Па и јас немам по телово, ама косава во место ми стои, а не ми паѓа. Баш ќе ги земам. Ноктиве на раце многу брзо ми растат, само ги кратам.
Да се пијат, еве ги имаш во Зегин 556 денари 50 таблети https://www.zegin.com.mk/mk/solgar-biotin-1000-mkg-50-kapsuli И нокти растат брзо и влакна насекаде
Само коса сакам да ми расте. Баш ќе пробам да видам. Имам слушнато дека и од пиво растела, до сега требаше до колена да ми биде.
Од кога го сменив Wash&Go поради тоа што почна да ми предизвикува првут почна многу да ми опаѓа косата, значи многу, одам по улица и осеќам од косата влакна како ми паѓаат на раце, насабајле цели топки коса мотам колку ми паѓа косата.. Користам Afridita од Коприва моментално, од него ми се исчисти првотот ама многу ми опаѓа косата.. Кажете препорака за некој друг шампон да пробам?
Мене од дрогерискиве брендови најмногу резултат ми даде оваа комбинација ја купувам од ДМ Германија , се надевам го има и серумот во МК . Од поскапиве Kerastase Genesis , Vichy со црвено , Lush шампонот Wasabi во комбинација со третманот Roots за опаѓање исто многу добра комбинација .
Кој шампон од Wash&go го користеше? Јас го користев тој од коприва пред 15 години и тоа долго време и додека го користев воопшто не ми опаѓаше косата и ми беше многу сјајна, мека, најубава. Баш поради тоа реков пак да го пробам но никаде не наоѓам со коприва, не знам дали го произведуваат сеуште. А го сменав поради лошиот состав, ама ако имам исти резултати воопшто не ме интересира составот. Мене Б комплекс ми отвара многу апетит. И тие на Миволис витамините за коса сум ги пробала исто ми отвараат многу апетит, претпоставувам поради Б витамините што ги содржи. Така да мене ме поправаат. И други да пробам со таков состав веројатно исто ќе биде. Сум пробала и навечер пред спиење да ги пијам и пак исто.
Иста сум и јас. Ми опаѓа многу косата, пробав секакви шампони- не бива, бев да си проверам железото и тироидната - се е во ред. А витамини не сакам никако да пијам оти устата уште толку ќе ми се отвори
Тироидна жлезда ок , хормони ок и железо ок. А косава цело лето ми паѓа , сега уште повеќе не се прамени ама по 4-5 влакна од исто место ми паѓаат. На секое чешлање без престан. Од што друго може да биде ? Што можам да испитам ? Денес ми стигна производов од оливал Со што можам да го комбинирам? Ретка коса,тенко влако и брзо ми расти.
@lovemme земи витамини за кожа, коса, нокти, не знам кој производ си го зела од оливал ако е тоа масло од рузмарин и пискавица супер. Ако не, имаш рецепти како да си направиш вода со рузмарин на нет, пробај и биди упорна мене многу ми помогна
Што имаш земено од Оливал? Јас имам тенко влакно, ама споро ми расте, не ми паѓа многу, кога се чешлам нормално. Јас пред некој ден ги земав шампионите за против опаѓање превентивно и за раст на коса, и лосионот против опаѓање. Читав имало и капсусли, јас во дм не видов.
Овој производ Добив препорака од матичен за овие капсули. Ги има некој користено? Спојлер Немам влакна од колена нагоре низ цели бутки. Се плашам скроз да не се направам хаос по тело. @Anyshka видов и баш сакав да ти пишувам да споделиш за некој месец како си задоволна од шампонот од истава линија. Исто и за gliss и garnier ќе те прашував.
Баш ќе видам дали ќе имам резултати. На Гарниер шампонот прв пат земам за коса која се масти и суви врвови, во тој дм што пазарев немаше таков, го земав тој за дехидрирана коса и портокаловиот, не се лоши. Спрејот е добар, ја расчешлува косата. @SummerGirl имаше споделено за шампонот. Инаку и јас немам влакна по тело, од колена нагоре па воопшто.
Што сте користеле после породување за опаѓање на коса? Шампон и серум, таблети - не, бебево има грчеви не би сакала дополнително да го оптоварувам. До сега користев Elseve Clay за мрсен скалп и суви врвови, плус Gliss ultimate repair - spray.