Се насевам дека имате подобрување… кај мене причината мислам дека е стресот, покрај тој стрес што го доживувам секојдневно среќна сум што главата ме ми падна а не косата. Инаку шала на страна кај мене состојбата е подобрена, можам да кажам дека опаѓањето се намали, можеби половина од тоа што ми опаѓаше на секое миење. Искрено незнам од што бидејќи користам доста работи, пијам суплементи од солгар за коса, кожа и нокти и биотин, ставам масло од рузмарин и нане (го масирам на скалпот и со тоа спијам па мијам нареден ден) ставам лосион на оливал еден час пред миење, ја мијам со оливал шампомот… апсолутно никакво третирање 4 месеци, без преса, без фарбање, без затегање во реп… само миење, сушење со фен на мн слаба температура. Искрено се надевам дека ќе престане целосно да опаѓа и дека конечно ќе можам да ја стилизирам косата и ќе изгледам како средена жена
Породена пред 8 месеци. Косата се уште обилно ми паѓа. Знам дека е нормално, но искрено очекував да престане до сега. Може да се превземе нешто? Не можам ни 5 мин да ја оставам пуштена насекаде има мои влакна…
Цело лето girl. Се испитав, се е океј, бев и пред некоја недела на дерматолог, човекот ништо не ме оправи. Буквално уште две влакна имам на главата хахаха. Секакви шампони сменив, од ништо не се подобри. И претходно всушност имав тенка и ретка коса, ама оваа веќе е премногу
И претходно имав пишано чај од рузмарин, едно гранче на 250ml вода, прскај од корен до врвови после секое миење, не измивај, биди упорна, ќе има ефект
Дали некоја се сретнала со опаѓање и кинење на коса кај дете 9 години? И сменив шампон Себамед но бетер е косата како немиена и се првути. Железо и крвна слика добра.
Со кинење и опаѓање не, ама со првут и мрсење имаше уште на 8-9 години и и ги купував шампоните на Алверде имаат еден за против првут со плаво капаче е, ја подобруваше ситуацијата колку толку. Ама се е до хормоните за жал, веќе таа возраст почнуваат да работат
И јас и го користев тој од алверде и да навистина и помогна за првутот. Ама ај го сменив велам да не е од него. Инаку често и менував шампони но никогаш никаква реакција немаше, баш и ти менував за тоа да не се навикнува на еден те ист.
Периодов трае 2 месеци скоро, на секој допир со раката имам коса, да не правиме муабет за миење и чешлање... Загрижена сум многу бидејќи ни на пролет ни на есен досега не ми паѓала толку.
И на мене од септември навака преемногу ми паѓа,за разлика од други години кога помагале шампони сега ни шампони ни лосиони ни таблети
Здраво девојки, од Ваше искуство кои витамини се подобри против опаѓање на косата Solgar или Jamison?
Здраво девојки. Би сакала да ве прашам дали некоја од вас имала ваков проблем. Ајде што ми опаѓа косата, ама краевите со месеци се иста должина и постојано се кинат. Се работи само за прамените напред што се. Ги скратив во август и еве сега се во ваква состојба. Не користам фарби и не j пеглам, користам маска и спреј за заштита од топлота на керастас, ставам арганово масло и што уште не. Ако имате некој совет ќе ми значи многу. Ви благодарам.