На Afrodita од коприва и пантенол е добар ама го суши скалпот. Alpecin C1 coffein е добар против опаѓање.
Nerilex е добар и е ефтина варијанта. На Farmasi од лук го фалат. Merz дражеите се добри, витамини се.
Дечки дали имате некој препарат или било што од кој сте забележале раст на нова коса? Значи немам приметено драстично опаѓање освен во одредени периоди во годината што мислев дека е нормално, но приметив дека патецот ми е многу проширен односно опадната ми е косата во коренот. Веќе потрошив едно шише на Lush Wasabi шампонот, немсм приметено разлика ама планирам пак да го купам и напоредно го користам Алпецин Ц1. Дали имате искуство со Lush Roots или со лосионит на Оливал зошто планирав и нив да ги купам? Исто така секогаш дим имала мрсен скалп, а сега дека ми е истенчена косата ми се мрси секој ден така да ми треба нешто што по можност нема да ми ја мрси дополнително.
Со лукче да се тријат оголените места, но извесен период, не три дена. Има ефект . Се пресекува чешнето на пола , се трие местото до зацрвенување.
појди на дерматолог да ти проверат фоликули. Ако има фоликули ќе израснат нови влакна ако не станува збор за алопеција и ќе ти дадат соодветна терапија.
Мене минипаѓаше косата многу и ми помогна нарачав лосионче против опаѓање од аптека Марија Гален и исто така шампон Ana phase. Само мора упорност почнаа да ми растат влакна нови многу но дури по два месеци.
Јас пред една година имав ептен проблем со опаѓање коса, мислев коса нема да остане на мене. И се пробав од овие масла тоници шампони, ништо. После по препорака од другарка купив едно природно средство ама некоја жена тука го правела како масло со витамини со пантенол и сл правено и тинктура од борови иглички мислам беше... Е морам да признам дека од првото шишенце никакви ефекти немаше, ама од второто косава ми згусна и почна да расте како луда... Е сега мене обично на лето многу ми опаѓа коса ама и кога престанав да го користам маслото а еве има скоро година, никакво опаѓање немам.