Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски
    Дали некој ги пробал шампоните од БиоНатурал ве молам споделете искуство чинат околу 1000 ден, не ми се фрла пари ако не се квалитетни, благодарам
     
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.102
    Допаѓања:
    26.954
    Каде може да најдам сапун од коприва?
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.385
    Женски кажете што сте превземале со паѓање коса после породување? 4 и пол месеци поминаа откако се породив до сега немав никаков проблем со косата преку ноќ почна да ми паѓа и тоа многу. Пијам фемибион 2 сеуште поради доењето, ама нешто друго дополнителни да предложите?
     
  4. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.734
    Допаѓања:
    140.088
    Девојки, дали сте ги користеле новите шампони од Фармаси против опаѓање? received_3085656294989712.jpeg
     
  5. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Искуство со Vichy Dercos Aminexil?
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    И мојата коса почна да опаѓа после ковид, па и со пролетново опаѓање ќе биде забавно осеќам уште од сега. :doh:

    Презаситена сум од Алпецин зашто не знам колку шишиња потрошив минатото лето и сакав да земам нешто ново.
    Bioxsine шампон која од вас користеше, @Antolinaa дали беше ти? Извини ако сум те помешала со некоја друга девојка. Не ми се земаше на слепо демек и на крај пак така купив.
    Gerovital ми дадоа во аптека. Прв пат го купувам шампонов, поим немам како ќе се покаже. Solgar зедов витамини за коса, а пијам и железо зашто пак кружи околу долна граница па докторката ми рече да преземеме мерки за да не падне уште повеќе сега пролетниов период.

    Белким нема да ми попаѓа пола коса. :sweat:
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    Солгар таблети за нокти,коса и кожа.. Најдобри се... Можеш шампон алверде со авокадо витамини од б, ад капки, коприва капки... Јас ставам од шампонот, па минам со дермаролер и имам доста напредок...
    Можеш да провереш железо, може и тоа да е причина...
    За да пиеш солгар консултирај се со лекар или фармацевт, бидејќи си доилка.
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    18.048
    Сиот стрес откако почина мајка ми резултираше со косата да ми паѓа ненормално.
    Со Геровитал ( шампон+ спреј) средив после короната.
    Е после бидна што бидна и тооооопки коса ми паѓаа. Испив Солгар 3-4 кутивчиња, и сега да чукнам во дрво сум раат.
    Ниту на секојдневно чешлање ми паѓа ( 10тина влакна на четка дали има) ниту ако фатам преку ден да ја поминам со рака па да ми отпадне нешто.
    Инаку бев ужас. Од густа коса, што ниеден стегач не ја држеше можев со мало ластиче да ја врзам. После миење коса сифонот не се гледаше.:worried:
    Сега и бебешки ми никнаа па кралот лав сум (facepalm)
    Кој ме праша, каде и да стигнам Солгар таблетките ги препорачувам.(y) И ноктите ко луди ми растат од нив плус.

    Мишелке за железо пробај гроздов концентрат. Јас немав проблем со железото, но сите блиски што имаа после 1 шише испиен гроздов концентрат од Тиквеш крвната слика им беше стакло.

    П.С. извини што касно враќам. :drunk:
     
    На Annath, Mishela и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Немај гајле @Antolinaa, фала ти многу. Ќе земам и спреј Геровитал, штом ти помогнале ќе им дадам шанса. Засега шампонот ми е добар, ме изненади навистина, мислев да не ме наполни со првут ама добар е.

    Те читав тогаш за Солгар, затоа и ги зедов. А за железото јадам семе од коприва со мед домашен. Ќе најдам и гроздов концентрат, белким не е грозно на вкус. :sweat:
    Медов ми е хорор, мразам мед. :D
     
    На OmniaVanitas и Antolinaa им се допаѓа ова.
  10. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    18.048
    @Mishela Па е малкуцка ко да лижеш железо, ама со лимон замешано не се сеќава. :tmi::rofl:

    Се зафркавам, има посилен мирис малку ама не е грдо за пиење. (бар мене неколку пати од радозналост што имам пробано).
    Не се ни пие многу, во чаша од 200-250мл колку пола цм на газер од концентратот ставаш, другото вода и лимон за ем да "врзe" железото ем да не ти е бљантаво. :)
     
    На OmniaVanitas и Mishela им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.121
    Допаѓања:
    180.834
    Какво е тоа семе од коприва со мед, го купувате готово или го спремате некако?
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.648
    Допаѓања:
    35.364
    Пол:
    Женски
    Мелено семе од коприва се меша со мед. Јас вака и правев на ќерка ми кога беше анемична.

