И јас имав проблем со опаѓање и оштетена коса, користев Алпецин Ц1 и престана да ми паѓа додека го користев, но ако престанев опаѓањето продилжуваше. Си направив сама еден бустер од тоа што ми се најде дома а мислев дека е корисно, што подоцна од американски лекар разбрав дека бил добар за чистење на крви садови, но мене многу ми помогна против опаѓање и оштетување на косата. Резултатот беше видлив веднаш не само од моја страна, сите почнаа да ме прашуваат како ја третирам косата, ми изгледала многу здраво и ми била згустена. Состојки : во тегличка од 300мл ставам - 3-4 цедени лимони, 4-5 чесниња лук( сецкан на ленти или рендан за да пушти сок ), рендан ѓумбир ( колку орев ) , 1 црвена сува пиперка ( сецкана ) и остатокот од тегличката го дополнувам со домашен мед или боров. Пред спиење по 1 супена лаѓица секоја вечер. Кај мене резултатот беше видлив од една тегличка, па правам пауза 3-4 месеци и си правам ново. Се надевам дека ќе му помогне и на некој друг, кај мене помага многу ,не верувам дека кај сите ќе има ваков ефект, но може ќе ви помогне барем малце.
Не ти треба баш тој бренд - гледај само состојката Миноксидил имаме и ние, е сега не знам колку е добар нашиот. Имаш и босански, у Зегин. Миноксидил е ко миење заби, тргнеш еднаш, мораш цел живот. Проверено функционира. Дур не прекинеш. Онда се што пораснало, паѓа. Зачаран круг. Ако имаш мачки, рачунај менување животни навики од корен. Не смеат околу производот, околу тебе, околу твојата перница, ни приближно. Моментална смрт ако дојдат у контакт. Апропо темава, еве што пробав јас, за континуирано губење коса, од коњска грива дојдов до сплескано теме после корона у Ноември 2024. Почнав со Оливал, фрлени пари и на лосион и на шампон. Кај мене ништо. Шампонот е исклучително агресивен и ја суши косата. Баталив. Виши - Црвениот шампон и две кутии ампули, и двата производа на база на Аминексил (една кутија 21 ампула) - брат на миноксидил, ама не толку ефективен. Од ампулите ништо, а шампоните се чист маркетинг, тоа го знам, ама нејсе ајде купувам.. нивниот ми одговара, и на теме и на коса и како чисти. Алпецин - Шампон за опаѓање + лосион со кофеин, лосионот одличен, ама не бев баш редовна, еве второ шише купив. Загрева теме шо у превод значи појака циркулација. Моментално Ревалид - машки шампон за опаѓање + капсули за коса што уште ги пијам - малку поднамалено опаѓање. Купувајте слободно машки производи. Боље се. На ова ќе останам уште два месеца, пред да имам мислење. Работи шо треба да ги подиспитате: - Внес на протеин. Не знам колку знаете, кожа коса нокти - градиви ткива се протеини. Ако не јадете пута два од вашата тежина, проблем.. - Феритин. Не она серумско железо, него резервите негови то ест феритин. Ако е испод 50, проблем. Над 70 веќе почнува да делува на контрола на косопад. 800 денари у Рамус и по другиве лаб да се провери - Тирода. Цел панел треба да е чист, не само 3-4 хормони. Сите хормони врзани за тироида, мислам 6-7 беа, сите проверка. Нешо ако е горе доле, проблем. Малку отсатпка ако има, селен. Не одма апови. - Стрес. Кортизол е исто 800-900 денари, ако е горе доле, проблем. Техники на дишење, легнуење у 11 итн - Историја на вируси, ЕБВ, Корона, Токсоплазма, се е успано ако сте го прележале, а може да праи проблеми у позадина. Чаре, неам појма, копам уште за тоа. И за крај, нешто шо функционираше за мене пред десет години, беше миење коса само наведната над када. У тоа време ставав колор шампони, и тоа секоја недела. И за да не напраам хаос, така ја миев. Немав појма колку е тоа добро. По два месеца косата ми беше во должина толку нарасната, не ми се веруваше. Седнав да прочитам како шо, видов дека при наведната глава доаѓа посилен доток на крв - а знаеме дека се шо му треба на темето за да е здраво е крв шо носи минерали итн, и скопчав дека е од начинот на кој се миев. Ништо друго не праев, шампон од 100 денари со лук на афродита ставав, најефтиниот. Масирав убаво два пати шампон, еднаш маска, останував 10 мин секако наведната, 2 пати неделно. Функционираше - проверено. Сега нон стоп заборавам да се наведнам - може дека и кичма ме фаќа. Кој може нека проба, ама не две недели. Два месеца. Па јавувајте. Од тему земав и некој масажер за теме, и тоа е одлично исто. Само шо мојот е многу груб и ми ја мрси, дека елекричен е. Можда со оние силиконските треба да пробам, масажа на теме исто зголемува доток на крв. Ако земате електричен, земете си и еден бонет за глава, па преку тоа масирајте. Масажерот беше 500 денари, бонетот 100. Го сфаќам моментот со паѓање на инстаграм реклами, некои видеа пред потоа, шитфлуенсери. Ама се тоа е лечење на симптом. У превод, проблемот остануе. Се бара коренот, па тука се удара. Ја коренот мој го најдов, очајно низок феритин 9, и чекам да проработи се шо праам пред да одам на Миноксидил. Тоа ми е последна, најпоследна опција. Кој ставал миноксидил, и видел разлика, јавувајте
Фала ти за одговорот, навистина убаво и детално објаснето. Од како го поставив прашањево до сега косата престана да ми паѓа и почна да ми расте на места каде што немав коса (залистоците). Благодарение на Солгар таблетите, алпецин шампонот со кофеин, оливал серумот од рузмарин и гумен масажер од ДМ. Мора да си упорен во рутината. Афродита шампонот од коприва го користев претходно, престана да ми паѓа косата само не знам дали растеше нова, зборувам пред да почнам да користам се ова од погоре. Ги пробав сите шампони против опаѓање и алпецин е дефинитивно најдобар. Имено, миноксидил од зегин од искуство на други што го имаат користено е доста ефективен, само што многу ја мрси косата, доколку го ставаш пред спиење наутро задолжително е да ја измиеш. Пената ја нарачав од Германија, па ќе споделам искуство
Има ли некоја на која и помогнал Алпецин шампонот против опаѓање? И за колку време делува? Се борам со опаѓање на косата цели 3 години откако се породив, нема шо неам пробано, и витамини, и шампони, и тонери, и спрејови, ништо не ми помогна да го спречи опаѓањето. Железото во крвта ми е добро, тироидната ми е супер. За 1 месец иам термин на гинеколог, ми остана уште таму да го барам спасот. Кажете ми, шо да испитувам таму за овој мој проблем?
@ThiccFit детално има објаснето околу испитувањата малку погоре во претходните мислења над твоево. Феритин испитај ако веќе не си, битен е и тој.
Alpecin помага додека го користиш,ако прекинеш пак продолжува да паќа. Кај мене после 2-3 миења омаше резултат