно ми беше бланширана, буквално ги имав сите фактори кои придонесуваат за опаѓање и ми помогна Bioxsine шампонот и серумот, буквално после две-три недели престана да ми паѓа. Е сега, дали си престана само од себе, дали беше шампонот не знам, ама ете да споделам искуство, ама мислам шампонот имаше најголема улога.
Нагло преобемно паѓање на косата. За 2 недели пола коса ми падна. Да трчам по лекари и да правам крвни слики? Пробав шампон со лук, нема ефект...
На почетокот на есента многу почна да ми паѓа косата. Јас скратив околу 10см. Двапати ставив од маската што си ја правам со сув квасец и престана да опаѓа.
Единствено нешто што ми има помогнато за да ми се згусти косата е оваа маска. Откако ја открив редовно си ја користам. Може и од тука да ја имам видено. Сув квасец(не прави со замрзнат) Лажичка мед Две лажици големи млеко тоа е оргиналниот рецепт. Јас му додавам и кокосово масло(кога има додадено масло не нараснува многу) Се мешаат сите состојќи во пластичен сад и се остава да нарасне околу 20 минути. Така ќе стане погусто како маска. Се нанесува на скалпот, а потоа главата се замотува со ќесе. Така треба да стои најмалку еден час, а колку подолго тоа подобро. После убаво се измива со шампон. Ако има интензивно опаѓање на косата се става два пати неделно, 4 недели, па пауза. Иначе доволно е еднаш во неделата.
Шампонот е 330-340ден. во ДМ. Шампонот како шампон не е јак, но има разладувачки ефект. Солгар мислам дека ги земав на попуст од Зегин, не се сеќавам точно, мислам околу 450-500ден беа. Ако ти се скапи Солгар, пробај ги тие од ДМ, јас ги зедов пред некој ден па да видиме како делуваат.
Здраво. Се работи за дечкоми. Тој има прележано корона и поради стресови косата му се има проретчено околу 20 проценти. Тој имаше многу густа и здрава коса, а сега му е сува и има чешање на скалпот. Сакам да прашам дали го имате ова користено и дали сте задоволни за да го порачам. Исто така дали имате искуство со дермаролерот?