Мене порано кога ми паѓала сум користела Vichy Aminexil ампули во комбинација со шампонот и плус таблетите за Коса, кожа и нокти на Солгар. Сега и мене премногу ми паѓа, но не знам дали сите овие работи што ги наведов се дозволени при доење.
После колку време примети ефект? Морам нешто да преземам, косава ми е во очајна состојба. Тенка, ретка и проќелавена на неколку места. Сабајлево кога видов крукче кај што фали коса за малку ќе заплачев. Не сакам веќе да земам таблети, туку со шампон и преку храна некако да се средам. Совети?
Не дека ја потценувам исхраната, но скептик сум дека само тоа би помогнало. Особено ако имаш некој дефицит на нешто, витамин Д на пример, или проблем со тироида кој си бара терапија. Железото е полесно за регулирање преку исхрана, ама и за него си треба појачување со терапија ако е ептен многу опаднато. Треба да се види дали има нешто што го тригернало опаѓањето, или се работи само за моментална состојба (пример, после пораѓај) која ќе се среди и сама од себе, или кај сезонско опаѓање, да се поттурне малку со ампули, масла и слично). За што и да се работи, и да е хормонско или што год, јас би зела барем шампон и масло за масажа на скалпот. Можеш да пробаш со масло од рузмарин, капнувај по капка-две на местата кај што е ослабена косата и масирај две-три минути. Нека остане во косата саат-два и измиј. Само, ако користиш 100% масло од рузмарин внимавај, зашто доста висока е таа концентрација и може да го изиритира скалпот ако е поосетлив. Може да го мешаш со друго масло - пример, на мало лажиче арганово или маслиново масло да капнеш 2 капки рузмарин и да масираш со таа количина. Мене ми е премногу замарање тоа со мешањето масла, вака правам само ептен кога имам време. Најчесто само ставам од шампонот во рака, таму капнувам две капки од маслото и се мијам, масирам убаво. Расте нова коса од маслото, а и општо од него косата расте доста брзо. И преубаво мириса.
Здраво девојки, Се зачленив најмногу за да споделам мое искуство на темава. Се фарбав со црна кна со години, преку 7 години сигурно, се до пред една година. 7 години мака мачев постојано со прекумерно опаѓање на косата и успорен раст на истата. Какви се не шампони испробав. Алпецин ( кој страшно многу ми ја сушеше косата), од кој не приметив буквално никакво подобрување, Биоксин, имав купено неколку видови од него (Биоксин форте, Биоксин бел со лилаво + серумот за опаѓање + капсулите за опаѓање на косата), од сето ова можеби се виде некое мало подобрување, но бара континуитет со месеци. Купував од капсулите за нокти, коса и кожа на Natural Wealth ( кои ми предизвикуваа страшно гадење и нагон на повраќање). Се до момент дур не се решив сама да почнам да подготвувам шампон за опаѓање. Шампон од комприва на Афродита ( отприлика 600-700мл) другиот дел го префрлам во друго шишенце кој го искористувам понатака за наредна подготовка. 100мл пантенол, 50мл рицинусово масло, 10мл АД водени капки, 2 капсули коприва или масло од коприва (како најдете по аптеките), 6 капсули Б витамини, односно јас ставам 3 капсули витамин Б6 и 3 капсули витамин Б12. Сето ова добро се промешува пред секое миење на косата. Шампонот трае 2-3 месеци сигурно. За само 2-3 месеци осетив огромна разлика, почнувајќи од тоа колку осетив намалено опаѓање на косата и колку косата ми порасна. Со години не растеше воопшто. Доколку се решите за шампонов обавезно купете си маска за коса, бидејќи ја исушува косата. Мене тоа воопшто не ми сметаше бидејќи со квалитетна маска за коса, косата ми беше како од салон. Со среќа на сите
Месец дена. За храна незнам што совет да ти дадам оти мене докторот ми кажа дека ова неможе да се реши со исхрана и си земав апчиња железо да пијам. Мене од ниско железо почнува да ми паѓа косата. Мора да ги пијам неколку пати во годината оти со исхрана неможам да го решам прпблемот.
Користев bioxine шампон и престана да ми паѓа некој период. Сега по малку пак почна, користам шампон со лук па ќе видиме.
Da, shamponot so luk od 1l prozirno shishe so crna etiketa. Okolu 100 i nesto denari e, ama mnogu e efikasen
Дали после направена 3 месечна пауза од користење на Merz може пак да ги пијам? Не ми опаѓа сега но вечерва кога се сушев ми падна малце повеќе од очекуваното. Може за секој случај да си пијам и не само за косата туку и како суплементи?
Predlog sampon protiv opagjanje na kosa kaj tinejdzerka 16 god. Koristeni Alpecin C1 , Recept-coffe bez rezultat.Prethodno koristeni Kopriva, Breza i "blagi" detski samponi (Becutan i sl)
Јас пола живот имам проблем со опаѓање на коса. Сега скоро ја потскратив и ја почнав оваа комбинација: Значи од прво миење на четката останаа само 5-6 влакна, косата е премека и преубава. Шампонот десно не мора да го користи, може друг да си избере ама важно е да биде природен без силикони. Има на страната на Белина голем избор на природни шампони, поскапи се ама траат долго. Овој серумот од лево најдобро да го држи на глава преку цела ноќ ама може и неколку саати. Ги нарачав од инстаграм од нивната страна rossen.natural.mk Не знам дали си ја носела на доктор ама не е лошо гинеколог да ги види јајниците, мене од хормонски дисбаланс почна да ми паѓа.
И мене пак ми опаѓа многу, мислам дека сум имала ковид последниот пат кога бев болна зашто само после ковид вака страшно ми опаѓаше косава минатата година. Оваа иста песна, баш толку време ѝ требаше и минатиот пат да почне да опаѓа, стварно мислам дека ќе да бил некој ковид пак. Ми се смачи веќе од контроли и испитувања, ама ќе морам систематски некој да направам бар да знам дали ќе има некој плот твист во ситуацијава, може од друго е. Инаку те цитирав за скроз друго, ама ми тежеше мислава па да си се олеснам. Сега во врска со цитатот, многу сакам да го пробам ова серумчево со чешле, ептен ме релаксира кога ми искачаат видеа со вакви работи. Тотално би го пробала. Ова е таа линија против опаѓање, така? Мислам дека многу е полезно да се масира скалпот со масла (поготово рузмариново), плус да се вметне одмивање со чај од рузмарин и можеби да се направи таа маската, што и да беше со пискавец. Премногу работа ми е тоа искрено, само со масло правам масажа, за нешто повеќе да спремам и немам баш време.
Ke probame i ova,fala ti ...Imase nisko zelezo pred nekoe vreme pretpostavuvam deka e posledica od toa,plus genetski faktor
Им пишав, ми рекоа за обновување на косата, здрав скалп и поттикнување на раст на косата. И јас ич немам време, ова имав намера 2 пати неделно да го ставам на коса, а успевам едвај еднаш Чешлам, оставам преку ноќ и утредента пак си седам таква мрсна додека заспијат децата и да украдам еден туш. Пробај, 1047 ден. се заедно серумот и шампонот, можеш за старт само серумот.