не вредат. Има и на фејс една група - дм искуства и рецензии и исто така и таму имаше коментари дека не помагаат многу. Јас додека ги пиев качив килажа а не јадев многу. И реков веќе не
А нешто за препорака? Видов има лосион од пискавица и рузмарин. Јас дома си правам тоник од рузмарин ама...
Јас ги користев Оливал шампонот и лосионот, имав ефект. Не ми паѓаше многу, превентивно ги земав, ама ми растеа нови влакна. И мајка ми ги користи, многу и' паѓаше косата, сега се намали.
Од дм, шампонот околу 300 и нешто, лосионот околу 400 ден. Јас еднаш во неделата ставав лосион. Има и за растење и за против опаѓање. Е сега зависи и до влакното.
Прашувам бидејќи еден куп пари фрлив за косата, а ретко нешто се погодуваше. Пред неколку години користев горицин шампон и лосион преку една страна и само тоа ми помогна ама го нема повеќе.
@bicycle Како си задоволна од рузмариновиот тоник? Како го правиш? Јас пробав да напраам вакво нешто, но не ми испадна до крај. Инаку, за опаѓање од мене имаш препорака само за рицинусово масло. Последниве неколку месеци што го користам имам еден куп нови бебешки влакна. И кога се чешлам навечер на прсти можат да се избројат влакната што паѓаат. Само ако ова рицинусовово тргнеш да го користиш, треба упорна да бидеш, за да видиш резултати.
Ставам гранче од рузмарин, го правам ко чај и малку ловоров лист. Ми намали паѓањето ама влакното ми е многу слабо и не ми е густа косата. Ми беше, ама ја уништив. 6 години не се фарбам и никако да ми се среди влакното
Си пробала ризинусово масло? Ако не, пробај. Топла препорака. Сум користела и секакви масла, шампони и што све не против опаѓање. Али рицинусово е едино нешто што ми помогнало.
Jamieson јас ги користев долго време,не видов искрено подобрување Тие се користат повеќе од 3 месеци,јас дури и година секој ден за ден ама не видов подобрување.
Го ставам у чинија. Некад го греам у дупла вода, некад не (една чинија со рицинусово ставена во друга чинија со зовриена вода) Double boiler на анг. Имам чуено дека е подобро потопло. И земам малку по малку со врвовите на прстите и го втривам у теме и по малку и на должината. Најглавно на коренот ми е фокусот. Ако не сакаш вака ко мене да се мучиш друга опција ти е со четка за фарбање. Ко што нанесуваш фарба, така и ова. Поише масло ќе потрошиш вака, али рацете нема да ги мрсиш. Трета опција ти е да го разредиш со друго, потечно масло. Ко на пример кокосово, маслиново, јојоба. Вреди секој момент на мрсноќа, оти косата ми е после ова премека, ко од фризер фенирана
Јас многу лесно го нанесував рицинусовото масло, ставав на прсти и прво во корен масирав, па низ цела коса, само што многу лепи, како мед.