Матичниот доктор нека те упати на Ендокринологија или Нуклеарна медицина. Со упат ќе ти земат крв за да ти ги испитаат хормоните на тироидната жлезда, ќе ти направат и ехо.
Кога испитував хормони, tsh ми беше во нормала , а дали опаѓањето на косата може да биде од тироидната?
Кои таблети се подобри да ги пијам за зајакнување на косата, биотин 1000мкг на солгар или ,другите исто на солгар за коса кожа нокти кои содржат повеќе витамини , но не содржат биотин ? Кои се симптоми кои укажуваат на проблем со тироидната жлезда ако знаеш , те молам ?
Jас ги пиев тие на Solgar,не ми отвараа апетит. После тие ги сменив за овие од Natural Wealth, e овие многу ми отвараат. Иначе исто ми паѓа косата веќе 3 месеци, немам никакво подобрување со никакви витамини, следна недела ќе испитувам хормони..
Земи ги тие биотин 1000мкг. И баш се чудам што има во другите штом се за коса, кожа и нокти, а нема биотин.
Најчести состојби на тироидната се хипотиреоза(намалено лачење) и хипертиреоза (зголемено лачење). Симптомите се различни, јас имам намалено лачење, косата ми опадна многу, имав проблеми со циклусот, проблеми со метаболизмот, со спиењето, со потењето. Ама да не си нагодуваме сега, не можам да ти кажам точно што ти е. Требало да ги испиташ сите тироидни хормони, не само Тсх, да ти направат и ехо на жлездата, да испиташ крвна слика за железото и ќе знаеше на што си.
А биотинот е мн битен против паѓање на косата? Мене од никој не ми помогнаа против паѓање освен пивски квасец бетавитет
Решив да споделам мое искуство, и искрено се надевам дека некому напишаново ќе му се најде и ќе му биде од корист, макар да знае од кај да почне ако ништо друго. Од 2016 негде почна голготата, првата слика подолу е од февруари 2020, што и не беше најлошото издание, цела магистрала беше патецот едно време , втората е од поскоро. Сечени се сликите, не се наместени за оваа намена, така што извинете на лошот светло/позите и слично, само за мала споредба се. Спојлер: слики *ја носев собрана, затоа сум како кравче да ме лижнало Џабе сјај, џабе свиленкаста што беше кога паѓаше, и се уште паѓа. Од сегашна гледна точка, стресот си го зеде данокот, делумно и генетиката мислам дека игра улога, здравствено бев во ред. Поради други причини се погоди тој некој период кога ми беше најлоша состојбата со косата да ми проверат и тироидна- беше во ред. Долг период и правев домашни маски со масла и со секакви чуда, сум пробала и оризова вода. Толку бев очајна што да ми речеше некој да ставам измет од крава на коса против опаѓање- ќе пробав. Шега на страна, читав многу, пробував разни средства за ова,не само на чуено и одма да купам. Најпрвин мислам дека почнав со шампони против опаѓање какви што има во секој поснабден маркет, мислам дека беше некој на Recept со хмељ. Користев и Мерц витамини за кои бадијала толку пари се изнадавав, тотална утка. Земав и бебешки шампони едно време памтам Косили и слични на нив. Го користев и серумот на Тhe Ordinary (18.50 EUR), потрошив две шишенца, ми ја мрсеше косата некако после некое време. На листа ќе напишам отприлика според сеќавање што се сум користела со цени: Спојлер: Листа на производи 1. Фитовал (мислам дека овој беше вториот шампон што го зедов за таа намена кога сериозно се загрижив за состојбата на косата, тогаш беше околу 300/400 денари) 2. Алпецин Ц1 (околу 800 денари, прилично јак шампон е за некои што имаат почувствителен скалп) 3. Eуцерин (околу 900 денари, меѓутоа ми ја мрсеше косата) 4. Алверде шампон со кофеин 5. Алверде шампон за волумен (околу 130 денари, деновиве се на попуст 