После порагај ми паѓаше многу, баш како на тебе. Мене ми помогна од Афредоита шампонот на база на лук.
@koritsaki железото ми е 25, хемоглобин 130 Ваква крвна перфектна не сум имала одамна, tsh 2ипол таман Сепак пост ковид е нешто...
Штом се е во ред со к.слика и хормони тогаш можно е да е пост ковид. Продолжи пиј ги Солгар витамините јас знам дека најмалку три месеци треба да поминат за да видиш некое подобрување
Јас после 3 месеци го решив тој проблем со косата со помош на домашно изработен серум од девојка која го изработуваше за сопствени потреби и потреби на блиските. Со оглед на сопствените позитивни резултати како и нашите постигнати резултати од тој производ, после долги направени проби и експерименти конечно почнува со сериозна изработка преку инстаграм и достава така што не мора да патуваме до нејзиниот град за да набавиме од серумот. Ова е лична препорака и не е никаква реклама. https://www.instagram.com/hairboosterserummacedonia/ Да избираме природни домашни производи и пробуваме пред да почнеме да се труеме со апчиња зошто најчесто во природните производи се крие лекот! Ве поздравувам!
Имам долга коса и никогаш сум немала проблем со опаѓање освен она нормалното. Но пред две/три години почна во одредени периоди од годината да ми паѓа премногу, претпоставувам од стрес, и нема нешто што не го пробав од маски и шампони. На крај спасот го најдов во шампонот од лук на Фармаси, косата мислам после три миења ми се опорави и ми живна. Само споделувам лично искуство, затоа што сум презадоволна (не продавам Фармаси производи ).
Женички кажувајте нешто против опаѓање на коса ова веќе не се трпи само паѓа и само збирам и насекаде ја има. Нон стоп сум со фатена коса поради малата и пак насекаде влакна.
Мене пост Ковид ми паѓа. Пред 2м почна страшно да паѓа, пола ми падна буквално. Што не користев и најголем ефект ми имаат едни ампули од кај мојата фризерка што ги земав. Кога се ставаат на глава жеже, лади, пецка, ама се е тоа нормално, ја подобрува циркулацијата. И земав и на свекрва ми, исто и она примети дека помалку и паѓа после нив. Прашај во фризерница LOVIEN ампули.
Намали малку, не е волку многу ама паѓа уште... Се друго ми е супер, добивам на време, кожата ми е одлична. Добив завчера, нареден мензис ако уште паѓа ќе земам упат за хормони...
Може и од полицистични јајници да опаѓа косата, како и да е на олку паѓање треба специфична терапија , а шампоните толку немаат дејство, масажа на скалпот со некои ампули можи да треба, пиење мн витамини и намали со фарбите сега засега. Али ти иди редовно, сепак напрај едно ехо во секој случај.
Сакам да споделам искуство. Отсекогаш сум имала прегуста коса, но минатата година видно ми се намали, па почнав да ставам Биоксин серум и паралелно да пијам Б витамини. Сега косата не ми опаѓа (не како порано, сепак нормално е нели малку), обновена е и се обновува (тоа се приметува од антените ).
Не ја имам фарбано од Декември, ставам ампули, користам шампон против опаѓање и пијам витамини... Имам и нова, ситни мали антени. Само на толку падната ќе треба време за да се обнови...
Шампон за брз раст на косата Состојки: 1 литар шампон од лук Афродита 30 мл коприва капки 10мл АД капки маслен раствор 50 мл рицинусово масло 100 мл раствор од Пантенол 2 ампули витамин Б Отворете го шампонот и преспиете 250 мл во друг сад, така што во шишето да останат 750мл. Додадете ги сите погоре наведени состојки и затворете го чепот. Пред секоја употреба добро протресете го шампонот. Шампонирајте двапати, така што вториот пат држете 5 минути на косата. При секое наредно користење прво протресете. Шампонот сосе сите наведени состојки кошта некои 600-700 денари, но трае долго и многу е ефикасен против опаѓање на косата
100мл пантенол е премногу, ќе го пресуши скалпот и може да предизвика проблеми. Не играјте играчки со вакви рецепти.
Добро е, видно подобрување имам. Уште претходното миење ми падна помалку, ама ај викам нешто случајно да не било, но еве пак и денес и во миење малку падна и ова на сликата доле е чешлање по миење. А и дома не е коса насекаде како што беше и на влечење на сува со рака не ми паѓа. Има огромна разлика. Витамини не продолжив да пијам, само магнезиум што си зимам и Неуробион. Шампонот од ДМ го користам и ампулите од фризерката. Спојлер: Разлика пред и сега. Дали време и беше по 2м лудо паѓање да престане сама од себе или пак се што користев помогна колку толку... И вакво освежување одамна не сум имала. Земав регенератор на Pantene, на попуст ви е во Веро, овој и други типови. Преубава ми ја направи косата, уште во миење осетив дека ќе ми биде свилена, па и плус преубав мирис има кој трае И ништо не ставив плус по миење, многу лесно се исчешлав како да сум ставила спреј за расчешлување.
Здраво на сите имам голем проблем со паѓање на косата.Буквално од многу густа и долга коса ми се проретчи,дури и странично многу ми се познава скалпот.не можам да ја фатам со шнола.Пред 4 месеци прележав ковид матичната ми вика од тоа е ќе се среди но мене многу ми е страв буквално кога се мијам цела када е со влакна нљ чешњлот кога се чешлам куп влакна,кога ќе поминам со рака исто влакна.Да предложите некој шампон,или ампули кои имаат ефект,гледам доста го фалат др.Конопка ако има некој искуство нека ми одговори.