Мене ми е уште полоша, лопки коса ми паѓаат насекаде има мои влакна, почнав да користам од дм апчиња за коса па ќе видеме дали ќе има подобрување
https://www.zegin.com.mk/mk/solgar-vitamini-za-kozha-kosa-i-nokti-60-tableti Овие таблети против опаѓање на коса ги користите?
Не би знаела да кажам затоа што никогаш се немам заинтересирано за ова. Ми беше битно само да се добри, а овие се покажаа навистина супер.
Дали го имате користено шампонот на revalid за стимулација на раст на коса виолетово пакување и тој за првут сино пакување, и дали ви помогна , и дали можам да ги пијам солгар таблетите имам 19 години.
И мене почна овај период да ми паѓа, можеби е од премногу сонце па се обновува, али ми е страв да се измијам мислам дека без коса ќе останам
Луѓе дали од стрес паѓа коса? Пред 5-6 месеци доживеав огромен стрес кој траеше месец дена и сега пола коса ми ја нема. Дали ви се има случено? И нешто за да спречам понатамашно опаѓање?
Да, можно е од стрес. Ама можеш да си направиш испитувања, хормони и крвна слика да видиш случајно да не е друго проблемот
Направив одма штом видов дека половина коса ми ја нема, се беше во ред освен слабо крвна што беше нормално зашто многу малку јадев во тој период. Ти благодарам
Железото ниско ти е? Мене ми беше лани многу ниско и пиев едни апчиња и се среди, престана да опаѓа. Хормони и тироидна се ок беше
Да, анемична ама воопшто не јадев тој период, а и да јадев неможев да задржам во себе храна или вода и кога се свестив пола коса ја немав. Не рекле за џабе стресот е најлош. Јас пијам витамини, и почнува малку да си расти baby hair приметувам. Инаку многу мие жал и тебе што ти се случило нема пострашно од паѓање на коса кај девојка..