Има период кога паѓа многу, мене секогаш многу ми паѓа кога завршува летото, почеток на есен, сум приметила. Се што ти наведе членката може да биде причина за опаѓање. Штом ти е долга многу косата, потшишај ја, земи некој шампон за против опаѓање, стави некоја витаминска маска, малку да се управи.
Моја комшивка си ја миеше косата со шампон од лук бидејќи ѝ паѓаше. Пробајте го тој шампон и вие што имате таков проблем, па можеби ќе го решите проблемот. *Залудно е да користете разни производи од козметика ако имате многу стресови и нервози.
Мене почна повторно да ми паѓа .. исто како на есен/пролет кога се регенерира. Не знам од каде да почнам да испитувам веќе. Врти сучи со три влакна сум константно на главата
Мене многу ми паѓа кога ќе ја измијам, еве баш сега... А другите дена се е во ред не знам веќе што да мислам како може кога ја мијам толку да ми паѓа... Оффф ќе пукнам ми е страв
Па два пати неделно ја мијам, и не ја носам многу често во висок реп туку низок за на работа. Последниов месец дена ми е така. Ќе одам утре упат да земам за тироидна пак да испитам иако пред 2 месеци испитав и си пијсм терапија, може ми е мала не знам. Се мислам да беше од тоа ќе ми паѓаше секој ден многу
И јас очекувам кај и да е пак да почне да ми опаѓа. Таму некаде околу средината на август до кај октомври секогаш ми се појавува есенско опаѓање и само од себе прекинува. Таман ми порасна нова коса и бебешките влакна станаа прамени, пак ќе се збогуваме. Дефинитивно ми помогнаа Solgar витамините за коса и планирам од следниот месец пак да почнам со нив. Од шампоните што знам, Геровитал зедов ама некако не беше за мене. Премногу тешка формула, ја правеше косата тешка и делуваше како немиена, ко тесто ми ги правеше некои делови од косата. Ќе пробам со Bioxsine ако имам потреба, а до тогаш ќе мијам коса со Алверде. Ги имам тој со кофеин и еден со микс од 7 билки и ги користам наизменично, навистина одлични ми се покажаа за мојава коса. Извини, се надоврзав некако непланирано на твојов пост.
Јас го користев порано и навистина имаше ефект првото шише,ама второто шише почна перут да ми створа и страшно ме чешаше. Да,мене. Цел стан е со влакна… Објаснување немам. @Mishela за бебешките влакна не си сама. Моите се двојно поголеми од што беа. Нема спас мислам.
Јас цел живот ја мијам со шампон од лук и баш ми е убава, единствено што слабо волумен даваат тие шампиони аа воопшто немам ниту перут ниту ме чеша, зависи до кожата и влакното
И мојата исто, мислам дека и затоа немам волумен Ама како и да е да не бегаме од темата, за опаѓање лук најмногу помага Комшија ми имаше кругови со скроз отпадната коса, му препишаа секакви мастови ништо не му помогна, почна обичен лук да трла на местото и по неколку дена почна да му расне така даа..
Дали знаете отприлика колку влакна ви паѓаат при миење и при чешлање?Колку е нормално?Јас сега баш ги избројав кога се чешлав околу 35 беа...Мислам дека тоа се многу.А при миење исто околу 30-40 ми паѓаат.Ваши искуства ако некој брои
На секое проаѓање низ коса ми е вака. Чаре не знам ни јас веќе. Само од себе почнува и само од себе прекинува, ама дур трае ми личи трагично пошо многу ми паѓа.