после колку време од користење на овие производи имаше промена? користам веќе две недели, ама не осетив нешто подобрување.. дури и многу ми ја суши косата. а имам виткана коса, и после тоа не може да ја наместам никако
Кај мене после 2-3 недели имав резултат. А после 1 месец и доста имаше пораснато. Намалив на 2 пати миење коса во неделата, а сега вториот месец веќе ја мијам еднаш со него еднаш со друг шампон за да не ми стане скалпот одма имун. Да, и мене ми ја суши затоа што нема тешки хемикалии, али комбинирам со маска и капки. Пример, знам некогаш и само скалпот да го измијам со него а останатиот дел со друг шампон. Кога-како. Имам права коса, па не ми прави многу разлика. Во секој случај, добро ми влијае на самата коса и влакно. За девојка што ја има изгубено големиот дел од косата на стрес, ова ми е премија искрено. Ме радува што не ми паѓа и ми се згусна. Предходно имам користено и едни капки од аурора се викаше брендот мислам, исто подпомогнаа за раст и цврстина. На база на рузмарин и останати билки се имам пишано во темава мислам.
Секоја година од март почнува да ми пага, ми трае месец, два. Сега свечено очекувам да полнам четката кога се чешлам Најмногу ме нервира кога ја мијам, кога видам колку ми падне. Моментално ми е баш супер, немам проблем ама штом дојде пролет..
Пред брзо ја открив козметикава на Rossen.natural.mk..некој да има користено нивен производ?? И како сте задоволни?
Добро, а тоа пролетното опаѓање го забележувате кога се чешлате, визуелно се гледа дека е проретчено, на допир се забележува дека косата е поретка или? И што потоа? Кога се враќа во нормала? Самата се обновува? За колку време се средува?
Фала ќе го пробам. Имав многу густа коса, ама ПРЕМНОГУ и после короната ептен ми се проретчи. Крај не можам да и фатам...
Јас го користев има ефект. Онлајн на страната на Lush побарајте roots третман или кај нив на продажно место. Моментално пијам solgar таблети, до сега луѓе што ги пиеле имаат ефект. Апетит не прават проверено
Има некој користено маска од зелена глина? Ја фалат по коментари, но ми треба мислење од некоја со андрогена алопеција