Земи си Оливовал шампон и лосион, мене не ми паѓаше многу, превентивно земав, ама приметив и на чешлање многу помалку ми паѓаа влакна. На мајка ми многу и' паѓаше, откако ги користи овие не и' паѓа толку. Сега кај сите различно може делува, ама пробај, а и не се многу скапи.
Имаш ли испитано к.слика , да не ти е ниско железото? Или ете да си испиташ хормони и тироидна, доколку трае подолго време опаѓањето, најдобро да си направиш некое испитување.
Разлика е во тоа што се помалку "агресивни" на скалпот но се малце поскапи. Сулфатите ги отстрануваат природните масла од скалпот и од косата што доведува до сувост и иритација. Затоа се малце по погодни ако имате осетлив скалп и оштетување на косата. ПС. Земи шампон погоден за вашиот тип на коса+без сулфат. Можеби ке биде подобро. Или користете нежен детски шампон
Мене баш од оваа линија не ми се погоди шампонот. На Конопка ми се супер. Баш лани кога ми пагаше косата го користев и се намали пагањето, може и период беше а и секој скалп и коса се различни.
Мене овој период косата многу ми опаѓа, секоја година испробувам нови експерименти, производи, но сфатив дека нема лек, едноставно до промена на времето е, недоволно кислород, загаденост итн.. Останав со многу тенка коса и никако не можам да ја стилизирам. Дури шампоните што ми ја згуснуваа не делуват исто веќе. Додека да почне некој производ да делува, зимата поминува. Така да, се помирив. Природно е и нема сила против тоа.
Мојата толку многу опадна шо сега откако ќе ја исушам со фен, како пеглана да ми е . Јебала ме Њемачка, тука ми викаат дека тоа било нормално, затоа германците си се шетат со пола коси и ќелави.
Структурата е како помада, густа, се нанесува на темето на главата, корените, низ цела коса исто како кога ја фарбаш.. се чека некои 20 мин и ја одмиваш косата со шампон после тоа.. одлична комбинација е со шампонот wasabi кој е наменет исто за отпаѓање на косата.. Ќе ти објаснат и на самиот штанд на Лаш префини се девојките
@angiess пробај понатака од степен да преминеш на рамна. Ако ти расцветува премногу, дополнително и степенот придонесува да се кине косата.
Овој третманот само против опаѓање е или може и за згуснување? Не ми опаѓа, сакам малку да ја згуснам. Од секогаш тенка ми е, стварно чуда не очекувам, пошо природно не сум надарена со густа, имав порано и периоди со опаѓање. Колку толку поцврста бар да стане.
Па пишува дека е.. дека дава волумен. Еве праќам линк да прочитате повеќе околу ова.. стварно делува, мене ми помогна премногу