    И мене мноооогу ми паѓаше косава, сега веќе не. Комбинирав на Виши црвениот шампон со Insight лосионот и шампонот. Исто пиев и од Солгар витамините.
     
    На Biljarkata и prashinka им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    На екс значи да дрмам. :DИзмешано во лимонада ќе прогура некако. Ќе набавам, фала ти. Ако повеќе ми се свиѓа на вкус ќе продолжам со него.
    Денес не ми падна толку коса, ама ќе треба време да се регенерираат проретчените делови. Се немав приметено јас, фризерката кога ме шишаше ми сликна да видам и мислам уште толку се истрауматизирав дека ќе останам и без таа малку коса што ја имам. :|
    Ајде белким ќе се среди поскоро. Фала уште еднаш. :f:

    @Biljarkata, мајка ми ми го направи миксов, ќе препрашам како точно одат дозите и ќе пишам.
    Само знам дека од Биокосмос е семето од коприва (во кесичка мала е спакувано), медот домашен и толку. Не знам дали се додава уште нешто, ќе прашам и ќе пишам.
     
    На Antolinaa и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Јас имам купено и готово кога бев бремена јадев, од Кисела вода има една продавница за мед, пчелни производи хепи, мала тегличка мислам беше околу 300 денари.
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.121
    Допаѓања:
    180.834
    Би била многу благодарна:bow::)
    Немам опција да го купам, ќе мора да го спремам.

    Сега ја прочитав @An-na . Кој сооднос се меша?
     
    На Pea и Mishela им се допаѓа ова.
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Една лажица мед со една лажица семе од коприва.
    Наутро на гладно:)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    100гр мелено семе измешано со 500гр мед. Најдобро било да е мелено за подобро да се дигестира. И земаш ској ден наутро по една голема лажица.

    Семе од коприва би требало да најдеш во некоја продавница за здрава храна, или на амазон ако се наоѓа - поим немам за ова, може се глупирам :tmi:, ама онака ми падна на памет само па давам идеи.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Mishela оф топик ама можеш да пробаш да ставаш од семето од коприва во смути или овошен јогурт ако веќе не ти се допаѓа со мед :)
     
  19. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    155
    Zdravo
    Samo sto pocna da mi raste kosata i ubavo da se zgusniva ima nedela dena strasno mi opagja, dojam 4 mesecno bebe, ama svarno strasno mi opagja durii mi se place,strav mi e veke da se ceslam, ja facas kosava neznam Kolku vlakna pozemi,vo race,na cesel da ne mozis da gi doberesh i niz cela kujcaa,sekoe tusiranjee osekjam po telovo kako opajga celi topcinja vlakna od kosava, samo sto se zdolzi katastrofa se oslabe ne sakam da ja sisam edvaj porasna, sigurno od doenjevo mi e vaka,sto mozam da napravam molam za pomos???
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.278
    Допаѓања:
    76.362
    Пол:
    Женски
    Ништо за жал, тоа од хормоните си паѓа и кога ќе и дојде време сама ќе престане... Можеш да користиш нешто за да и помогнеш за отпосле да се опорави. Има доста препораки низ темава, читни 2,3,4 страни уназад.

    Мене да ви кажам сега влакно не ми паѓа, а не користам ништо, сепак време си требаше да престане да паѓа. Имам нова еден куп, како перика да носам сум моментално, цела дигната ми е нагоре од новата коса. На толку падната, очекувано беше да бидам како искубана кокошка. Сеа година дена ќе ми треба за да легне асално...
     
    На glisa му/ѝ се допаѓа ова.