Дали некој има искуство со мезотерапија за коса? Не ми помагаат никакви шампони ни тоници, опаѓањето ми е од стрес. Сакам да пробам со мезотерапија, но не знам во која клиника. Ве молам, кој има искуство да сподели.
Веќе година дена интензивно луѓе ми паѓа косата. Нема ден да не ја измијам и притоа да не испопаѓа коса. Ама па среќа што расте,значи се обновува. Зависно од климатските промени зависи интензитетот од паѓање. Лекови такви работи не пијам (и тоа дополнително влијае врз опаѓањето) шампони све тоа сменив,користам исклучиво поприродни благодарејќи на апликацијата ichi beauty. Чаре појма немам.
Ако немаш проверено која е причината тешко е да се направи првиот чекор. Провери си хормони,стрес у баланс, наследни гени исто... И јас мака мачам,што се немам пробано,нема решение ни кај мене за сега,иако јас ја знам причината. Многу ми ги фалеа ампулите на eugen perma, не сум се заангажирала да ги најдам,но треба да се проба.
Провери си хормоните, тироидна. И немој секој ден да ја миеш и тоа влијае. И секако зависи каков шампон користиш. Најди некој соодветен за твојата коса без многу хемија, сулфати и парабени. Ставај масло на косата пред миење, во шампонот ставај ампули од коприва, пантенол и б витамини. Ова ќе ти помогне ако немаш друг проблем.
Овие таблети се супер,испив една доза,помина долго,вчера ја миев косата,само 2-3 влакна ми паднаа Супер се
купив од истиве ама не ги користев редовно. Имаше многу минимален ефект ама се мислам да не влијаат на килажата
Нема врска килажата,јас сум 50кгр.значи требеше да намалам,рецимо 45 да станам? Не,слободно пиј ги,одлични се' Ти пиј ги еднаш на ден и ќе видиш Важно една кутија испи
Не знаев дека прават и на коса мезотерапија. Дека воопшто има таков третман. Ако знаете каде прават споделете, и мене ме интересира.
Дури сега видов цитат.То а често е на секое чешлање сабајле да испага цела топче коса замотано од чешал и обавезно го вадев ,ова секој ден и на темето приметив нешто како поретка коса ,изретчена без фенирано се познава со голо око сплескано и во кругови.Е ова ме извади од памет .под стрес бев и хормони сигурно пореметени,и во када обавезно чистев после миење,и таму коса попаѓано,за на тепих исто секаде.Шампон квалитетен мислам на лореал ,или медицински бидејки имав себореја и масен скалп,или секој шампон што подолго ја држи чиста косата.Друго прскав и АЛОМАКС,на деловите кај имав проретчено и ете се опраи сега фала му на БОГА.
Дали некој ги има видено овие шампони во мк? на inci beauty ова се единствените кои се со најдобар состав против опаѓање
Имате ли некој предлог за масло/спреј/капки против опаѓање што треба да отстојат на коренот ама да не потемнуваат плава коса (како рицинусот на пример)?
BIOELIXIR масло за раст и обновување на косата | Rossen Natural https://share.google/f4YAuYo2ScRS6VEf3
Сакам да споделам искуство, да помогнам некому да не си ги троши парите и времето бадијала. Имав опаѓање на косата, бев во 101Hairclinic ми направија анализа на скалпот ми кажа докторот дека има решение и дека безразлика што се работи за наследна ќелавост ќе се згусне косата од тониците што они ги продаваат (иначе 50€ е еден). И да имам коса на главата доста само ми е проретчена. Ги користев два во комбинација 6 месеци! И плаќав плус за контролата значи уште малце и ќе трансплантирав коса за тие пари. Немаше да биде важно тоа да имаше некаков ефект, само ќе се подобри цело време истиот муабет а кај мене никаков резултат. Не си ги фрлајте парите по вакви преваранти, јас поверував од причина што се единствени сертифицирани во Македонија што лечат од косопад “на природен начин” но попусто било. Не правам никаква антиреклама само кажувам лично искуство за да не се “изгорите” финансиски беспотребно.
Дали некој можеби ги пробал и слушнал за ампулите на Еugene Perma? Ми ги спомна ендокринологот ,но никако да ги побарам и пробам.