Од овде кажуваат дека водата им е полна со камен и други жени се жалат на истиот проблем, додека во мк не сум имала толкаво опаѓање на косата како ова. И никогаш не ја носев фатена цело време. Ама дефинитивно би направила преглед кај доктор.
Не дека водава во Скопје е подобра... Супер штом ќе одиш на преглед, не оставај вака на претпоставки Ако здравствено се е океј, тогаш ќе знаеш дека факторот е надворешен и ќе бараш алтернатива како да ја миеш и носиш косата.
Дали ви се има случено да ви биде осетлив скалпот додека опаѓа косата? Имам чувство како после аплицирање ментол, како некоја разладувачка сензација и како да си го осеќам секое влакно, ама цело време, не знам како попластично да објаснам. И кога ја фаќам со штипка стегач било што, не ми прија, како да ме 'боли' (иако е тоа со премал интензитет). Првут немам, генерално имам коса што се масти брзо, иначе МНОГУ ми паѓа периодов, полна рака влакна имам секој ден, користам Алпецин шампон и лосион од пред неколку дена, ама погоре опишаново е од пред Алпецинот, додека користев Афродита лук со Б комплекс и пантенол. Може да е некоја состојба на сув скалп, ама па косата брзо се мрси, па не ми е јасно. Имал ли некој нешто слично и што помогнало?
Пробав се косата исто опаѓа многу . Што да правам треба нешто на испитувања да идам или некој лекови.
Морам да кажам дека сум прилично задоволна од лосионот на Оливал. Иако бев скептична, добро се покажа, опаѓањето ми е значително намалено. Не го користам баш редовно, некогаш заборавам да го нанесам, можда така би имала уште подобар ефект.
[/QUOTE] Косава ми паѓа ненормално последниве 2 месеци, благодарение на твоево објаснување испитав феритин за кој не ни имав слушнато претходно и испадна дека ми е 14, а нормално е 10-120, според реф вредности на Клиника. Фала ти многу, ми помогна да најдам барем дел од проблемот. Како се покачува, најде некое решение во меѓувреме?
Сакам да прашам дали некој можеби знае или има слушната за лек за алопеција. На времето јас имав проблем и земав лек од еден човек од Македонски Брод, лекот сам го правеше. Мене ми помогна многу. Сите кругови се наполнија со нови влакна за 1 недела и за 3 недели ми се врати косата. Инаку имав класична алопецција со 4 огромни кругови, од тогаш повеќе не ми се појави. Во меѓувреме одев и кај анчевски, без никакво подобрување. Прашањето ми е дали некој слушнал за човеков, јас му го изгубив бројот, од дамна беше, а сега моја другарка го има истиот проблем. Извинете на долгиот пост
Моментално косата ми паѓа како луда, фризерката ми кажа дека до периодот е. Иначе ми се изретчи и тоа многу, густа и цврста ми беше.
Не знам колку години имаш,ама за секој случај,провери ја тироидната. Јас имам два јазли,од десна страна помал,од лева поголем,и мислам тоа е причината за паѓање на косата. Тироидната е добра,хормоните добри,ама имам некоја причина за паѓање
Мислев дека сум единствена, мене последниве 2-3 месеци ми паѓа ненормално многу, од прегуста коса сега на мене 3 влакна останаа само. Прелошо е, станувам од спиење и под перница цели прамени наоѓам. Тириодната ми е ок, јас тоа на стрес го препишував ама пак не е нормално. Можеби е до периодот, да се надеваме дека е до тоа па ќе помине..
Конечно ми стигнаа резултатите од хормоните. Значи таа ми вика дека се било добро само функцијата на надбубрежната жлезда била намалена. Ќе треба за тоа на доктор да идам. Дали може од тоа да ми опаѓа толку години косата? И друго, феритининот ми е 24.1 , она ми вика дека било нормално а јас знам дека нормално е од 50-150. Шо да праам? Да идам на дерматолог?
Mene mi bese Feritiin 6 i zatoa primav infuzija dega 2 meseci posle infuzijata malku pomalku mi opaga, drugata nedela imam termin kaj ginekolog se prasuvam sto da baram da mi ispitat koj hormoni, ako mozete posovetuvajte me
Незнам, мене сите ми се во ред, овие германциве ми викаат дека нормално било а јас со пола коса останав. Во пон ќе одам да барам нешто за покачување на феритинот во аптека. Мора сама да се лечам иначе ќелава ќе останам. Закажав и за кај дерматолог па ќе видам како ќе биде.
Moze da mi postiras slika od toa sto ke ti ponudat, jas pijam i tabletki Piorin polovina od kosata mi e opadnata, i jas sum mnogu ocajna inaku ziveam vo Svajcarija i ovde se site ispituvanja so molenje i kukanje.