Предложете најдобри витамини за коса, цена и од каде да се купат. Некои што стварно функционираат ефикасно.
Јас во мометов ги пијам Rigenforte на ESI и ги купувам од Виола, околу 360 се 30 таблети, втор месец ги пијам, и прилично добри се......намалено ми е паѓањето на костата, а не се тешки за желудник
На апетит не влијаат, и ми престана паѓањето на косата, а на волуменот не сум забележала некои пормени. Битно можам да кажам дека дневно дали десетина влакна ми паѓаат, а претходно имав страшно голем проблем со опаѓање, и покрај уредни наоди и без некој конкретен здравствен проблем.
Се пијат еднаш дневно со поголема количина на вода, Јас ги пијам околу пладне, кога веќе имам нешто јадено, и немам никаков проблем, еве при крај на втора кутија сум
Што да правам со мојава коса не знам, ми опадна целава. Породена сум скоро 15 месеци и дојам сеуште ама не мислам дека е до тоа. И пред да останам бремена многу ми паѓаше вака. И кога останав бремена после 2-3 месеци престана да ми паѓа, косата ми се смени од корен, цврсто влакно бујна убава коса а сега за никаде е. Не знам што да испитам сигурно некој витамин ли не знам што ми фали. Кажувајте чаре очајна сум, имам пробано неколку шампони ама мислам не ми се лекот.
Забележувате периодов зголемено опаѓање поради сезонава есенска што почиња? Мене почна да ми паѓа малце, не е претерано ама има по некое влакно поише отколку преку летово. Се надевам поради ова е, зашто и другпат ова време некаде ми паѓа, после прекинува и се обновува. Пробај со овие апчиња и ампуливе, апчињата мајка ми ги користеше и се опраи косата и згусна, ампулите и јас, добри се, го враќаат и сјајот на косата ама треба редовно да се користат.
Некаде при крајот на август почна кај мене. Сега веќе си е нормализирано, прекина само од себе. Се зачудив само што почна прилично рано, ама битно пројде веќе. Периодов додека трае менувањето сезони знае природно да ни опадне железото, па ништо чудно ако тоа резултира со зголемено опаѓање на косата.
Мое лично мислење е дека нема....пластиката е само контејнер што ги содржи во себе сите четири апчиња. Во упатството е наведено дека - Ослободувањето е забавено и различно помеѓу нив. Сите 4 комприминирани таблети се гастрорезистентни или поминуваат низ желудникот останувајќи речиси непроменети и стигнуваат до цревата каде што се растопуваат во различно време за да му обезбедат на организмот можност за постепено и комплетно искористување на хранливите состојки кои се содржани во нив
Јас го купив шампонот на Revalid за опаѓање на коса, па ќе споделам искуства кога ќе го потрoшам шишето. Во моментов писам и Ригенфорте на ЕСИ, и секое чешлање само проверувам по колку влакна ми паднале )))))). За среќа витаминиве почнаа да делуваат, а ако некој веќе има искуство со Revalid - от нека пише
Имам голем проблем со опаѓање на коса во последниве 2 месеци. Фризерката ми го препорача шампонот Anaphase+ Дали некој има искуство со тој шампон и дали сте задоволни?
Да, јас сум го користела.. Има резултат, ама само за периодот додека го користиш. Барем кај мене така беше.