Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Прикачив слика од тоа каква е косата сега, уште не е идеално ама одиме кон подобро од она што било претходно.
    Тој што е од Алверде со кофеин често сум го купувала и порано, а и сега уште го користам повремено, задоволна сум оти не ми ја мрси косата како што обично се случуваше со Конопка или Еуцерин против опаѓање. Сега зависи и дали ти е и тенка косата, обично тенка коса и побрзо се мрси.
    Ја кратам косата само за да немам испукани врвови, не ми игра улога должината во ова.

    Ги пијам овие јас:
    [​IMG]
     
    На swwetyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ми привлече внимание дека има Биотин, па дали некој го користел? Сакам да слушнам туѓо искуство, да не бидат џабе фрлени парите :?:
    Screenshot_20221008-173540_Chrome.jpg
     
  3. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Se ubavo ,ama ima lekari za ova ,da te pregledaat i kazat sto ti e,ne znam zosto da ne se poseti doktor i drzavni ima.
     
    На swwetyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Посетата на дерматолог е доколку веќе константно повеќе од нормалата опаѓа косата нели ? И трае побеќе од 2-3 месеци ?

    Каде се прави ехо на жлездата , и кои се сите тироидни хормони?
     
    Последна измена од модератор: 8 октомври 2022
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Дали некој го има користено шампонот од Виши да сподели искуство?

    Инаку долги години го користам Insight против опаѓање заедно со серумот и можам да кажам дека е одличен, но поради стрес опаѓањето на мојата коса се зголеми и имам чуство дека веќе ова не помага.
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Ти кажав и во претходното мислење, не знам поточно кај да ти кажам дека ќе ти направат ехо, ќе те упати матичниот доктор кај треба во зависност од одделенијата кои ги имате во вашиот град, инаку за проблеми со тироидна жлезда, се упатува на Патофиза, Нуклеарна медицина или Ендокринологија. Јас лично одам во Нуклеарна медицина.
    Оди каде што ќе те упатат, ќе ти ја видат жлездата на ехо и ќе ти испитаат антитела, и другите хормони како Тироксин, Тријод тиронин и слично.
    Не сум стручно лице да ти објаснам подетално.
     
    На swwetyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tinche23.

    Tinche23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    11
    јас испив од овие две пакувања ,но не ми помогнаа ништо ,освен што ми беше многу тешко на желудникот после нив
     
  8. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Реф вредности за железо се 6-27, а мене ми е 19 , дали е добро?
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Супер ти е, јас од 13 повисоко не сум го кренала никогаш, а често ми е на граница или под граница.
     
    На swwetyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Значи опаѓањето не ми е од железото чим е супер ?
    Можно е од периодот сега или недостаток на биотин, најдобро да се консултирам со матичната или дерматолог нели ?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Да, најдобро да се консултираш со матичната и таа ќе те упати каде да одиш или ќе ти даде некои витамини.
    Железото ти е супер.
    Сега можно е да ти опаѓа и периодично, на сите ни паѓа кога се сменуваат годишните времиња.

    Гледај да не ја третираш косата со преса и фен, користи некој поблаг шампон, на пример од лук, коприва или бреза, во шампонот стави витамински ампули Б1, Б6, Б12, АД капки, Пантенол, или само Б-комплекс.... Сите овие состојки ми се пробани во шампон и навистина помага.
     
    На cresa-jagoda и swwetyyy им се допаѓа ова.
  12. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Преса не користам , летово ме користев фен, сега кога е поладно повеќе време треба да се исуши, па понекогаш не штети ако ја исушаѓ со фен или ?
    Ќе пробам со витамините што ми ги кажа , а ќе земам и биотин витамини во консултација со лекар. Фала ти многу .
    Користам поблаги шампони , сега користам Алверде и избегнувам парабени, парфеми,слс, силикони .
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An4e banance

    An4e banance Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2019
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    707
    Пол:
    Женски
    Искуства со Алпецин Ц шампонот??
     
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Јас го користев шампонот на Виши црвениот и истовррмено ги користев ампулите Vichy Aminexil и ги пиев витамините на Солгар и имав премногу ефект. Тогаш премногу ми опаѓаше косата, па од препаративе не само што престана да ми паѓа туку имав и многу нова коса.
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Прво да расчистам со дилемата дали воопшто имам опаѓање или не и дали вооппшто треба да се стресирам. Женски колку влакна дневно отприлика е нормално да паднат? И кога ќе кажете опаѓање на колку поточно мислите?
     
  16. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Да споделам мене лично што ми помогна со опаѓањето на косата.После породувањето некаде околу третиот месец почна косата да ми паѓа премногу,цели прамени ми паѓаа напред дури оќелавев страшно беше.За целата ситуација ми помогна виши црвениот шампон и буквслно на секое миење ставав 2 ампули б6 и две ампули б12 на темето и малку масирав,после 2-3 месеци на секое миење ставав по една ампула б6 и една б12.После 6 месеци косата скроз се опорави и нови влакна насекаде
     
  17. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Од сите витамински ампули ли да ставам на едно миење и колку пати неделно е ок да се користат ?
    И дали мора во шампонот или може пред миење неколку часа да се масира на скалпот?

    Пред да ја измиеш косата ли ставаше на скалпот или во шампонот ставаше?
    Дали е доволно и по една ампула на скалпот да се ставаат па после неколку часа да се измие косата ?
     
    Последна измена од модератор: 14 октомври 2022
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Butterfly522

    Butterfly522 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Што е разлика меѓу пилфуд 2% и 5%?
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Кога го прашував докторот ми рече до 10 влакна дневно.
    А мене ми паѓаа над 10 :worried:

    И сеуште ми паѓа ама не толку ко претходно.
     
  20. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    How much hair loss is normal in a day. According to the American Academy of Dermatologists, it's normal to lose anywhere from 50 to 100 strands of hair per day. For people with longer hair strands, losing them may be more noticeable.
    Ам само на едно чешлање ќе паднат толку, после во текот на денот пак ќе паднат. Искрено и мене ми паѓа уште, поготово после миење кога ја сушам, тогаш ми е ептен страшно. :worried: