Па тоа е проблемот, се плашам колку коса ќе испадне на толку лепливост Инаку сигурно секое масло помага, ама после ковиди, бактерии, многу почна да паѓа и уште повеќе ми е страв да мачкам Ај ќе смучкам нешто, па ќе кажам. И многу тешко се мие тоа рицинусовото, на кожа ко ќе стаам знам какво е, за коса ќе биде предизвик...
И јас вака ко тебе. Некад у чинивче го турам, оти шишето знае да ми се измрси. На прсти и триј дур не ми е на цела коса. Инаку за погоре пишаното моето, заборавив да додадам дека го оставам околу 2 саати на коса, некад и повеќе. И секад 2 пути од шампонот и добро ја мијам косата од темето па до врвовите. Оти ако не удрам на миење, косата ко со потурен зејтин ќе ми биде. Тие влакна се веќе паднати. Немаш причина да се секираш за ова. Косата ко ќе дојде у допир со масло, вода, шампон, тие влакна полесно се тргаат. Ова е причината зошто, иако пред бањање се чешламе, секад испаѓаат поише влакна коа е бањањето значи водата не праи да ти паѓа косата, него веќе паднати влакна полесно ги трга. Така е и со маслото. Се надевам добро објаснив
Па можеш маслиново, чичково, лосионот на Оливал. Не може да испадне коса повеќе отколку што треба. Јас и од вечер ставав и со оние капине за туширање мотав да не направам лом.
Ова ти е паметно со капава Јас не го ставам пред спиење, оти знам ако преспијам со него на глава, све ќе ми биде лом сабајлето
Или можеш онаква проѕирна фолија за завиткување храна. Добро е да ствара тоа топлина, поголем ефект има маслото така. Али јас не трпам ништо на глава. Дури и зимно време ретко носам капа, оти ме нервира било што на глава.
Здраво Феминки , породена сум пред 5 месеци , дојам и ненормално ми паѓа косата .. кажете ми некој шампон или нешто против опаѓање .. Фала однапред
Нормално е,хормоните си го прават своето.За година дена би требало да ти се опорави. Јас лично го користам шампонот од лук од фармаси.После две истрошени шишиња престана да ми паѓа.
Roots - третманот против опаѓање од lush. Мачкаш на сува коса, оставаш минимум 20 мин па ја миеш косата нормално со шампон.
Што мислите колку е здраво за косата да се чува врзана? Според резултат што го добив свесна сум дека повеќе опаѓа врзана. Дали постои друго чаре? Еве ќе постирам слика што се случува со мојата коса кога е врзана. Мислите ли дека шнола е подобар избор?
Дефинитивно roots третманот и wasabi шампонот. Само тоа ме спаси, скапо е ама помага уште од прва употреба…
Овој резултат е добиен од 14 дена носење косата постојано во репче. Не можам да спијам со пуштена, а кога седам ми смета за цигарата. Ми се има случено да си запалам шишки несакајќи. Ќе се обидам и со шнола. Па ќе видиме.
На овие мислам, ги знаеш сигурно. Секаде ги има, дуки дасо, бит пазар сигурно, јас од тему и али имам порачувано.