Имав ист проблем, сега искрено тоа после одреден период на еден поголем стрес и решив да испитам све од хормони, тироидна, крвна слика и све беше добро и на крај зедов шампон Ревалид виолетов и почнав да пијам таблети Колаген Бјути со Биотин и Рибино масло перли и за месец дена одма престана да паѓаат толкави прамени на коса... мислам се преродив и продолжив да пијам и користам све 3 месеци. Од тогаш не сум го имала тој проблем има пад ама нормален неколку влакна при миење коса посебно ако косата ми била собрана цел ден на работа. Поздрав се надевам ќе помогне
Да , тој шампон и мене ми го препорача дерматологот , ама не го зедов бидејќи нема толку добар состав, зедов од белина од органско потекло и ми помогна паѓа нормално како што кажа ти при миење, а и пијам веќе три месеци витамини за коса swiss energy и тие ми помогнаа доста косата многу брзо расте. А ова рибино масло ќе го пробам ти благодарам. А дали шампонот добро ти ја чисти косата т.е барем два дена дали издржува?
Рибиното е мислам доста важен детал во паѓањето на косата така да види јас во еурофарм го купив ова е без соја. А шампонот е одличен искрено поскап е а 100мл иначе би го користела за редовна употреба. Косата е одлична не се мрси, има волумен, лесно се чешла не е таква како немиена Поздрав
Одлични се, во неколку наврати ги пофалив. Мене ептен ми одговараа и најголем резултат имав додека ги пиев. Пребрзо ми растеше косата, се наполнив бебешки влакна и покрај косата, ќар видоа и ноктите, ми станаа поцврсти.
Фала многу, денес ги купив, на упатството пишува по две дневно да се пијат..ти така ги пиеше или по едно?
Јас пиев по 2 денот, но немој на гладно, малку се тешки за желудникот, и малку потешко се голтаат затоа што се големи
Хмм јас би ги пиела како што се на упаство. И да знаеш дека 3 месеци да ги пиеш за да имаш ефект, барем така препорачуваат
Фала ти , бидејќи јас тие што ги пијам сега веќе ми е трети месец , ама сакам да ги продолжам бидејќи косата многу побрзо расте и има доста нови влакна.
Дали влијаат на апетитот? Јас имам вишок килограми и ми е страв да ги пијам, а читав убави коментари. После 3 спонтан мене косата страшно ми паѓа цело време, а имам ептен слаба коса. Тоа беше пред 2 години, потоа си имав уредна бременост, ама ниту за време на бременост не престана да паѓа. Најголема грешка ми е што ставав надоградба на коса, па сега имам 5 влакна на глава. Веќе ептен се познава Користев некои шампони ама ништо. Дали има шанси од овие витамини нова коса да ми порасне?
Не, воопшто не ми влијаеа на апетитот. Сè си беше исто. Дај им шанса, ама исто пробај да му обрнеш внимание и на скалпот. Масирај го скалпот со чај од рузмарин (главата наведната надоле и масирај нежно по целото теме), поттикнува раст на нови влакна. Имаше и еден рецепт за раст на косата со грчко семе (пискавец), да го најдам ќе го постнам.
Јас сакам да ставам наградба на коса, косата пак ми испадна но со Биотин од солгар сум задоволна мн брзо видов ефект, е сега ме замисли само со наградбава до толку те оштети?
@S.o.F.i ако ти била слаба косата, влакното, додадената коса може да го отежнува твоето влакно и да предзвика опаѓање. Тоа си го приметила откако ги изваде екстензиите или ?
И јас многу сакав и не се каам. Еднаш и јас да се видам со долга коса Е, сега кај мене некако ептен се замрси над силиконот, значи скроз укепавено каде што изгубив по цели парчиња коса, немаше шанси да се одмрси. Кај мене е и проблемот со опаѓњето, па сега ми е ептен со 2 влакна