мене ме интерсира дали и овој период е период на паѓање на косата , или е до мене Фала на советот за шампонот и за апчињата , само ме интерсира која цена се ...што да правиш се е до парите инаку ке го пробам
да јас некаде читав дека есен и пролет е период на опаѓање на косата, само што мислам после опаѓањето во пролет косата раѓа нови влакна, додека пак во есен и зима не. ако не ти се ретчки косата немој да паничиш, нормално е да паѓа коса.
Ако косата опаѓа најдобар е чај од коприва бидејќи ги проширува крвните садови на главата и го поттикнува растењето на влакното. Може да се подготви и следниот раствор: 30гр шипки (суви и сомелени или свежи изгмечени) се прелеваат со 0,5 л јаболков оцет и се остава поклопено неколку часа додека шипката не се накисне.Потоа се истиснува, се процедува смесата низ ситна газа и растворот е готов. Со тампон од памук натопен во овој раствор и со благи движења масирајте го темето на главата, секој ден во време траење од две недели. Исто и чај од камилица како и сок од лимон се здрави за косата. Ретки се периодите кога ми опаѓа коса и тогаш користам чај од коприва, ги сакам домашните чаеви јас што ќе си ги наберам и подготвам. Со чајот после миење се натопува косата и се масира и после се плакне пак со чај.
Не сум сигурна дали имам пишувано на ваква слична тема ама да ви кажам мое искуство и совет Имам првут долго време..што ли не пробав од шампони ништо не ми помогна. И ми препорачаа шампон од аптека Reconazol против првут. Го користев 3 недели, два пати во неделата ја миев косата и не само што не ми го отстрани првутот туку косата почна страшно многу да ми паѓа. Ми дојде преку глава од се' и си купив 1 литро шампон од коприва сега гајле немам..косата ми е сјајна, влакното јако а првут речиси и да немам, плус косата престана да ми опаѓа (само така по малку што е нормалното кога ја мијам) а и ми расте многу побрзо. така да за опаѓање на коса препорачувам само шампон од коприва или чај од коприва - здраво и убаво за косата и да уште нешто..проверете си ја прво крвта да видите да не ви е намалено железото..кај мене беше се ОК ама јас си купив б витамини за секој случај и си ги пијам еднаш на ден..
Пред некоја ден почна видливо да ми опаѓа косата.Се надевам дека е само еден минлив период.Инаку многу ме загрижува овој проблем
Ви го препорачувам АЛПЕЦИН шампонот,тој е за против опаѓање на коса,и е многу ефикасен!Германски е и е со одличен квалитет,мене само тој ме спаси.Цената му е 450 денари,и треба редовно да го користите околу 2 месеци,не ставајте друг шампон кога ќе почнете со овој...јас го користев во комбинација со таблетите МЕРЦ и тие се германски а се за коса,кожа и нокти.Оваа комбинација кај мене даде неверојатни резултати.
Ми паѓа и тоа многу ,еве на пример вчера се фарбав..и ми испадна една полна рака влакна..како некој да ме искубал и баш ме нервира ,знам дека можеби е и од фарбата,ама што е многу многу е,а морам да се фарбам заради белите влакна,не знам веќе со оваа моја проблематична коса што ќе се прави Ако имате некој совет..испробан а да не се таблети,на времето пиев фитовал капсули ми се чини ме удвостручија.
И мене ми паѓаше косата по малце ама откако почнав да користам еден шамон од коприва (ми кажаа дека е добар за опаѓање) косата уште повеќе почна да паѓа и сега користам тео.Пак ми паѓа косата ама поретко...Сум слушала дека не се знае зошто на тинејџерите им паѓа косата па им се обновувала сама...Да не знаете некој лак за раснење на нови влакна?
Мерц-дразеите првата доза ги приврсувам уште за три дена имам ама не забележувам некаково подобрување дали и кај е нормално?Косата се усте ми паѓа дури избегнувнам да ја пеглам и да не ја мијам секој ден дури и ја истрижав(до половина ми беше а сега ми е до под лопатките(не знм кко попрецизно да објаснам).мислев со стрижењето ке ми се смири ама не ке полудам страсно се невирам некои ми викт дека ми е само на нервна база и дека на тоа само мислам.не знам зш ама никој не ме свакиа сериозно сите ми викат бод пеглање од фарбање дури и налекар тоа ми го кажаа.и да е уште полошо и ме печи скалпот.а како паѓа косата кога има прблеми со тироидната ме интресира во колкава количина и на кој начин дали при чешлање или само од себе?плс пишете
И мене косата многу ми паѓаше есенско време и што се не испробав. Од тој Pilfud раствор ама баш никакво фајде немаше. Од Мерц таблетите ноктите ми станаа помалку кршливи но не почуствував подобрување на косата. Алпецинот го има во повеке видови имам користено неколку но ми ствара првут по некое време. Косата престана да ми пага после едномесечниот третман со ФОЛТЕНЕ КАПСУЛИТЕ и Кераминен шампон. Исто така има и еден добар француски шампон на чие име не се секавам.
Си имав прекрасна густа коса,со мнооогу локни....Кога тргнав на факс и кога почнав да се фарбам почна полека да ми опаѓа косата и локните да се губат ....сега дури скроз ми се оретчи, на темето се гледаат празнини ,особено кога ми е врзана косата. се нервирам страшно и незнам што да и ставам..не сакам да пробувам со се и сешто,така да кажете ми што би било нај најефикасно,зашо прочитав различни мислења тука
Јас пак ќе ви кажам најзадоволна сум од Алпецин шампонот во комбинација цо МЕРЗ дражеите. Е сега девојки ќе бидете поупорни неможете да чекате одма да ви се подобри се од 1 паковање таблети или од 1 шишенце шампон.јас скоро 9 месеци го користев Алпецинот и ми помогна-премногу миопаќаше а имав многу густа и долга коса,ми ослабна косата ептен дури се исплашив.но сега ми е во нормална состојба задоволна сум од тој шампон многу,го јача и коренот.а таблетките 1 месец пијте па паузирајте па наредниот пак пијте итака.Јас така си правев и мора трпение неможе од одма тоа е процес треба подолг период
А каде може да се најде шампонот ALPECIN-C1 го има во аптеките или во маркети??(ако е некој од битола и го има видено некаде нека каже) На мајками му паѓа многу косата и сега ја фати страв па гледам го фалат овај шампонот па да испроба
Здраво јас сум ново пријавена на сајтов мада долго време го разгледував.Имам 18 години сакав да ве прашам за совет против опаѓање на коса стварно многу ми отпаѓа не знам што да правам ве молам за совет.Поздрав.
Значи овој проблем ми ствара ужасно многу грижи и нервози. Мене пред година ипол ми косата ми паѓаше претерано многу загрижувачки. Ми паѓање на секое чешлање по цела рака огромна топка влакна, а секојпат кога ќе ја фатев косата по 20 влакна во рака ми остануваа. Кога ја миев пак тоа беше ужас јас бев убедена дека ќе останам ќелава ужас какви маки . После бев на кожно ми препишаа Пилфуд ористев 3 месеци подбрување никакво. Пиев паралелно со тоа и Мерц дражеи никакво подобрување апсолутно. Фитовал, Алпецин, од нивеа еден шампон, од пантен се и сештопробав. Ко најголем кретен со лук ја триев главата и ништо и ништо. Почнав да користам Нирел и се смири паѓањето паѓаше уште но нормално по 50тина влакна ко што е нормално. И супер беше се го користам нирелот пола година но косава почна да се враќа во нормала , за сега пред пола месец пак да почне драстично да опаѓа значи не се трпи веќе. Што да правам навистина не знам, а коса имам ретка моја цела коса нечие праменче. Ужас :/ (((
Против опаѓање ми помогна редовно консумирање на витамин Ц од 500 мг наутро и навечер. Веќе за месец дена проблемот беше решен , а освен тоа , се чувствував значително поздраво и посвежо .Инаку, доктор ми ги препорача, зашто губењето на витаминот Ц доведува до паѓање на косата (во поголеми размери од нормалните 50-тина влакна дневно) ,а особено е изразено кај пушачите .
Мене ми опаѓаше од фарбање, пеглање и претерано користење на субрина. Кога рпекинав тогаш ми се опорави косата.
Јас ти кажувам мое лично искуство...и мене ми паѓаше косата многу кога бев на лекар ми кажа да земам к'на да ја измешам не со вода туку со руски чај (зошто тој и давал некој витамини на косата) и јајце (за сјај) пробав со тоа и навистина косата не ми паѓаше,по 2 недели откако ќе ми испаднеше к'ната повторно почуваше со паѓање и пак го повторив истот и сега фала богу не ми паѓа повеќе инаку без коса ќе останев..малце не пријатно мириса првите денови од рускиот чај ама не е ништо страшно...