119 денари, органски) 6. Балеа шампон со кофеин (не верувам да е повеќе од 200 денари) 7. Авон (не се сеќавам на точна цена, го зедов како колекција шампон+серум, не знам дали беше повеќе од 500 денари) 8. Афродита шампон со екстракт од лук (не е повеќе од 150 денари, меѓутоа го имав направено оној познат „рецепт“ против опаѓање што секоја маалска фризерка го знае, ме уби скалпот од чешање до степен што имав рани, премногу ми ја мрсеше косата) 9. Илирија шампон со коприва и бреза (100тина денари се, меѓутоа се јаки шампони) 10. Конопка шампон против опаѓање (многу ми ја мрсеше косата), за зајакнување, за волумен (органски, околу 400 денари, често се наоѓаат и на попуст во Белина) 11. Уртекрам (органски, околу 400 денари, исто е често на попуст во Белина) 12. Натура Сиберика (органски, околу 300 денари, го користев и пилингот) 13. Конопка серум против опаѓање (органски, мала туба е, а чини 370 денари) 14. Лавера за волумен и зајакнување (моментално е на попуст гледам 233 денари во Белина, органски) 15. Vichy (во Зегин беше 1+1 гратис како акција нешто, околу 1200 ме чинеа две шишенца) Последниов го дотрошувам периодов, паралелно користам Алверде со кофеин, ставам маска и капки Kallos на врвовите, кога не заборавам ставам и од серумот на Конопка, а веќе месец и нешто пијам и Solgar. Се кладам дека нешто заборавив, меѓутоа на прва на овие ми текна. Не се фарбам, а низ годините сум правела само highlights кои не достигнуваат до коренот горе. Топлина за сушење само користам, не ја пеглам, не ја виткам со топлина. It's one hell of a journey, не знам дали има воопшто разлика и ако има, колку е очигледна, ама страшно многу трпение треба. Важно знам дека ми штрчат куп бебешки влакна. Сите што имате проблем со ова, најпрво прифатете дека треба време, треба труд, треба истражување и експериментирање/ризикување, што ви одговара, а што не. Лично, Конопка шампонот кој што сите го фалеа и беа воодушевени колку и да форсирав не одеше, многу ми ја мрсеше косата. Од очај, го пробав. Ви посакувам среќа и што побрзи видливи резултати.
Не би можела да издвојам најискрено, со години траат овие константни обиди. Толку многу работи користев истовремено што не можам да кажам точно ова е тоа што најмногу помогна. Имав период каде што преминав на органски производи само, потоа увидов и дека можеби не е до силикони и други состојки во производите, па пак се вратив на експериментирање, затоа изнапишав се' што сум користела. Солгар витамините мислам дека имаат ефект, по препорака на другарка ги пробав бидејќи и таа ги користеше и ги пофали многу. Пишав од кои производи лично не бев воодушевена, а со домашни маски престанав од причина што дополнително ми ја мрсеа косата иако многумина се задоволни од маслените маски со чичково/кокосово/рицинусово масло итн. Кај патецот на почетокот баш каде што почнува да расте коса бев скоро ќелава, гревче бев. Сега има куп нови влакна, па претпоставувам се исплатеше ова пробување на повеќе производи низ годините.
Може ли да прикачиш слика од косата како ти изгледа сега? Кои поточно витамини на солгар ги пиеш , биотин или ? Дали испитуваше железо од тоа многу паѓа косата и недостатокот на биотин. Јас го земав денес на Алверде со кофеин како си задоволна ? Ако имаш долга коса скрати ја ќе се згусне повеќе ? И каква ти беше косата пред 2016 година , толку многу ти опадна или од секогаш имаше таква коса само почеста од ова на сликите? И што најмногу ти помогна , т.е што користеше кога ги примети позитивните промени , да ме ти опаѓа и да расте нова коса , од кој шампон ?