Дали имате користено шампони од Тианде за опаѓање на косата? И ако имате како сте задоволни, дали вреди да се проба?
Јас, меѓутоа како и на многу други феминки, ми ја мрсеше косата, па користев дополнително и 2 шампон, тој период го користев паралелно и шампонот за волумен на Конопка.
Тој ми беше поокеј, не ми ја мрсеше косата толку иако не увидов wow резултати. Барем кај мене беше така, нека сподели и некој друг искуство.
Ги пијам таблетите од Solgar, ама многу големи ми се за голтање . Па и по две се пијат … ќе се задавам некој ден. Дајте предлог со кои да ги заменам?? Еден месец скоро како ги пијам, и за опаѓање на косата и за ноктите,резултати видливи не приметив до сега, а и рано е мислам.
Мене овај месец ми паѓа многу само кога ја мијам косата, тие два саати од кога ќе ја исушам чудо значи катастрофа... Ја мијам два пати неделно. А другите дена не ми паѓа освен нормално по некое влакно. Не знам зошто никогаш кога сум ја миела не ми било така. Последниов месец веќе кога ќе треба да ја мијам ме фаќа паника и воопшто не сакам да ја мијам а морам. Ем ми паѓа ем ми е многу долга и ми изгледа како којзнае колку да ми паднало. Со кого и да правам муабет секој ми вели дека овој период било така. Имам многу нови бебешки влакненца, значи се обновува ама пак ме фаќа паника беспотребно.
Ако ти се исклучени медицинските можности за опаѓање коса, како :хормонален дисбаланс, анемија, пореметување на штитната жлезда,недостаток на железо,протеини, тогаш може да е и период. Исто може да опаѓа и кога држиме диети. И мене ми опаѓа последниов месец и тоа не само на капење,туку и во секојдневното чешлање. Имам хормонален дисбаланс јас.
Јас пијам терапија за тиродина, а може имам и хормонски дисбаланс. Ослабев 16 17 килограми, сигурно се има собрано се. А како се испитува хормонален дисбаланс?
Мене ми испитаа преку крв, сега пијам некои таблети на природна база, па за 6 месеци на контрола сум. Ако продолжи да ти опаѓа , направи си една контрола,чисто да не ти е мисла.