Да мојата коса е слаба и ретка и можеби надоградбата влијаела плус да имам толкаво опаѓање, Ама јас овој проблем со опаѓањето го имам сигурно 2 години, каде што сега по вадењето ми е ептен проретена и слаба. Z.Hairextensions
^ Затоа ја прашувам, обично фризерите ти кажуваат дали може косата да го издржи тој терет, самото влакно. Не е само да ја продаде и да ти ја залепи. За коса само во D&D, затоа што многу внимаваат на косата на клиентите, не превземаат чекори кои ќе ја доуништат природната .Тоа и се бара од еден фризер, да се консултираш што и како би било најдобро за твојата коса, нормално според твоите желби. За Z hair ext. нема да коментирам каква коса ставаат и како наплаќаат.Тоа на широко е познато. Она што не засега во моментот е зошто ти залепиле коса ако природното влакно не држи? @S.o.F.i
Луѓе, цел стан ми беше влакна влакна влакништа, дури и во пералната и на перените алишта имаше, кога се чешлав цели прамени паѓаа од мене, среќа имам густа коса па не останав ќелава. Е сега кога бев во Мк го земав Биоксин и тој ми помигна али тука во Германија неможев да го најдам во неколку аптеки. И затоа мм ми го зеде чудово PRIORIN. Многу добар шампон, косата ми ја направи хидрирана и мека, и веќе после второто миење забележав ЗНАЧИТЕЛЕН НАМАЛЕН ПАД НА КОСАТА и никојпат нема да го сменам. Мм го зел околу 20-25 евра, а на интернет гледам дека е и поевтин само незнам дали е тоа со рецепта или без. Ич да не му ја мислите за парите, земете го, нема да зажалите. Ваљда може да го порачате од интернет ако го нема во Мк
Искрено веќе не би ни отишла никогаш таму! Толку непрофесионални тоа е чудо Знам дека се Албанки, ама ги прашуваш нешто незнаат да ти одговорат или се прават не те слушаат. Си работат по свое, иако дојде газдарицата ми ја погледна косата покажав слика и пак по свое. Останав еден период сама и се приметува дека за мене се нешто збори, ама на албански секако и ептен ми падна неугодно. Сега ќе се трудам да ја повратам мојата коса колку можам.
Колку што знам косата што ја ставаат не е убава, мириса на пластика и свети, не е природно влакното. И со боја утки прават, надградбата е една боја и не ја усогласуваат со нијансата на твојата. Плус, наплаќа по грамажа коса, не по снопчиња и е многу поскапо.
Fitoval Шампон против Опаѓање на Коса ни помогна веднаш Престанете со претерување со бојадисување на косата или други „хемиски“ третмани за коса. Можеби тоа е поради стресот.
Го купив во аптека во Германија. Ама би требало да го има и на Амазон, провери и во нашите ептеки во мк.
Девојки здраво. Јас имав себореа и косата ми паѓаше премногу. Користев блу кап шампон и мерц дражеи. Еве веќе месец и пол како престанав да ги пијам дражеите бидејќи правев пауза косата е супер, не ми паѓа воопшто, ниту во капење ниту во чешлање. Она нормално 5-6 влакна на чешлање наутро. Видов голем ефект од нив па сакам пак да ги почнам. Знам дека 3 месеци ги пиеш, месец пауза правиш. Дали може пак да си почнам? Се надевам нема некој проблем да се направи, не би требало, а?
Го користам повеќе од 2 години и пак си паѓа Почнав на мерц апчињата да ги пијам ќе пишам ако има ефект, рано е уште