1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. Lea_85

    Lea_85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Здраво
    дали некој од вас ги има користено серумов или шампонов, па да ми каже дали имало резултати ?
    Имам пробано Алпецин ,Тианде, Рошен ама ништо не ми помогна, паѓа косава ептен.
     

    Прикачени фајлови:

    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Ампуливе како се користат?
    Имам купено кој знае од кога и нема упатство па така ми седат.

    Од каква пластика?
     
    Последна измена од модератор: 23 октомври 2023
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.875
    Пол:
    Женски
    Прво миеш коса и дур е мокра нанесуваш, после се сушиш со фен, не се измива.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.503
    Допаѓања:
    105.992
    Пол:
    Женски

    Шампонот го имам користено, мене ми се допадна го имав купено поголемото пакување од 500 мл , ама дали помага против опаѓање не знам зошто истиот период правев испитувања (крвна слика и тироидна жлезда ) и испадна дека косава ми опаѓа поради ниското железо.
     
  5. Elosi

    Elosi Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Мене после породувањето ми помогна Ревалид со виолетово капаче што е... Е сеа после година дена користење повторно ми паѓа многу... Не знам дали се презасити организмот, па не делува... Којзнае
     
    На daniangel и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено шампонот. Убава ми ја правеше косата ептен, ама за опагање не ми помогна. Едно шише потрошив, може да продолжев со друго ќе имаше поголем ефект, не знам.
     
  7. Joraa

    Joraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    937
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali imat nekoja iskustvo so ROSMARINE OIL, mnogu go falat demek im rastelo novi vlakna na kosa
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Супер е рузмариновото масло за поттикнување на растот на косата. Масирај го скалпот со него, можеш еве и чај да вариш од рузмарин и со него да се одмиваш.

    Јас во моментов мешам рузмариново масло со чичково и нанесувам на коренот. Масирам, оставам да стои час-два и после се мијам. Косата ми е многу сјајна и лелеава, баш сум задоволна како изгледа. Имам и многу нови влакна напред. Секако ќе има резултат, нема што да изгубиш ако пробаш. :)
     
    На Кена Рис и Joraa им се допаѓа ова.
  9. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Кое рузмариново масло користиш?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Ова на Фитофарм, неколку капки ги мешам со чичково масло и го масирам скалпот со миксот.

    upload_2023-11-15_20-26-39.png
     
    На eliesaab и simoncelicius им се допаѓа ова.
  11. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    5.028
    Може ли само рузмарин да се става без други масла во комбинација или многу е густо?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Конкретно ова е етерично и е многу поконцентрирано од овие другиве. Може да направи иритација кај некој со поосетлив скалп, па затоа подобро е малку да се измеша. Не мора со многу голема количина, 2-3 капки во мала лажичка базно масло. Многу мириса и се осеќа.

    А онака може да се користи чај од рузмарин, без масла, без ништо. Само чајот и да се плакне косата со него. Е само не знам колку би било ефикасно така, зашто сепак маслата повеќе стојат на темето па имаат време и да делуваат подобро. Но имам читано дека делувало, па вреди да се проба и тоа.
     
    На eliesaab, Кена Рис и simoncelicius им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Може е малку смешно прашањево, ама кога ќе ставиш од маслото да стои час-два, не ти паѓаат влакна од косата?
    Јас порано често користев чичково и ореово и доста ми паѓаше косата штом ќе нанесев, а ионака ми се изретчи многу и сега се плашам малку дали да ставам некое масло, а гледам дека хит е маслото од рузмарин.
    Баш сакам да пробам со него бидејќи читам и гледам доста позитивни искуства.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Кога дали ми паѓаат влакна, мислиш откако ќе го ставам маслото или откако ќе измијам коса? Не знам дали разбрав добро.
    Инаку не сум приметила да паѓа после ставање масло. Само нормално при миење си паѓаат влакната што требало да паднат, ама ништо драстично.
     
    На Rama и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Мислам на тоа додека го чуваш маслото на скалпот час-два? Мене тогаш ми опаѓаше и затоа престанав да нанесувам масла.
    Ама сега ќе пробам со масло од рузмарин, и баш ќе видам дали ќе биде исто.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Не, не ми се случило нешто такво. Ја чешлаш косата додека стои или? Можеби си е и нормално опаѓање, во смисол - си опаѓа тоа што требало да падне кога-тогаш. Ама сепак ти си ја знаеш косата најдобро. :)

    Ако го земеш тоа етеричното од сликата што ја постнав, разреди го со друго масло зашто не се препорачува да се капне директно на скалпот, пишува и на самото кутивче од страна. Знам досадна сум со коментарот, ама етерично е маслото па затоа е таква постапката на нанесување.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Не ја чешлав додека стои маслото, ама си паѓаше сама по себе косата и затоа прекинав. Ова беше одамна, сега сакам да пробам баш со маслото од рузмарин како ќе биде.
    Фала ти на објаснувањето, не си досадна, супер е што сподели детално.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Пробај баш, па ќе кажеш како ќе пројде. Се надевам ќе има ефект овој пат. (fingers)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Колешка маслово го користи директно на скалп.
    И јас и реков дека секаде се препорачува да се помеша со некое базично масло па така да се нанесе затоа што етерично е премногу концентрирано.
    Никаков проблем немала а косата и е прегуста.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Да, зависи од самиот скалп, кожата колку е осетлива итн. Кај мене нема шанси да пројде вака директно на скалп, веднаш ќе ми се јави иритација и црвенило кај што сум ставила.