Ова мене повеќе ми изгледа како ластикот да не бил добро врзан па да се вплеткала косата а не од опагање. Инаку не е страшно, не е многу коса. Најмногу опага кога е врзана со теглењето. Инаку јас постојано ја носам по дома врзана. Мразам да наогам влакна по дома а имам долга коса. А за спиење па да не зборувам, не сакам ни влакно да штрчи, да наогам после по перницата. И пуштена да е нема шанси да не падне влакно ама нема многу да опага да не се врзува често. Ако мислиш дека многу пага ставај ампули во шампон од коприва, пантенол, б вит.
Го има во ДМ, и шампонот и капките. Во комбо се супер, јас сум многу задоволна. Заборавив што е опаѓање на коса.
Дали може спреј шо е за косопад ( дупки во главата) да се користи и за обично ( ама обилно) опаѓање на косата? Маж ми будалата ми земал спреј за косопад а јас неам косопад.
Па пробај, јас мислам нема негативен ефект, освен да ти помогне, распрскај насекаде на косата добро да ти впие во темето. Ако е добар производот секако ќе има позитивен резултат.
Производот е многу јак и искрено страв ме фаќа. Гуглав за него и пишеше дека не треба да се користи за обично паѓање на коса. Ќе идам после до аптека да прашам дали смеам да го користам.
Како се справивте со паѓањето на косата после породување. Кај мене мислам остана ептен малку и тоа ако падне не знам што ќе правам. Кој продукти ви помогнаа? Купив еден на Vichy Energy + ќе видиме како ќе де покаже. Инаку ова не е нормално со паѓањево.
Не си фрлај џабе парите на скапи шампони. Кај мене почна два месеци по породувањето и траеше уште 4,5 месеци. Пробав свашта и на крај само од себе престана. Хормонски е, што и да пробаш џабе е. Ептен ако сакаш стави б витамини, коприва и пантенол во шампон кој го користиш, тоа повеќе ќе ти помогне од било што. Само не очекувај чуда, додека хормоните се средат така е. После пак ќе израсне нова коса.
После 2-3 недели јас одма осетив разлика. Не паѓа коса, мека е, убаво се чешла. Веќе после 1 месец и видов разлика во должина. Во меѓувреме сменив и да ја мијам косата само 2 пати неделно и тоа верувам дека подпомогна. Топла препорака.
Ги земав, вчера прв пат пробав, па сега да видиме. Мене и од хормоните ми паѓа дека породена пред 5 месеци, ама ме фати паника многу повеќе ми паѓа за разлика од со првата бременост. Па малку и превентивно ги зедов искрено. Ајде ќе се среди си велам.
Често ми излегуваат на инста и нркако ми привлекоја внимание (имам пцос и многу ми е ретка косата), ама страв ми е да не е само реклама... Ако го има некој користено може да ми пише за ефектот
Ги нарачав вчера, најверојатно понеделник-вторник ќе стигнат. Па ќе пишам искуство. Во меѓувреме почнав да пијам црвена мака, бидејќи и јас имам полицистични јајници. Од ко ја пијам намалено е опаѓањето на косата, а и менструацијата ми се среди. Пред тоа имав премногу грутки, парчиња крв... дури страв ме фаќаше какви се тие партали... Сега немам, нормална ми е. Треба да се пие најмалку 6 месеци, па тогаш ќе одам на гиниколог да провервам дали ми се уште полицистични.
Дојдов да ги пофалам оливал лосионот и шампонот ги користев во комбинација 3 месеци ,на густина не добив ама косата престана да ми опаѓа порано бев полна со влакна кога ќе ја пуштев косата сега немам влакно по мене. Сега си направив смеса со ѓумбир и тоа ќе го користам и пак ќе пишам резултати. Понатака може пак ќе земам оливал лосион.
Мојата беше скоро до половината, цела расцветана и опаѓање на велико, ги земав вчера ножиците и крц крц. До рамињата ми е сега Паѓи сега пичка ти матер . Опадни цела.