Јас го земав биоксин со црн лук, дали си го пробала? Утре ќе ја измијам косата прв пат со тој шампон во аптека ми рекоа дека бил супер , мене ми паѓа кога се мијам, а вака во текот на денот не баш, планирам да ги земам на солгар или мерц дражеи , како ти помогнаа солгар?
Го користев тој во бордо пакување што е. Иначе, читав за Мерц искуства од корисници дека многу отварале апетит, па затоа се одлучив за Солгар и сум задоволна.
Помага. Ставаш малку на рацете и најважно на коренот да го втриеш. И да, ја мрси привремено додека го ставаш такво е маслото, но треба да ја измиеш косата 2 пати потоа. И овој третман со рицинусово, ја мачкам косата еднаш неделно, но ако ти паѓа многу, тогаш 2 пати неделно.
Да си земеш убав балсам. Гарниер whole blends. Еден жолт неможеш да го утнеш. Или ако толку ти ја заплеткува косата, смени шампон.
Некој искуство со рецептов? -Шампон од коприва (обичен, литарски) -Пантенол 100 мл (воден раствор) -Капки од коприва 30 мл (едно шишенце) -АД капки, 30 мл воден раствор (едно шишенце) -Рицинус масло 50 мл -2 ампули витамин Б *сите состојки се купуваат во аптека. Постапка: Во 750 мл шампон од коприва измешајте цело шишенце пантенол 100 мл, цело шишенце капки од коприва 30 мл, цело шишенце АД капки и рицинусово масло.
Може да те замолам да ми сликаш какво е маслото од рицинус? Исто слушнав дека помага масло од рузмарин но сега морам да започнам.. Премногу коса изгубив
Ова го користам. А, масло од рузмарин не користам. Но, сум слушнала дека е многу добро. Прашај во аптека.
Јас имам користено и рицинусово масло, но не етерично и многу густа текстура има,така да ако земаш рицинусово тогаш побарај етерично, а од рузмарин имам исто користено но етерично , и навистина ми помогна ми никнаа и нови влакна, бебешките кои ги имав напред пораснаа во должина на шишки, пред да ја мијам косата нанесувам на скалпот и масирам , исто и во шампонот ставам 3-4 капки , доста ми помогна , а ако имаш дома рузмарин , убаво е да направиш и рузмаринова вода, и откако ќе ја измиеш косата, на крај ја полеваш со таа вода и тоа многу помага, а читав дека и ореовите листови многу помагаат, но сеуште ме сум пробала , сега користам шампон па прво да бидам како ќе делува а потоа секако и тоа ќе испробам , затоа што природните состојки се нешто најдобро за било каква проблематика. Повели слика од рузмарин маслото.
Луѓе значи тотално сум загрижена тотално последниве три месеци ми е вака, ова е премногу. Дали дека долга или пак е многу? Ми е страв да ја мијам веќе секое миење плачам хорор... 1 недела ми беше страв да ја измијам многу ми е страв ќе полудам психички. Еве анализи други ќе правам идната недела и хормонален статус и железо, за тироидна пијам веќе терспија. Вака ми паѓаше и октомврито ноемврито па почнав со терапија па воопшто не ми паѓаше па ми ја спушти терапија и имам приметено дека од тогаш пак почна с ми вели дека ми е таман, за поголема доза не сум била. Според вас како ви изгледа, нешто предлог? Психички сум уништена, во живот ќе ми паднеле само 10 влакна повеќе не.
Јас можам да кажам дека имам коса само како прамен од твојата коса и толку ми паѓа колку што си сликала на сликава. Со оглед на тоа колку ти е бујна косата ова не е дека нешто многу ти паѓа, а во текот на денот ако ја држиш подолго време врзана или цел ден и потоа ја чешлаш не е воопшто чудно да вадиш вакво снопче со оглед на должината и густината. Дефинитивно после достигнување на одредена дожина косата повеќе паѓа, кај мене штом е веќе под раменици сум забележала дека многу ми паѓа, ја кратам и опаѓањето одма престанува. Мое мислење е дека косата треба да ја скратиш, дефинитивно да направиш анализи, доколку треба да се промени терапијата за тироидеа, да земаш суплементи за железо ако е ниско, можеш да си земеш и витамини за коса нема штета и надворешно да го негуваш скалпот со природни маски, а не хемии. И да корисиш благ шампон, без многу хемикалии.
Исто. Ретка коса имам (баш прамен колку нејзинава коса што викаш) и долга, па скоро после секое бањање колку ова ми паѓа. Кога имав пократка коса некој период, многу помалку ми паѓаше. Убава густа коса имаш @angelche16 само и јас мислам дека треба да ја освежиш, пократка малку да ти биде. Кога е долга повеќе паѓа дефинитивно.