Здраво,дали имате препорака и позитивни искуства со добар дерматолог или искуство со 101 клиник,се работи за машко 17год ортетчување и опаѓање на коса
Исто и јас барам кој има искуство со 101 клининик или ватанмед.И јас го имам истиот проблем со машко од 17г опаѓање и оретчување на косата,проверено целосна крвна слика сите хормони се во ред употребува германски алпецин и тоник плус германски мерц само за коса се пробано ама некакако бавно оди.Затоа пишувам самодовербата и мотивацијата опадната,дајте предлог добра клиника и добар доктор и дали препорачувате мезотарапија прп.
Пред некој ден гледав еден дечко на тикток зборуваше што му помогнало против опаѓање на косата. Имаше постирано пред и потоа слики и разликата беше баш воочлива. Тој кажа дека користел ПРП третмани, алпецин шампон C1 и некој раствор што не го запомнав. Не се сеќавам на името на тиктокерот, беше србин и баш зборуваше за овој проблем. Пребарајте на тикток по клучни зборови можеби ќе го најдете и ќе ви биде од помош.
Кај ампулите за опаѓање на косата, најважно е да направи масажа и да се активира обновување на скалпот. Додека ги нанесувате на косата, многу е важно да го масирате и вратот, за да се размрдаат лимфите. Така целокупно организимот да биде спремен за обнова. Mм ги користи овие ампули против опаѓање, косата не му е знајачно згуснета, но деф. му се намалува опаѓањето. Ампулите ги користи последните неколку години, добро е.
Девојки што ви има повеќе помогнато за опаѓање на коса и да се згусне? На солгар биотин или солгар за коса, кожа и нокти?
Jas imam praveno prp tretman na kosa i dodeka gi pravev tretmanite kapenjeto se namali, no posle toa pocna pak da kape i sega mi e mnogu opadnata
Дали е ова нормално? Откако дојдов Хрватска неколку месеци вака ми паѓа коса при секое миење. Можно ли е да е до водата за капење? И кожата ми ја суши. Во Мк не ми беше така. Плус овде косата претежно ја носам фатена стегната, не знам дали и тоа игра улога. Ќе останам без коса вака ако продолжи, скроз ми е расзретчена.
Дефинитивно не е нормално.. Не ја носи стегнатс пробај смени шампон но декско без крвна анализа не можеш да знаеш со сигурност.
Не е нормално. Можно е да е од стрес при промена на околина, или па провери железо и хормони. Вода и начин на врзување не би влијаеле до овој степен.
Истиот шампон го користам како и во мк, не ми паѓаше воопшто косата. Ќе пробам да не ја стегам можеби се кине. Генерално се осеќам ок и немам некои стресови, крвна слика пред 6 месеци правев све ок. Сега не сум проверила. Хормоните сигурно не се како што треба… и само кога ја мијам косата ми паѓа, вака не.
@IamSexyAndIKnowIt тироидната жлезда провери ја, да не има некој проблем со неа. Кога косата има волкав степен на опаѓање, може биде поврзано и со работата на тироидната жлезда.