Јас го користев, го купив бидејќи тука многу го фалеа и не го ни дотрошив го фрлив.. Многу е густо и некако цела леплива ми ја правеше косата, како тесто и засушена. Инаку јас имам долга права коса со тенко влакно. Не вредеше за парите воопшто, има поефтини на Лореал што се многу поубави според мене. Инаку шампонот на Alpecin C1 што го фалите, колку долго треба да се користи за да има ефект? Јас веќе истрошив едно паковање засега не забележав промена, косата исто ми опаѓа ко претходно- генерално ми опаѓа во нормална количина како кај сите само кај мене е проблемот што природно имам тенко влакно што се кини лесно. Инаку премногу ама премногу добро ја мие косата, после капење ми е свежа и чиста и не ми се масти цел ден а и добро мириса..
Јас кога користам за оваа намена ако од прво шише немам резултати одма го менувам со друг, може не треба така, може по 2,3 месеци упорност ама што знам.. Пролетта исто така имав опагање, го купив на Конопка против опагање и имаше ефект,немсше потреба за второ шише.
Dali nekoj ima praveno Trichotest vo remedika i dokolku da kako ste zadovolni https://remedika.com.mk/za-prvpat-vo-makedonija/
Здраво феминки имам проблеми со опаѓањето на косата дали некој знае како може да се спречи и кои препарати треба да се користат?
Здраво. Јас го коридтам лекот од Рапид шоп природен лек е, не знам дали ќе има резултати 5 дена само го користам
При миење многу ми паѓа косата Почнав да варам гранчиња рузмарин како чај и да прскам на коренот, но читам дека и масло од рузмарин помагало. Да не знаете кај нас кое масло е добро и е 100% рузмарин а не и други глупости да има во него?
Ова можеш да го земеш. Ако имаш осетлив скалп, мешај го со уште некое. Исто можеш да го додаваш во чајот, или во самиот шампон при миење.
Фала ти многууу https://ananas.mk/proizvod/ruzmarin-maslo-10ml/990915 а случајно да не знаеш ова дали е добро?
Прв пат го гледам ова, ќе треба да видиш состав за да знаеш што точно има внатре. Не би знаела да ти кажам вака.
Со зум на сликата се гледа дека пишува 100% масло од цвет и лист од рузмарин, изгледа билна аптека го прави. А ова од Леа пробано ти е Мишелке?
Да, сега откако кажа приметив. Прв пат го гледам маслово, ако го пробаш сподели. А ова од Леа го користам одамна, задоволна сум ептен од него. Мешам со малку чичково и мачкам по скалпот. Стои така некое време и се мијам. А во денови кога ме мрзи, само додавам капка-две во шампонот ама на дланка директно, не во самото шише. И така се мијам со миксов, ама не стои којзнае колку време за да има којзнае каков ефект. Вака кога ќе отстои на самиот скалп е далеку подобро и гледам дека има ефект. Имам еден куп бебешки влакна што станаа мини-прамени.
Како да знам дека на некој му паѓа-паѓа косата? Вчера приметив кај дечко ми на перница 3-4 влакна. А експериментира со шампони некои, де вакви де такви. Да не се чеша после.. Он вака не приметува при миење пример
Не конкретно со ова, ама пробав шампон, од оваа линија едно спрејче за расчешлување и спреј од рузмарин. Мислам дека не вредат, има подобри и на поприродна база, ако гледаш и внимаваш на состав
Девојки, во аптека ми ги препорачаа овие витамини за раст и против опаѓање на косата биле многу добри.. Дали имате искуство со нив?