Минатата година, на почетокот од есента почна да ми паѓа косата, а истото ми се случува и сега. Многу се плашев првиот пат, мислев дека се разболев нешто или дека имам проблеми со крвта Но тогаш бев на фризер ми кажа да не се грижам, дека било нормално во овој период да паѓа и да не се стресувам поради тоа. Јас лично не почнав да користам некој шампон за опаѓање на косата (кога ги менувам така полошо ми влијаат), и продоложив со истиот обичен шампон и кондиционер и самата ми се стабилизира. Не ја носев пуштена и не ја врзував цврсто со стегачи и ластици. Додека спиев лабаво ја плетев за да не паѓаат влакна насекаде, гледав да не биде врзана близу до главата - ме болеше така и пазев прамените да не се измешаат во различни делови од плетенката да не ме куби. Од тогаш почнав да ја собирам со големи шноли (знаете онаа „мајка“ фризура) и ми е многу подобро некако на скалпот.
Што витамини можам да пијам за зајакнување на косата, а се дозволени при доење? Ми паѓаат цели прамени.
Девојки значи.. имам природно ретка коса но порано ми беше колку толку побујна од сега.. Многу ми паѓа, предложете ми витамини кои стварно ќе ми помогнат да порасне побрзо и да го зајакне влакното. Сакам да сменам боја ама неможам да го направам тоа се дури не се зајакне, зборови неможат да опишат колку е тенка сега Шампони џабе, не помагаат. Нешто витамини ако знаете.. само да не отвараат многу апетит. Било што, дајте помош
@Dumbledore направи ја следнава маска: 1 квасец, 1мала лажичка рицинус, 2мали лажички шеќер или 1 мед, млако млеко колку да се направи паста.Се остава да нарасне ко за тесто од леб , а потоа се става на скалп и по цела коса. Треба да стои миниум 3часа.Пробај ќе имаш подобрување. Се става еднаш неделно.
Мене ми се намали со шампонот на Конопка против опаѓање и со маската за коса од кавијар. Треба упорност.
Девојки. Кажете искуство со витамините Solgar, Merz, Jamison Дали има некои side effects? Сакам да пробам некои ама не знам колку се сигурни т.е, како би влијаеле на организмот (зголемен апетит итн)
На другарка ми со UN диета вака и беше кога ја практикуваше незнам дали си на одреден режим на исхрана ама можно е да е до тоа.
Прво испитувања ќе си направиш, за да ја најдеш причината зошто ти опаѓа зошто понекогаш џабе се маски шампони и др производи ако проблемот е друг
Ама се ми е проверено. Немам никакви површни или длабоки здравствени проблеми. Затоа мислам ми требаат повеќе витамини за да ми се зајакне влакното, само не знам дали овие витамини наменети за коса кои се продаваат се безбедни за остатокот од телото.
Крвна слика ќе си направиш , да видиш железото како ти е. Мене ми паѓаше многу со месеци и испадна ниско железо. И тироидна можеш да провериш, матичната ќе те препрати каде
И мене супер ми беше се, железо добро, тироидна терапија си пијам, а ми паѓаше мене пост ковид страшно многу во февруари. Што не испив и ставив, дали со текот на време сама престана да паѓа или па нешто помогна незнам. Кога престана да паѓа шампонот од ДМ што го фалеа тука го користев и ампули против опаѓање што ги земав од кај мојата фризерка, плус испив цело кутивче Solgar (hair, skin, nails). Побарај мои мислења имам и слики ставено. Сега овие 3,4 месеци влакно не ми паѓа и екстремно брзо ми расте. Ја фарбав пред 2 недели, а веќе цел цм ми е порасната Спојлер: Коса
Дали си забележала други промени кога ги пиеше Solgar? Какви промени имале во однос на апетит и слично?
Па ми беше зголемен апетитот ама не беше страшно, можев да се контролирам. Ама и убаво ми дојде мене да качам 1,2 кила Иначе некои лоши нус појави немав..
Па сигурно после 3 недели пиење, а највеќе после 1,2 месеци. Дали продолжено дејство имаат, ама еве не пијам ништо од Април месец и нокти и коса ми расте брзо.. После нив и Алое цело испив на Forever и толку. Но сепак мислам најголем ефект имаа ампулите. Дека по прва ампула јас одма приметив драстична промена во испаѓањето. Таа се става по миење, прво лади како ментол на темето, после го загрева убаво и не се измива. По прво чешлање после неа, многу помалку коса ми падна.