Овие три месеци се смртни за мене особено после миење.. Дали е период или нешто не знам ама после миење ми е недај Боже опаѓање до бесвест. Инаку за нови бебешки полна сум премногу имам. Не знам дали е за паника или не. Мене никогаш олку не ми паѓала никогаш. За тироидна си пијам терапија и то е то. Не знам дали железото.. Ама многу ми е страв.
Ќе направам, иако направив декемврито и ми беше супер ама после тоа почнав со слабеење и доста намалив во килажа. Ќе направам понеделник обавезно.
Маслото е многу добро за опаѓање на коса. Рицинусово, маслиново, кокосово. За нијанса ја потемнуваат косата, но ми ја прават помека и помалку ми паѓа.
Здраво, Постот ти е стар, но те молам доколку си уште ативна на фпрумов пиши ми како успеа да го намалиш опаѓањето? Цело лето многу ми паѓа косата, претходно ми беше ретка, но сега си го гледам целиот скалп... користев шампон со витмини Б, роцинусово и се што слушнав дека се става но ништо. Земав од таблетите во зегин за опаѓање, но ништо. Го земав шампонот на геровитал, приметувам при миење помалку ми паѓа од него, но на чешлање и преку ден е ужас... Оваа недела ќе проверам хормони, за тироидната пијам терапија. Железото ми е ок. Веќе сум под стрес секогаш кога се бањам.... Било кој да сподели искуство, би била благодарна!
Не знам дали е нормално ова… Ова е од утринава,а уште волку имам на под сега. Многу паѓа,инаку тироидната ми е ок.
Ја проверувам еднаш месечно, веќе година дена пријам терапија. Ќе пробам со пивски квасец, ти благодарам
Период на обновување е и мене при едно чешлање ми паѓа вака.. Значи да не се стресирам за џабе и само јадови да си правам. Мене кога ја мијам ми паѓа од ова на сликава уште едно 4 5 пати плус и само тој ден сум загрижена.
Исто и мене, скоро 3 месеци ми паѓа интензивно. Со шампонот на геровитал приметив дека помалку ми паѓа на миењето, но на чешлањето е хорор... Сега го земав и серумот на геровитал и ќе пишам дали имс ефект. Јас и онака имам ретка коса, сега сум ужас...
Дали некој го има користено organic shop шампонот за зајакнување со алги и лимонова трева? Препорачајте ми шампон стриктно за против опаѓање и зајакнувањето на косата и за раст на нови влакна од кои навистина сте имале резултати.
Второто шише го дотрошувам, пошто ми е предолга ставам од лук од алкалоид па после од виши, во комбинација со ампулите ,предобра колекција е . Скапи се, ама вреди
Јас имав проблем со опаѓање на коса поради лекарста, а и поради стрес. Сега многу помирно живеам, ама косата дефинитивно ми ја опорави тоникот од Тианде, не верував дека вака ќе ми делува. Лани есента истрошив две шишенца и косата ми се поврати. Косата само на темето ми паѓаше, и само таму ставав од тоникот, на другите места ми е густа и немав потреба. Бидејќи иде есен и тогаш обично знае многу да ми паѓа, планирам и сега од септември со едно шишенце да пројдам, да ставам само после миење, не секој ден. Знам случај со една жена, каде што поради трауми целата коса и ја немаше, значи и трепки и веѓи. А со оваа колекција и се поврати и сега дури и репче може да си врзе. Ама она ја користеше и маската и шампонот. Не верував дека ќе биде ефективно, ама после препораката од женава, и кај мене видов супер резултати.
Здраво на сите! Маката моја почна одамна користев head&shoulders шампон и ок е ама сакав да сменам и зедов шампон на афродита од коприва како поприроден после 2ро бањање кај мене се прави првут и морам или да се вратам на h&sh или да користам кетоконазол мислам се викаше шампонот. (било кој шампон да користам псвен head&shoulders одма ме чеша глава и се појавува првут) Плус тоа пред бременост мнооогу ми опаѓаше косата ама многу што се плашев дури и во бременост прекина опаѓањето целосно и се згусти убаво косата. Сега после породување не користев h&sh и пак по некое време се врати првутот и косата почна ама мноогу да опаѓа значи по цели снопчиња ми се чини излегуваат ако повлечам или при чешлње и си јагледам косата дека е изретчена бааѓи. Исто пред бременост имав виткана коса сега е права целосно. Иначе да напоменам во бременост почнав со еутирокс и уште го пијам. Секој совет е добредојден
Биоксин шампон и витамините за кожа, коса и нокти на Солгар. Шампонот не знам колку ќе ти помогне против првутот, ама за опаѓање со апчињата мене ме спаси, страшно почна да ми паѓа после 3 месеци од пораѓај, по полна шака буквално влакна имав на едно чешлање, а кога миев коса да не зборувам... Морав над крпа да се чешлам. Плус шампонот, мене барем, многу убава ми ја правеше косата.
Рицинусово масло и неколку капки есенцијално масло од чајно дрво (во аптека) и потоа се миеш со бебешки шампон Косили два пати.